Па знам дека за едната сигурно е љубов другата изгледа само ми се свиѓа, но мене како личност ретко ми се случува ова па затоа ми е невообичаена ситуација.
It happens. Може ќе ти помогне побрзо да ја разрешиш дилемата ако си размозгаш неколку прашања, пример: Кој ти значи повеќе? Вреди ли да го изгубиш едното за другото? Дали вистина ти се допаѓа или е само некоја твоја проекција? Која е лекцијата шо би можел да ја научиш од вторава личност? Ништо во животот не е случајно, само ние често сме во заблуда поведени од емоции и инстинкти.
Викаш не си трол, ама сама правиш да се сомневаме. Застани малку. Можеш да излезеш сама или со друштво/роднини. Не одма со друг тип кога го немаш преболено бившиот. Не е еден маж на планетава, има многу слободни. Не брзај. Прво да ти се средат мислите, а потоа ќе мислиш што понатаму.
Имам дечко со кој кратко време сме во врска, и ми остава впечаток како да не сака многу да го "замарам". Има денови кога комуницираме поголемиот дел од денот, и денови кога ќе размениме само 3 реченици цел ден. Еднаш е супер, еднаш е ладен. А имам приметено дека кога сум јас ладна тогаш тој повеќе се заинтересирува за мене т.е. покажува поголем интерес за комуницирање. Па не можам јас нонстоп да сум на дистанца од него за он да биде таков каков што сакам јас. Не сакам со него да разговарам на таа тема, оти не сакам комуницирањето да биде со сила. Или премногу барам или не знам. Може совет?
Мораш да разговараш со него и да најдете компромис. Може он е тип што не сака комуникација по цел ден, плус може е и зафатен со работа. Ако не пишува често не значи дека не те сака, или дека пишува со сила ама мора да најдете начин на комуникација кој би ви одговарал и на двајцата без да се преиспитуваш дали многу бараш.
@evinaevina8 Не бараш премногу, бараш конзистентност, што е минмум. Неговото е класично push & pull, што значи или е avoidant тип или не е толку инвестиран во врската - си гледа и други опции. По мене, he ain't the one. Бидејќи кога е, врската тече природно, нема игри и не се преспитуваш дали бараш многу
Одлика на квалитетна врска е да можете да зборувате за било која тема која ве засега. Ако не можеш да разговараш слободно... квалитетна ли е таа врска?!
Епа не е тогаш тип што комуницира на чет. Имав порано случај, многу кратки одговори или seen, а во живо уста не му престанува.
Ми боде очи "не можам јас нонстоп да сум на дистанца од него за он да биде таков каков што сакам јас". По елементарна логика, се спаруваат луѓе кои се слични, а не луѓе кои се сосема различни и кои очекуваат партнерот да се моделира за да биде поблиску до нивните очекувања или до нивниот карактер. Ако нешто во врската ти пречи, ќе вербализираш, ќе објасниш што би сакала ти, и исто така ќе го прашаш дечко ти што тој сака. Треба да ви се поклопат очекувањата и идеите за тоа како сакате да изгледа врската за двајцата, не само за тебе или само за него. Трудот кој ти го очекуваш и бараш од партнерот треба и ти да го вложиш. Апропо пишувања и зврцкања, ветојатно сте сите овде помлади, ама не е нормално нон стоп со некого да си "на врска" и во контакт. Нормализирано е можеби, ама не е нормално. И јас не сум човек што куцка пораки, зврцка секој час, а маж ми ич не е, кога е по терен не е воопшто достапен и по цел ден, и не сака да биде вознемируван додека работи. Разбирливо, ниту еден муабет (освен ептен итен) не е неопходен кога луѓе си тераат со обврските. Дефинитивно треба да се договорите како ќе ви изгледа комуникацијата и кој ќе биде нејзиниот квантитет, за квалитетот гледам никому не му ни текна, шо е битно, битно да се вртат муабети. Како и забележуваш дали е ладен и колку е ладен, може си му пишала во незгоден момент, може прави нешто друго, учи, работи, чисти по дома, може е со друштво, со фамилија, или едноставно го мрзи. Морате да разговарате, на толку пораки што му пишуваш, можеш и да му кажеш директно.