Значи малку одите во погрешен правец за комуникацијата и секогаш едно те исто. Нормално не може 24/7 да се допишуваат и нормално дека некој претпочита комуникација во живо наспроти допишување. АМА Има нешто што се вика конзистентност во однесувањето. А тоа значи дека и кога нема да си пишете, ќе сте сигурни на што сте и нема да го преиспитувате односот. А плус дечко кој ти остава впечаток дека го замараш? И тоа уште на почеток, мислам плиз Воедно не е важно што во живо зборува многу, туку што зборува. Ако е цело време јас, јас, јас, а не се интересира да ја запознае, Таа треба да е партнер во врската, а не публика
Сепак љубовта не е натпревар кој повеќе ќе даде, туку дали и двајцата даваат доволно еден за друг! Добро е што ти покажуваш, се трудиш, и правиш се.
Nebitno kako, toj sto saka ke najde nacin a ne izgovor. Ako nejkje dopisuvanje ke saka sto poprvo da ja vidi, ke ja prasa prvo nejze sto pravi vikendot, ke isplanira so vreme. Prioritizirame okolu rabotite sto ni znacat Mnogu lesno se prepoznava.
На Инстаграм цело време еден дечко ми пишуваше. Искрено, не бев нешто заинтересирана, меѓутоа, една порака, две, три... ајде, си викам, да не бидам лоша, да вратам. Ок делуваше, фин, убаво зборевме за најопшти работи, дечко на место. Ме праша еднаш дека сакал поубаво да се запознаеме. Не е од мојот град, па ми рече да се видиме на камера додека тој дојде. Ми рече: „Можам за две недели да дојдам“, ама тоа уште на почетокот зборевме (збориме два месеца скоро). Ајде, се видовме на камера. Откако завршивме, пак ми спомна за запознавање. Дали намерно или што, не ми е јасно, ми рече: „Ќе ми бидеш ли водич?“, се шалеше. И еве, после тоа ништо ми нема спомнато за да се запознаеме лично, а збориме. Не сакам јас да сум таа која ќе го праша: „Кога ќе дојдеш?“ или „Нели ќе дојдеш?“. Меѓутоа, вчера нешто се зазборевме и му реков: „Хехе, ајде, до крај на година има време или 2027 г.“, и ми врати на тоа: „Не толку доцна“. Сепак, ништо конкретно не зборува за запознавање. Зошто тогаш ми пишува ако не сака да ме запознае? Навистина веќе не ми е јасно ништо. Сабајле на WhatsApp беше онлајн, а на Инстаграм ништо не ми пиша. Јас му пишав: „Добро, нема потреба ниту да ми пишеш, уживај, нема проблем“, и одма ми врати како тогаш станал и додека се расонил. Не му одговорив ништо од сабајле на таа порака, не ни планирам да му пишувам за денес. Или да не се однесувам така?
Затоа што му се може - нему така му одговара, добива внимание без да вложува труд и ти ова му го овозможуваш. Имаш опција да бидеш директна или опција да престанеш да вложуваш толку енергија. Ако е заинтересиран, ќе вложи труд. Ако не е, сам ќе се испрати. Иако реално, живее во друг град, за 2 месеци да не се видите, I mean
Тој беше упорен на почеток и ајде кога се решив да дадам шанса ништо не спомнува а ок збориме ама сабајлево ми прекипа трпението.
Некој ако сака да те види и запознае ќе го направи тоа, ќе настојува и сака да се види со тебе, да те запознае, итн. Значи не сака, добро и убаво му е вака додека му обрнува некој внимание.
Можно е. Сигурна сум дека вечер ќе ми пише зашто сега ти мене ме игнорираш ,не знам што ќе биде паметно да вратам не сакам да го прашам да дојде глупаво ми е.
@Tih-ana Во превод бил упорен да дојде, сè додека не си рекла ајде? Баш блеф. Јас би ти рекла да не си го трошиш времето Но, ете ајде, вечер доколку ти пише, биди директна, немаш потреба од пасивно-агресивни реакции. Можеш да кажеш дека не си за муабети што остануваат само на тоа - на муабети. Ако стварно сака да се види, да биде конкретен, ако не, тоа е тоа
Не е дека е живчан тип за чатање, има денови кога поголем дел од денот се допишуваме и денови со разменети 3-5 реченици само. Некогаш е супер, а некогаш ладен. Пред некој ден го прашав што прави ми одговори накратко и ни ме праша он мене нешто, ништо, го немаше после цела вечер. Или си игра топло ладно или стварно не е заинтересиран.
Играње топло ладно е незаинтересираност. Не е или-или. Не трпи вакво однесување, колку толерираш, толку повеќе од глава ти се удира.
@evinaevina8 Личи на некој што сака внимание кога нему му одговара, отколку на некој што сака да гради врска. А реалноста е дека не можеш да изградиш нешто стабилно со некој кој е навидум заинтересиран само кога ти не си. И разбирам дека не сакаш да разговараш, ама цврст однос не може да се распадне од еден искрен разговор. Јас би рекла да не си го трошиш времето
Има и мажи што ќе се налутат ако пробаш да разговараш или па ќе го искористат тоа како повод за уште повеќе да се повлечат. Како и да е, никој никому не чита мисли и не постои друг(ако збориме за здрав и фер) начин да искажеш незадоволство освен да кажеш директно. Но сепак мислам дека ако сака да е поприсутен ќе се потруди повеќе и нема да бидеш во ситуација да се преиспитуваш...пак, мое мислење, под влијание на мои искуства, не мора да значи дека и тука е точно. Затоа, искомуницирајте кој каква онлајн комуникација преферира.
Зависи што значи СЀ за секој од нас. Пораки, чатови, дрндање инстаграми и фејсбуци и вибери, праќање срценца се за мене последно дупче на свирчето, во комуникација со целиот свет, не само со партнерот. Приказни за мали деца се муабетите дека човек има само еден приоритет во форма на еден човек и една врска (освен партнерот, постојат деца, родители, пријатели), а приоритетите немаат врска со почитта, со вниманието ич. Не очекувам партнерот да прави СЀ за мене, тоа ми е нарцисоидна тенденција, очекувам да планира со мене и да ми биде поддршка додека јас си ги правам работите сама. И најважното, постапките кои ги очекувам од партнерот, ги очекувам и од себе кон него, така да ќе си се најдеме секогаш на половина пат, нема потреба од апсолутни вредности. Ќе покажам и јас внимание и љубов така што ќе се јавам прва. Едноставно е.
Апсолутно дека е така, ама тука зборевме за членката која што премногу верувала и очекувала од партерот, премногу простувала, а ништо од него не добила, поради тоа мојот одговор беше кажан од женска гледна точка, секако не очекувам тој да прави се за мене, а јас да глумам недостижна и да не ме интересира ниту како му поминал денот, апсурдно. Поголемиот дел од приказниве во темава се од жени, кои што не се почитуваат доволно и премногу им дозволуваат на мажите, толерираат се, а не треба!
Во животот како и во љубовта најмногу не разочаруваат нашите очекувања. А искрено, добар дел од опишаниве ситуации на темава (и на форумов општо на тема врски и љубов) немаат никаква врска со врска
Не знам зошто секој пат одиме во таа некоја театрална крајност, кога контекстот е основна комуникација и конзситентност. Млади девојки треба да знаат да препознаат кога некој не е заинтересиран, наместо да го трошат времето анализрајќи го и давајќи му the benefit of the doubt. А не да мислат дека е нормално некој да си игра топло-ладно, 2 дена да не напишал ниту 1 збор во ера на телефони или не се виделе 1 месец, оти тој *одел на работа, имал свој живот, обврски, другари*. Значи, плиз
Млади луѓе треба да научат да комуницираат надвор од виртуелниот свет. Не ми пишал пет минути, ме остаил на "сеен", ладен бил, не ме сака. Тоа е исто така театрално и непотребно, впрочем нема потреба од никакви тајни знаци, читање меѓу редови и сценарија, доволно е да бидеш комфорен да правиш асален муабет (меѓу другото и за чувства и за евентуални заеднички планови) со личноста која ти се допаѓа и тоа е тоа. Ако некој не сака да се види со мене цел месец и не сака да разговара на таа тема, прво се преиспитувам каква е врската и како воопшто сум се нашла во неа, и прва прилика седнувам и разговарам и доаѓам до заклучок. Ја не гледам по прашањава некоја искрена желба за комуникација, пре би си ја гледале иднината на тарот и на кафе наместо да направат муабет со инволвираната особа. Не ми пиша прв, сигурно има друга. Најинтересен феномен е фактот дека толку многу девојки/жени се ослонуваат на иницијативата на нивните партнери/потенцијални партнери, еманципацијава не послужила нешто многу. Тоа што ми е потребно во врска, ќе си го побарам, ако не сакаш да ми го дадеш ти, ќе си го побарам на друго место.