Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    13.467
    @Abel Секогаш одговарате, а уствари разговарате за две различни ситуации. Тоа ми е поентата.

    Овде не станува збор за долги стабилни врски/брак и жонглирање обврски, деца и балансирање живот, туку почетна фаза - запознавање, па понатаму дејтање.

    И не станува збор за "не и пишал 5 минути", туку за неконзистентност - исчезнување со денови, избегнување средби, минимална иницијатива, едностран труд.

    Тоа не е стил на комуникација, туку најчесто знак на слаб интерес. Едниот се труди, другиот не.

    Поентата е младите да препознаат вакви шаблони на време, наместо да ги рационализираат со вашите муабети кои се скроз друга тема :*:
     
    На ecotte12, FlirtBerry, Amellie13 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    Дали ми персираш? Бидејќи не разбрав кои сме тоа "ние" наспроти "вие".
    Поентата е дека нема потреба да се препознаваат шаблони ниту да се анализира нечие однесување ниту да се идентификува, туку да се разговара отворено, баш поради тоа што не зборуваме за бракови и деца. Ако подвлечеш црта, недостаток на елементарна комуникација доведува понатаму во животот до она што го читаме на пример во темине за брак, развод, неверства и слично.
     
    На Annath му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Компир Манџа

    Компир Манџа Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    6.048
    Допаѓања:
    8.963
    Пол:
    Машки
    После машката млада популација ќе падне во депресија. :worried:

    Ќе станеме како во Украина. Гледаш таму што се случува, нема мажи, а девојки еден куп. Мада таму е поразлична ситуацијата, но и овде можат машките да киднат северно од севернава, па да си најдат девојка од соништата. :(
     
  4. Just_a_kid

    Just_a_kid Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2021
    Пораки:
    711
    Допаѓања:
    2.458
    Пол:
    Женски
    Кај и да отидете и на крајот на светот, ако останете вакви какви што сте (барем поголем дел од вашиот род) никој нема да ве сака. Воопшто не жалам идиоти да паднат во депресија..

    Едит:
    И не знам зошто очекувате да останеме по секоја цена со вас само за да не паднете во депресија.
    Дечкото си игра топло-ладно ама таа треба да остане?
    На кој си му битен ќе ти пише, ќе те побара.
     
    На Gosh, FlirtBerry, Amellie13 и 5 други им се допаѓа ова.
  5. FriendOfDorothy

    FriendOfDorothy Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2024
    Пораки:
    2.552
    Допаѓања:
    20.775
    Европејкиве се потепаа да завршат со наш Трајче Македонски Трајковски. Швеѓанки, Украинки, Британки баш паѓаат на заведувачките капацитети на македонските Дон Жуани.:drunk: Немојте да барате девојки од соништата надвор од СРМ, плс.
     
    На sparklie, Gosh, Adidas888 и 13 други им се допаѓа ова.
  6. StefCek

    StefCek Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2026
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Може некој за совет?
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Да се самоцитирам, на дечково му пишав чао ! Ми вратил не ми е јасно што е проблемот , затоа што не ти кажав точен датум кога да дојдам ? Може ли да ми кажеш дали сакаш да ме запознаеш и причините за истото или да ставиме крај на ова ...
    Што мислите за неговава порака ?
     
  8. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    4.120
    Пол:
    Машки
    Мислиме дека е време да дефинирате каков ви е односот, дали и колку сакате да се видите, бидејќи сте стигнале до точка каде што пишувањето станало монотонија.
     
    На Mumoftwo30 и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  9. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Сериозно чекал да му кажам јас да се видиме? Ова е нормално однесување?
     
  10. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    4.120
    Пол:
    Машки
    Не знам што чекал и дали чекал, не е нормално ако ветувал а не преземал ништо, да не крие нешо дека рече од друг град или едноставно може нема муда?:emo:
     
    На Mumoftwo30, franca и Tih-ana им се допаѓа ова.
  11. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    13.467
    @Tih-ana Вистината е дека стварно да бил all in, досега ќе го пиевте кафето.

    Но, ајде, ете ти шанса да расчистиш.

    Одговори му дека сакаш да се видите и да ти даде конкретен датум - конкретен план.

    Ако ти даде неконкретен одговор, кој само звучи убаво, а е уствари одолговлекување, тоа ти е доказот дека си ги трошиш времето :*:
     
    На Mumoftwo30, franca и FriendOfDorothy им се допаѓа ова.
  12. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Му пишав Чао само и го блокирав малце е понижувачко да го прашувам за кога ќе дојде мисли него ќе го чекам , само не ми е јасно што е таа упорност па кога треба нешто конкретно, се ќути ова ли се мажи?
    Уште да сум му ги кажала причините зашто сум сакала да го запознаам а мене тој ме напна со пораки. Понекогаш не верувам што ми се случува ,страшно.
     
    Последна измена: 28 април 2026
    На Gosh и franca им се допаѓа ова.
  13. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    733
    Пол:
    Женски
    Поракава ми звучи како покана за крај, само сака тебе да ти го натовари. Демек еве јас ти давам опции, а ти одбери. Глупости!
    Арно шо си го блокирала :d: Cheers :f:
     
    На Gosh, franca и Tih-ana им се допаѓа ова.
  14. franca

    franca Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2014
    Пораки:
    1.664
    Допаѓања:
    4.490
    Леле, па за овој кукавица е комплимент :rofl:
     
    На FlirtBerry, Mumoftwo30 и Irenaiki им се допаѓа ова.
  15. StefCek

    StefCek Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2026
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Ако нема автомобил и ако е од друг град, може да ти одолговлекува.Може се срами да ти каже...само нагаѓам.Од негова страна може да ти ја каже причината.Доколку сте доволно возрасни, односно доколку тој е доволно зрел.
    Ако не е зрел, убаво што си го блокирала.
     
  16. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    8.565
    Допаѓања:
    46.231
    Пол:
    Женски
    Во пракса, има многу непишано правила за дејтинг во 20ти години и од таму излегуваат сите овие дискусии, што на пример некој кој е во брак со години не може целосно да се идентификува со нив.
    Не дека не си во право, ама денешниот дискурс околу дејтингот е преоптоварен со разни очекувања и апсолутни ставови кои се земаат здраво за готово, особено ако си 20-25 години. Така да мислам дека треба да се земе и тоа предвид.
     
  17. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.800
    Допаѓања:
    63.173
    Пол:
    Женски
    Ех, камо да ги знаев порано работите што ги знам сега, ќе си заштедев многу време и нерви. Ама некогаш мора да се научи на потешкиот начин. Берете ум со време. :D
    Ве молам значи не се задоволувајте со неконзистентност. Тоа "ами не е тип што сака да пишува/зафатен е многу/преферира во живо да зборува" ми е најголемата глупост што изгледа како нормално нешто евр. Луѓе, ко ќе сте во почетна фаза на запознавање/дејтинг ќе се труди ако е заинтересиран, без разлика каква комуникација преферира. Освен ако не ви е комшија, тогаш не гледам како ќе одржувате нормална комуникација поинаку во таа фаза. Ако тој е во друг град или држава јас као треба да се задоволам со комуникација еднаш неделно можда, бидејќи не можиме секој ден да се гледаме во живо? Плис. И воопшто не мислам дека треба 24/7 допишување, јас додека работам и 2-3 саати најмалку се дешава да не го ни чепнам телефонот, ама тоа треба да е искомуницирано и да се знае.
    Луѓето порано писма по гулаби од војни пуштале за нивните сакани, сега кога сите сме на телефони постојано да верувам дека некому е тешко да искуца неколку реченици дневно, иако е толку зафатен.
    Ужас е каков е станат дејтинг светот, јас стварно почнувам да губам надеж дека ќе се најди некој асален бидејќи ни под разно не прифаќам помалку од нормален третман без стресови.
     
    На Panda00, ecotte12, Gosh и 14 други им се допаѓа ова.
  18. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    @Angie1432 Ај да земеме и предвид дека пред брак, се случува и дејтинг и запознавање, така да без разлика на годините или времето, процесот на бидување во врска е за сите ист или сличен. Се запознаваш, комуницираш, си живееш со некого и потоа планираш живот. Очекувањата и апсолутните ставови само носат фрустрација, а и неретко погрешно избори, односно избори направени од погрешни причини. Ама сите се на темава полнолетни, така да секој ќе одлучи за себе нормално, не се сите луѓе исти ниту се сите околности исти.

    @Amellie13 Комуникацијата треба да биде прашање на договор. Во моментот кога јас сакам партнерот да се однесува и да комуницира како сакам јас, тогаш тоа е проблем и во тој случај, јас сум таа која е неконзистентна и го троши туѓото време, а и сопственото. Во една врска не можеш да учитуваш единствено твои принципи, желби и планови, врската е договор. Ако не успеете да се договорите, тогаш најубаво да се разидете, не да се самоуверувате дека сте апсолутно во право и дека со другиот нешто не е во ред. Една работа е да не прифаќаш некој да те игнорира, сосема друго е да очекуваш другата страна само да мисли на тоа како да ги задоволи твоите потреби за допишување. Има многу голема разлика меѓу двете ситуации.


    пс. Писмата порано патуваа барем 3-4 дена, телефони имаше само фиксни и кошташе еден бубрег муабетот, плус требаше да начекаш време кога на истиот тој телефон не збори двојникот. Пола од вас нервно би оболеле да треба сега на тој начин да комуницираат. Затоа муабетите беа помалку празни.
     
    На AAKG и Annath им се допаѓа ова.
  19. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    18.942
    Пол:
    Женски
    Апсолутно и да не се нафаќаш на ништо помалце од тоа. Никогаш!
    8 часа да е на работа, остатокот од денот може и да пише и да се јави, нашите родители се над 35 години во брак, па и ден денес на пауза од половина час, се јавуваат да прашаат како се. А не некој што го знаеш едвај 3 месеци.
    Приоритети се тоа, и секој има 2 минути во денот за да врати на порака, да не се лажеме, еве ако нема на работа, ќе има дома. Тоа не значи 24 часа да се допишуваш, ама константно да не го цениш времето што некој ти го посветил и покрај сите обврски што ги има, е непочитување, и ништо друго!

    Друга работа што многу ја прават, ги снемува во сред комуникација, по 2-3 часа, ок и да те снемало, пиши дека имаш работа и ќе се слушнете подоцна (одзема точно 10 секунди од вашето скапоцено време) |(

    Мислам дека премногу толерираме и мислиме дека некој ќе се промени, или си му важен на некого и си му приоритет, или не си му! Нема средина тука, нема играње игри, нема топло-ладно комуникација.

    Па сега живееме во друго време, со други приоритети, друг начин на комуникација, кој сакале или не треба да го прифатиме, не можеме да сме застанати во времето на писма преку гулаб, а поентата дека нема да се има трпение за ваква комуникација ти е супер споредена, само што овие генерации немаат ниту еден ден од нивниот живот поминато без телефон и интернет. И џабе ќе пробуваме да го наметнеме тука и во ова време сега.

    И на крај на денот, да не се лажеме и правиме некого будала, дека сме немале време да одвоиме да вратиме на порака, да глумиме лудило, или да кренеме телефон да прашаме некого како е, зошто сите имаме време за нештата што ги сакаме!
     
    На Gosh, Mr.Limonko, Panda00 и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    13.467
    Едноставно кажано,

    Не споредувајте веќе воспоставена комуникација меѓу дефиниран стабилен пар/брачен пар VS комуникација меѓу пар кој допрва треба да се дефинира како таков.

    Нормално е кога веќе сте стабилни, официјални, долго одите или сте во брак, веќе да си имате некој ред, рутина и кој како сака да комуницира.

    Нормално е кога се запознавате и сте на почеток, да учите на кој каков му е љубовниот јазик, малку поинтензивно да комуницирате и активно да сакате да се меѓусебно запознаете.

    Тоа е природниот тек кога и двајцата сте заинтересирани. И двајцата активно да воспоставите некој заеднички ред. Не еден само да се труди.

    Заинтересиран човек сака да се вклучи во вашиот живот и да ве вклучи во неговиот.

    Не може, сме немале време за порака од 3 секунди, ама имаме време за реферати на Фемина :D

    Ако комуникацијата со партнерот ви е nagging problem и само уште една обврска, значи тука застанете и прекинете :*:
     
    На ecotte12, Gosh, Cosmic Girl и 4 други им се допаѓа ова.