Имав и тоа на многу мала далечина, речиси 30км не делеа и да бидам искрена, пошто ние дотогаш бевме нон стоп заедно-кога тој мораше да замине рековме дека се ќе бидде во ред, дека се ќе правиме со план, со цел да си ја зачуваме врската! Ама...ништо од тоа! Дечкото замина таму, такво друштвото, се опушти и тој со нив, рачунај дотогаш нон стоп сме биле заедно и наеднаш како од затвор пуштен не се прибра дома...сите кафани и кафичи ги пројде. Криеше од мене дека имало и женски со нив, па се тоа јас мораше сама да го разберам. Како и да е, ние раскинавме-пак се смиривме и мораше уште еден месец да поминеме така на далечина (од ко се смиривме). Е тогаш беше подруго! Знаеше и внимание да ми обрне, да биде нежен, се ми кажуваше, немаше тајни и врската опстоја! Значи,. се на се, зависи од типот и од тебе! Дали ќе опстои вашата врска, зависи од вас! Пред се, мора да постои доверба (во мојов случај, јас немав доверба) и искреност (кај дечко ми не постоеше искреност) и дојдовме до пропаст на врската! Ние продолживме и сега е супер, ама сепак има последици-јас се плашам да не се повтори се, а тој се плаши да не почнам да му враќам, пошто нели, многу грешеше! Среќно...
љубовта Не си единствена,сите сме имале по некоја несрекна љубов која за жал морала да заврши.И јас сум моментално во ваква депресија но се трудам да се борам против тоа.Тешко ми иде но на крај знам дека ке успеам. Сигурно некогаш ке бидеш срекна и во тоа поле
Не ти удрил лајк4е на новата слика а удрил на друга џемцка? На 17 години не очекувај незнам каква љубов, сето тоа е занес. Млади, улави години кога се` допрва се спознава ама ни од далеку не е нешто ептен вистинско и нешто што треба да те разочарува до тој степен за да се регистрираш на форум за да се жалиш од љубов. Уживај бре. Мене на 17 задникот не ме болеше за ништо а најмалку пак за машки на кои допрва им беше никнувал првиот пубертетски брк.
Фала на советите, ама сеа баш не познавам ниту едно “нормално“ дете (по Вас). Јас знам дека не сум доволно дозреана за вакви теми и прашања, но сепак мене детството не ми е сосем уништено. Бев дете до кога сакав да бидам дете. Си играв со барбики и кукли, гледав цртани и одеднаш сите околу мене се променија па морав и ја. Ја не пораснав набрзина по своја желба- средината ме натера! Кога сите машки и женски у твоја близина се перверзни (не до толку, ама ајде..) и зборуваат за дечковци, секс итн мораш да се запознаеш со тие поими и ти за да не те сметаат за глуп, чуден или “аут“. Знам дека прашањето што го постави беше крајно глупо! И тоа не беше баш дечко! Туку симпатија, па он ми кажа дека ме сака, па relationship на фејс... (да не ве замарам со глуопсти) Фала на советите уште еднаш и се извинувам ако предизвикав негативни реакции со прашањето.
Значи вака прашувам во име на другарка не сакаше да се регистрира па ај ја место неа Девојчево има дечко веќе некое време арно ама многу и се свиѓа познаник на нејзиниот дечко и тој и испраќа сигнали ама до сега никој нема ништо превземено.Е сега она се двоуми многу незнае што да прави ем не сака да прекине со дечкото ем сака да направи нешто со другиот типац. Јас не знам што да и одговорам малце ми е комплицирано.......дајте вие некој совет
Ако сака да го изгуби дечко и заради некој си друг тогаш слободно нека му даде некои сигнале на тај новиот.
Колку години има другарка ти ? Би требало да знае самата доколку го сака дечкото зошто би ја ризикувала својата врска само за некој што можеби и фрлил окце м?? Ако не го сака тогаш нека му раскине и нека прави што ќе прави со ‘‘типацот‘‘.
Се наоѓам во слична ситуација како другаркати, разликата е во тоа што јас направив нешто со другото дете...е сега во еден момент си мислам "па што еден е животот", во друг момент се прашувам како ќе ми е мене ако некој така ми направи...во секој случај НЕ КАЈЕМ СЕ НИ ЗА ШТА...за се што ке направам јас ке одговарам, а ако во тој момент сум била среќна тогаш зошто да не, нели самите цело време тежнееме да бидеме среќни...Епа сега јебеш га нека го прочита ова другарка ти и нека направи како срцето и кажува
22 има она вика дека го сака и дека се и е убаво и дрн дрн дрн и ја тука се замислив незнаев сто да и одговорам ме збуни ем го сака ем свиѓа друг
ем го сака ем му се свиѓа друг е не штима нешто во то сакањето кај неа или не сака доволно или незнае воопшто дали сака,нека пази таја збунетост може да ја доведе во ситуација да го изгуби дечкото па заради некој што му се свиѓа да изгуби нешто вредно работава е чист ризик...
За да и се оствари желбичката да направи нешто со другиот типац, без да го прекине/загуби сегашниов, треба да го спроведе актот на неверство.. Но ништо ново не кажав со ова, нели.. Штом и се активирала до толку желбата по овој другиот, ништо посебно не ја држи до моменталниот типац, нема чувства, во најдобар случај си има некоја илузија, но не сака да го изгуби за да не остане сама.. Бидејќи во денешно време, не дај Боже да останеш сам... Нека му раскине прво на бојфрендот, нека си исфура со другиот страдалник и потрагата по нова љубов може да почне, бидејќи ова што ги има во моментов оди накај ... шега. @ ViktorijaMari - одличен начин на размислување еден е животот, па ако треба и лешеви нека паѓаат околу мене...
Љубоморен е и тврдоглав!! Значи вака... вчера бев излезена на кафе со другарките. Не забележав дека две маси после нашата седи ТОЈ! Кога го видов почнав да треперам цела, ДА ПИСКАМ И ДА ПЕЛТЕЧАМ и не знаев што зборувам. По некое време дојде колега од факултет на масата и седна до мене. И она ме гушкаше, се шегуваше, сосема невино и другарски без 'задни' намери. Господинот (ТОЈ) позелене, едноставно не знам како да опишам... потемна од љубомора! Повеќе ме пиеше мене со поглед отколку што го пиеше пијалокот. И сега СУМ СИГУРНА дека е ЗАИНТЕРЕСИРАН за мене, ама... не знае како да се понаша и не ми приоѓа и не ми зборува. Сето тоа мене ме вади од такт и ми доаѓа пред сите да врескам колку многу ми треба и го сакам. Ме боли тоа што тој не презема ништо во врска со мене. Девојки... имате ли КАКВА БИЛО ПОМОШ за мене? Поздрав!
Има помош и доаѓа во 2 форми. Првата форма е ТИ ПРИОЃАШ, но се сомневам дека би имала гз да го направиш тоа, штом се тресеш ако го забележиш и на 5 маси од тебе...свашта... Втората форма е ТОЈ ПРИОЃА, кога од зелена ќе ги помине и сите други бои и нијанси во спектрумот и реши дека би сакал да те направи дел од неговиот живот, наместо да гледа како некојси таму те гушка, бакнува, макар пријателски макар братскосестрински... И немој ни за секунда да ти прелета во тоа главчето замаглено дека е голтање на гордост и прифаќање на срам и понижување ако девојка пријде прва. Ако дечкото има трошка карактер, нема да те смета за некоја чукната, лесна и ќе ја превземе играта од таму. Кај вас само треба да се скрши мразот, за другото доволно сте загреани.
хааахахаахх одлично го кажа. е сеа мене ми останува да почекам маалку да ми пријде, ако не го направи тоа тогаш јас треба да правам се сама (како и досега). фала
Се согласувам со Елементал. Ако немаш доволно храброст да му пријдеш во 4 очи, направи го тоа преку фејсбук или преку СМС (ако го имаш бројчето негово) Спојлер И јас пред околу 1 година бев во ситуација како твојава. Се свиѓав со еден дечко и ни тој а ни јас не презедовме ништо за да се запознаеме подобро и со тек на време прекинаа и погледите и се. Поздрав со среќа
бараш совет? ако деЧково навистина ти знаЧи, и како што викаш и тој е заинтересен тогаш напарагај прииди му прва или пак пиши му, ти бираш
Во последно време секоја недела се лутиме и не си збориме по 3/4 дена и веке преку глава ми дојде. И тоа за ништо. Ете од вторникот сме лутни и не си збориме затоа што ми рече уз муабет дека сум била малку дебела и дека требало да ослабнам 2/3 кила. и стварно ме изнервира затоа што на другарките на сите им вели дека се супер ова она а мене така ми рече иако сум 51кило и висока163 па мислам кустур ли да станам бре и така си седевме и јас се подналутив некев да зборам многу само со да и не му одговарав...(а тој не ни сфати зошто сум таква) па и тој инат и некеше да зборува и јас си отидов. и од тогаш ете вака..во школо не се ни погледнуваме не си пишаме не ми се јавува. и многу ме нервира зошто е толакв инат ама и јас не попуштам прва и точка. И со овие „паузи“ или како и да ги наречам, шо не си зборуваме и не комуницираме по 3/4 дена преку глава ми дојде веке аман!! Спојлер Инаку да кажам тој е 17 а јас 16 и сме во врска веке 2ипол години и ми е срам шо го пишам ова оти знам дека мн детски, и за време таквите денови се понашаме ко провооделенци.
22 еееееј епа го сака дечкото, нека си го чува после ќе се кае и ќе плаче и ќе се прашува кој е крив што го изварала Јас не би ризикувала.. ако ми е убаво со тој што го сакам тогаш зошто би правела нешто со некој безначаен тип што ми се засвиѓал пффф