Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    За жал би рекла, инста кафе, инста ручек и инста брак.

    Ова не, не можам да очекувам некој да прифати нешто што јас мислам дека треба да го прифати, затоа што мора и затоа што треба. Едноставно, не си одговараме, и ќе си бараме соодветни партнери.

    Никој никому ништо не може да наметнува, тоа е јасно. Коментарот "дечко ми мора да комуницира како што сакам јас" ми личи на наметнување.

    Јас не реков никаде такво нешто.

    Моите се 44 години во брак, не се јавуваат. Јас имам четири деца, не им се јавувам секој ден, апсолутно не. Имам партнер на кој не му се јавувам секој ден. Имам бивш партнер со кој имав бизнис, имам деца и него пак не му се јавувам секој ден, ретко се случувало тоа. Ниту сум неконзистентна, ниту незаинтересирана, и си ги сакам сите луѓе во мојот живот. Куцкање пораки секој час едноставно не е начин на кој го искажувам тоа.

    Гулабите и писмата ги споменав во контекстот во кој беа веќе споменати, и како доказ дека и со таква комуникација која не е е секојдневна, луѓето граделе нормални односи, дејтале, се сакале, си обрнувале внимание, се запознавале и си живееле сосема исполнет живот.
     
  2. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    18.940
    Пол:
    Женски
    @Abel јас пример да не се јавам на мајка ми не можам ниту еден ден, на децата утре кога ќе пораснат да не им се јавам да прашам како им поминал денот, како се!? Тоа нема никогаш се случи! Ама тие врски се сосема различни од врската со парнерот, ако имам изградено долга врска или брак, нема да се слушам на пола саат со него тоа сигурно, тука се работи за начин на комуникација и запознавање. Не реков дека 24 часа треба да куцка со мене, зошто и јас имам обврски, деца, работа, и секако дека немам време 100% да се "посветам"
    Сакам да кажам само дека, ако некого сакаш да го слушнеш, ако ти е грижа за некого, ако се замараш како му поминал денот, ќе кренеш телефон и ќе го направиш тоа, за мене е тоа внимание, посветено време, грижа..
     
    На Panda00 и Mr.Limonko им се допаѓа ова.
  3. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    Ниту јас реков некаде дека со човек со кој сакаш да биде во врска треба да се гледаш и слушаш еднаш секоја престапна година, ама така си го учитавте муабетот. Ја цитирав членката со реленицата која мене ми падна во очи и дека комуникацијата и темпото на гледање и слушање е прашање на договор, ако нема договор и нема ниту разговор на таа тема, тогаш и нема поента да се инсистира на врска со некој кој не ни одговара.
    Ти си ти, јас сум јас. И да повторам бидејќи можеби не бев јасна, ти не си погрижлива од мене, едносставно динамиката на комуникација во мојот нуклеус е поинаква. И не сум единствената, не се обидувај да го преставуваш тоа како нешто што не е нормално. Сосема е нормално и здраво, прекината е папочната врвка.
     
  4. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.478
    Допаѓања:
    18.940
    Пол:
    Женски
    Ама да, убаво кажа дека сите ние сме различни, јас тоа така не го можам и не го сакам, ниту со деца, ниту со партнер, тоа што тебе ти е нормално мене не ми е, и обратно.
    Јас никаде не те наведов тебе како не грижлива, или помалку грижлива, само јас така не можам, и не постои ден да не се јавам (пишам) и прашам како се личностите што ги сакам, за мене е тоа еден вид на грижа и внимание, да знам дали се добро, може во болница завршиле, се може да се случи за 24 часа, тоа што сум јас претерано грижлива, е друга тема на муабет, која за овде е офтопик.
     
    На ilenaki и Panda00 им се допаѓа ова.
  5. Lucky22

    Lucky22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2020
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    Пол:
    Женски
    Пишав прва на еден дечко, ми врати, излеговме еднаш и се беше супер. Ми се допадна, ми остави впечаток дека и јас му се допаднав, но проблем е дека живеам во странство па имаше прилика да се видиме само еднаш додека бев дома. Скоро веќе цел месец од тогаш и никаков контакт, сакав да му пишам пак ама не знам баш дали треба. Знам дека не сум таму и е тешко за комуникација се тоа, ама разговаравме дека ќе се видиме пак кога ќе си одам за некој месец па мислев дека е стварно заинтересиран. Мислење?
     
  6. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    13.465
    @Lucky22 Далечината може да биде моментална физичка пречка, но не и изговор 1 месец да не ти пише.

    Едноставно не е заинтересиран, барем не за ништо сериозно за да вложи труд :*:
     
    На Mumoftwo30, Mr.Limonko, tsanemsit и 2 други им се допаѓа ова.
  7. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.506
    Допаѓања:
    138.346
    Пол:
    Женски
    Па и Амели мисли на договор со ова „тоа треба да биде искомуницирано и да се знае“. Секако дека не може една страна да наметнува, двете треба да седнат и да одредат. Но, она што нè лути повеќето е тоа дека некои се прават дека немаат време ни за да го направат тој договор. Сите имаме по некоја обврска, но не е дека буквално 24/7 сме зафатени. Кој сака ќе најде 2 до 5 минути за да пише неколку збора.
    Не сме деца, па да мислиме дека секој изговор ќе ни пројде.
     
  8. Abel

    Abel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 мај 2020
    Пораки:
    3.919
    Допаѓања:
    9.876
    Пол:
    Женски
    Јас искрено потенцирав (дури и цитирав) што ми бодеше мене око во иницијалниот коментар, потоа се донесоа некои погрешни заклучоци, но никаде не пишав некој да те игнорира, а ти да го сакаш (не ти лично, туку општо).
     
  9. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.338
    Допаѓања:
    10.717
    Пол:
    Машки
    Не е заентересиран за тебе.
    Постојат две причини кој го натерале на тоа. Едната е страв од приврзување во врска на големa далечина (различни држави) и втората е од кога сте се виделе, му се немаш допаднато.

    Бидејќи го нема цел месец, време е да не се надеваш беспотребно. А фер било да ти каже после дејтот како што е а не да го снема ко дух.
     
    На Mumoftwo30, Mr.Limonko и Lucky22 им се допаѓа ова.
  10. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Има ли некој за инбокс слободен, повеќе машко мислење ми треба околу една ситуација?
     
  11. Darko90

    Darko90 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2013
    Пораки:
    415
    Допаѓања:
    4.120
    Пол:
    Машки
    Напиши тука слободно ќе помогнеме и машки и женски.
     
    На Polyincognito му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Maja12.

    Maja12. Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    Испаднав дебил му напишав смс синоќа. Колку ме повредил, што све му опростив, како се понашал у Х ситуации. Огромен текст емотивен. Добив само read at… Со каква особа сум била 4 год? Можно е ова што ми се случува? Нез кај терам…..Лебдам, срцето мин прескокнува, у спиење станувам по 4-5 пати.
     
  13. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    733
    Пол:
    Женски
    Се изневери себе си, тоа најмногу боли.
    Ќе бидеш добра, стисни заби, викај ,плачи, пцувај се сама себе, прости си.
    Си била со човек кој не те цени. Почни да се цениш за да ги намалиш шансите дека ова пак ќе ти се случи.
    Не вреди за него толкава реакција. Физичката реакција која ја имаш сега е последица на тоа шо одбиваш да се соочиш со реалноста и сеуште се надеваш на него. Престани да чекаш тој да те сака. (waiting)
     
    На Maja12. му/ѝ се допаѓа ова.
  14. StefCek

    StefCek Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2026
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    65
    Пол:
    Машки
    Битно не си испаднала кукавица и си пишала што ти лежело.

    Луѓето веќе се непредвидливи, од партнери, па до пријатели.Штета што си го покажал правото лице по толку долго време и те повредил.

    Машко сум и јас, јас имам правено глупи работи.И жал ми е што постапил со само едно читање.
     
    На mece23 и Maja12. им се допаѓа ова.
  15. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    убаво те предупредија да не му пишуваш.Што сакаше да постигниш?Да ти даде признание за се што си направила,да те сожалува?да се смирите?Не ти е сега тој крив што ти си затворала очи 4 години.Простувате и прифаќате се,ама после си ги потрошив годините.И сега еден месец плачиш по него и уште да се разболиш ти фали.Дај собери се малку.Сите здрави,живи тоа е најважно
     
    На CoverGirl10, hermosa, theowndemon и 6 други им се допаѓа ова.
  16. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Зошто си го правиш тоа себе?
     
    На CoverGirl10, christinnn, Maja12. и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Maja12.

    Maja12. Активен член

    Се зачлени на:
    22 април 2026
    Пораки:
    26
    Допаѓања:
    8
    нејкам ни јас пробувам да не мислам ама потсвеста е посилна. А и што пак толку погрешив за вака да се повлече? Тоа па повеќе ме копка и боли. Што у неверство ли ме фати па не може да го преболи тоа? Преку ден сум добра али навечер и го сонувам и све. Башка си викам 28 години допрва да најдам, да го запознаам ако искочи ваков или па не дај Боже бетер? |(
     
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.506
    Допаѓања:
    138.346
    Пол:
    Женски
    Најди си занимација (боење, курс, шетање) за да не го мислиш.
    Тури му пепел и продужи даље. :D
     
  19. mom to be

    mom to be Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2023
    Пораки:
    1.325
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    А зошто се обвинуваш?А што треба да преболи тој.Зошто едноставно не сфатиш дека не сака ништо со тебе од xy причини.Еден месец е сосема доволен период за да ти биде јасно.28 години не се ништо.А што ако запознаеш подобар?Ова нека ти биде лекција да не остануваш на места каде што не ти е добро.Имаш време за се,само не губи го повеќе
     
    На ilenaki, Малечка Малинка, Fraxinus и 4 други им се допаѓа ова.
  20. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.215
    Допаѓања:
    42.311
    Пол:
    Женски
    Не сакам да го минимизирам твојот проблем и чувства, верувам дека ти е тешко но побарај си занимација што ќе ти ги насочи мислите кон нешто подобро.
    Не се измачувај, и не си стара, ќе најдеш друг и подобар, цени се себе.
     
    На ilenaki, Amellie13, Малечка Малинка и 4 други им се допаѓа ова.