За се треба време. Не е грешка што си му пишала,ама друг пат пред да направиш такво нешто,земи два пати длабоко воздух. Типот дефинитивно се изладил скроз,поминал 4 години со тебе и ги фрла во канта ладен ко туш,па ти уште и му се жалиш. Знам дека е болно чувството кога ќе мора да ги промениш навиките,и веќе помалку да стануваш истата таа од порано,ама еден ден ќе заборавиш. Еден ден помалку ќе мислиш Помалку ќе боли Помалку ќе се замараш,и еден ден тоа ќе ти стане навика. Млада си....никој не знае кај му е среќата. Тебе дефинитивно среќа со ваков клапчо не те прати..... и запамти,тој губи,не ти
@Maja12. Непопуларно, ама враќај му се и моли го онолку пати колку што е потребно да ти се згади. Бидејќи очигледно го немаш ниту блокирано како што рече и сè уште ти е на пиедестал, додека тој си има и друга девојка.
Зборот ми беше шо стана за 1 месец да го снема, дали ме фати он у неверство па не може ,,неверството” да го преболи. Што погрешно сторив?
Изладил очигледно да, од моите реакции на постапките негови. Тек ја па како не изладив си викам? На се сторено? Ама мана ми е зашо само убавите моменти ги памтам и де присеќам?
Аууу брате, повеќе од очигледно е дека и додека сте биле во врска не те сакал. Да те сакал немало да ги прави тие работи што ги правел. Долго време се колебал дали да раскине и еднаш, (овој пат) ,,прекршил” и завршил. Не си се обвинувај себе, не се преиспитувај, ова нема никаква врска со тебе затоа што не е до тебе, до него е. Едноставно не сака ништо со тебе повеќе. А кога некој не те сака, не 4 години, 44 е спремен да ги фрли, затоа што од негова перспектива ова му делува како ослободување, а не фрлање 4 години ,,во вода”. Продолжи си со животот, најди си друга занимација, ќе го најдеш, верувам, и тој што вистина те заслужува и сака. И не си се понижувај вака, не му давај повод за да се смее со другарите и да превртува очи како не може да се откачи од бившата.
Aко може некој да ми објасни, како е можно ако некого не го сакаш да бидеш толку нај нај у живо, посветен, грижлив, мил. насмеан. Чиниш светот ќе ти го подари. Насмеан кроток делува, душичка. Ќе речеш презаљубен маж. Нишо др нема да ти текне. А уз све еве и ова. Ве молам некој сериозно ова да ми го објасни, ми треба помош очигледно не можам да ја распознаам реалноста. И мислам како се понашал кон мене и се јадосувам.
Ако се навратиш на твоите мислења поназад, ќе видиш дека не бил баш нај нај. Нај нај не лајкнува голи цицки, не додава рандом девојки, не им лајкнува стори, не им пишува. Нај нај не раскинува и не се смирува по сто пати. Нај нај ти е сега во твојата глава затоа што ти го сакаш сѐ уште и сакаш да ти се врати, ама објективно кога човек ќе те прочита гледа дека далеку сте од нај нај. Red flags everywhere.
@Maja12. Ајде еве наброј како тоа бил нај-нај. Навистина, genuinely curious, сакам да прочитам по што си го сметала дека е толку вљубен. Што правел?
Нема проблем. Реалноста е што немаш допир со реалноста. Очигледно не те сакал. Ти само си мислела дека те сакал. Наместо да го мислиш и да се јадосуваш, попродуктивно ќе е да размислиш зошто си паднала на такви манипулации. Фокусирај се на себе за да немаш ваква ситуација пак во иднина. Проширено објаснето: Си му била занимација. Нормално дека мора да се однесува генерално добро со тебе на почеток, иначе зошто би била и останала со него толку време. И тоа е се дел од манипулацијата. Не дека ни свесно го прави тоа и он, ама очигледно никогаш не гледал иднина со тебе. Да било поинаку сега ќе планираше свадба место да ја планираш следната порака што ќе му ја пишеш. За преболување, лесно се преболува некој кога ќе си ја синхронизираш твојата перцепција со реалноста. Кога ќе ти стане јасно каков некој бил, не гледам како ќе можеш да продолжиш да го сакаш. Исто не сфаќам зошто сакаш да се вратиш на некој кој пак...не те сака. Која е поентата? Што сакаш од него? Озбилно, во идеална ситуација што замислуваш да се случи? Тебе сега ти е повредено егото и затоа не сакаш да си признаеш дека не те сакал и затоа сакаш да му направиш да се чувствува виновно, да има грижа на совест. Проблемот е што за да се чувствува тој така требало претходно да те сака. И не можам повеќе да нагласам колку тој предуслов не бил исполнет. Се надевам ова помогна.
@Maja12. Ако тоа што при средбите во живо бил расположен, насмеан, нежен, те гушкал итн. ти било знак дека те сака, наспроти сета непочит во врската, тоа е минимум. Па и луѓе во врски без обврски и слично, се однесуваат вака на средби, тоа не значи дека се во љубов. Типот никогаш не те сакал, човек што те сака нема да прави онлајн неверства, па да ти вика како претеруваш и си луда, нема да го чекаш до последен момент дали ќе те викне да се видите, нема да има сто пати раскини, смири се. Човек што те сака ќе те почитува, ќе нема да сака да те изгуби, ќе се труди, ќе биде конзистентен во секој аспект. Типов те гледал како резерва и некоја што може да ја манипулира. Спомна дека мајка ти се поболела од вашите проблеми и врска, а тој на неа и зборел за брак и како е сериозен, манипулирал и со неа. Сега најверојатно почнал врска со некоја друга па така го снемало, ако не му успее може и да те бара пак по некое време, ама не од љубов или каење како што ти се надеваш. Сега си повредена, ама ќе сфатиш дека типот ти направил услуга со ова, си можела да заглавиш уште години па и во брак со човек што не те сака искрено и не те почитува. Најстрашно е да се задоволуваш со минимум, да патиш, да останеш со некој што те повредува, наместо да те први среќна, или да останеш од страв да не бидеш сама. Сега треба да се фокусираш на работа на себе, да го заборавиш бившиот, да научиш лекции како не треба да замижуваш на red flags и во иднина. А добар партнер ќе ти дојде кога најмалку се надеваш, па и да биде човек сам не е страшно, многу подобро, отколку во токсична врска или брак.
@Maja12. Сега ќе ти кажам нешто. Пред 8 години бев во кратка врска со човек кој многу го сакав. Кога мислам на тоа многу значи дека секој ризик што го правев беше за него, за да биде среќен. Испадна дека не беше доволно тоа па господинот последниот период беше незадоволен и нема да опишувам што се ми правеше за да се издигне тој себе. Лонг стори шорт - Толку беше ужасно што ми наби анксиозност со која и ден денес се борам. Се затворив себе, се мразев себе и ги анализирав сите грешки и барав каде погрешив. Јас него го заборавив, чувствата одамна ги нема, и неодамна видов слика од него оженет, сплет на околности, нема да објаснувам. Ме удри шок, затоа што не очекував да ја видам таа фаца која едвај ја заборавив. Имав мал напад на анксиозност затоа што ми се вратија сите спомени назад. Па ќе се сетам веднаш дека покрај себе сега го имам најдобриот партнер, што ме исполнува, што ме сака и цени, што прави се за да бидам насмеана и поради тоа го сакам најмногу. Те молам, не ги прави моите грешки да страдаш поради човек кој не те третира како што заслужуваш, не вреди никој да си го уништуваш животот. Не се понижувај себе и не му го прави тоа задоволство за да се уништуваш пишувајќи му реферати. Кога ќе се сетам за каков мочко плачев и се уништував ми доаѓа да си мавам по еден бокс за секоја секунда што плачев за него. Немој, значи не се уништувај. Животот е прекрасен за да си го правиш тоа себе.
Ако, си пишала, си пишала не се нервирај сега. Си му кажала искрено што те повредило. Убаво имаше напишано некој погоре барем не си кукавица и си била искрена. Немој повеќе, смирисе. Ќе завршат и соновите за него и желбата и љубовта, се ќе помине. Ејј имаш 28 години девојко! Во најубавите години си, уживај, шетај, дотерувај се. Не брзај да најдеш некого, најубавите работи се случуваат кога најмалку очекуваш и кога не ги бркаш. Само посвети се на себе, биди најдобра верзија од себе и уживај. Се ќе помине, верувај ми
Реалноста е дека човекот нејзе не и е згаден. Кога ќе и се згади + кога самата ќе се измори of her own sh**, тогаш може да започне процесот на оздравување. Дотогаш сè друго е џабе. Секој втор одговор и е: - Тој бил нај нај (Уште го става на пиедестал, мисли дека тој бил the prize) - Што таа погрешила толку (Ни 1% не се осврнува на неговите постапки и мисли дека тука лежи зајакот - ако промени нешто кај себе, тој ќе и се врати) -Ја копка дали тој има друга (Ова in denial бидејќи сака да слушне дека нема друга) Нормална реакција на некој кој бил trauma bonded во токсична врска каде тој ја имал контролата и и бил центар на животот, а таа се запуштила. За нашите совети да ги примени е рано. Оваа лекција ќе мора сама да си ја научи на потешкиот начин, да научи да се сака себеси
Дури и да бил душичка, најнај, насмеан, кроток, сето тоа не значи дека те сакал, си му требала во тој момент од животот, за да има занимација, да не биде сам, да не му биде здодевно, да има со кого да спие без многу да се мачи, милион причина може да има, и ниту една не е доволна за да продолжиш да си градиш кула од карти која секако ќе се срушела. Дури и да те сакал според начинот на кој ти го опишуваш тоа "сакање", сега не те сака повеќе и тоа е тоа, на крајот од денот секој има право да промени мислење, да си најде некој друг. @Polyincognito Веројатно и ќе му се врати штом добие прилика за тоа, при најмалата надеж или ако на човекот не му успее другиот план. И после ќе се читаме во бракови, разводи, неверства....
@Maja12. Извини вака ама да ти кажам нешто сега. Ова што го правиш е очај. Вака ако продолжиш ќе си останеш сама, а тој ќе си тера со животот. Престани да се враќаш во минатото, терај си ја иднината. Или не можеш да најдеш друг, или го бараш него во друг, трета опција нема. Престани да се трескаш од земја боже мили, не си дете веќе. Изгледа тебе не ти е сфатен животот како што треба. Па се отепаа тука со совети па ни еден да не послушаш. Имаш членки кои имаат многу полошо поминато и ти даваат совети, а ти се трескаш од земја по некој што не те удира од газот. Еве мој совет, пошто за ова нема лек колку и да ти се објаснува, терај си по него, демни го, барај го, пишувај му, не само од твојот број, туку оди купи уште 10 броја и пишувај му од сите броеви и остани си на овој статус на кој што си и ќе видиш колку многу ќе успееш во животот. Бог да чува и да брани!
Ама ти изгледа стварно се зафркаваш со сите овде.. цел еден месец се жалиш, ти кажуваат сериозно убави совети и ти пак истото.. па ја претера, сега сериозно.. додека ти се жалиш овде и ноќе спиеш на рати дечкото уште 3 девојки има сменето до сега..
28 години не се ништо. Многу паничиш без потреба. Ми делуваш како плачка. Мораш промена на мајндсет, карактер и комплетна трансформација. Мораш да го тргнеш очајот, да поработиш на себе, и ќе видиш како ќе дојдат квалитетни луѓе во животот. Заклучок: Не си стара, мажи има не се секирај. Но зависи од тебе. Каква енергија ќе дадеш, таква ќе добиеш.