Напротив, на 28г треба членката да размислува зрело, а не како дете од 16г што симпатијата ја оставил на сеен. Не се ништо да, не и е касно за ништо, ама штета на умот кој го има, очаен.
@Maja12. Прејака си ми како ги заебаваш сите тука, а они не прекинаa озбилно да те сфаќаат Маестрално Со подјеб дури им лајкаш Можам да замислам како се смеете со другарка ти Поздрав до двете Со нетрпение ја очекувам следната епизода Типувам ќе се појави некој машки лик
Се сложувам дека треба да мисли зрело. Што да се помисли кога вели имам 28 години и ја фаќа страв дека нема да се омажи. Дефинитвно ако е реален постот членката Треба да си поработи на себе си.
Исто мислам како тебе, само да се надоврзам дека на членката изгледа цел живот и се врти колку мажење. Не дека не игра улога ама верувам дека членката нема поим како оди животот. Со фактот дека се однесуваат како тинејџери не верувам дека од носот подалеку си гледа!
Па вака женска немам толку слободно време за ваква прича да смислам ако е лага, а тек па да губам слободно време за некоја лага. Нејсе небитно што мислиш, ќе речам камо да е лага.
Да да прва врска ми е. Али тоа е животот продолжува. Сфанав се ќе си дојде на свое место и подобра сум кај кај.
Конечно нешто позитивно.. да прочитам.. Па не престана земјава да се врти оти дечкото ти се скара.. Плачки и циркузи за ништо.. ај плачки туку преживување.. ЛЕЛЕ ГОТОВО ЕТЕ СВЕТОТ СЕ СРУШИ СЕА ШО ПРАЈМЕ..
Леле океј, ко вие никогаш(можеби па стварно никогаш) не сте се однесувале нелогично и неразумно пошто сте биле заљубени или очајни. Или па не ви доаѓале мисли "што ако...". Многу осудувачки и глупи коментари без потреба. Му пишала, океј, тоа е тоа. Дури и може е подобро што го направила тоа, зашо сега стварно знае дека толку, нема никаква надеж за него.
Вени ќе сечеме. Да сме биле ама на 16/17 години, не на 28г. Плус, куп совети доби членката тука од членови кои имаат искуства со такви работи па ни еден да не послуша. Ај на тинејџерски години разбирам, ама на 28г?! Кај е зрелоста?
Чим си подобра, подобро ни е и на нас. Само ведро, главата нагоре и уживај во животот. Кога-тогаш, ќе дојде време за нов дечко, мажење и дечиња. Не брзај со изборот, за да не промашиш пак со таков будала.
Имам некако многу да кажам, а сепак немам ништо..како да почнам, од каде, зошто баш сега кога беше се супер, си бев во single ерата, слободна, не чекав никаква порака од никој, не молев за внимание, не бев навредена и повредена од човекот кој најмалку очекував..овој период, од саботата па наваму ме уби, ме убива, не можам да спијам како човек, се будам на секој саат, жив мртовец сум, не ми е до ништо, не ми се јаде, не ми се смее, тотално сакам да изгебам некаде на планина и да бидам сама, само да спијам и да сум изолирана од се...не знам како и од каде ми е желбата да станувам наутро и да се средам, да одам на работа, школо, да изгледам супер и никој да не забележи дека се распаѓам од внатре,таа особина кај мене си ја сакам и мразам најмногу истовремено а всушност вистината е многу подруга, како да носам маска цел ден, се смеам, нормална сум, весела, енергична, жива како и вообичаено но на крајот на денот кога ќе бидам сама со себе ја тргам маската, и останува таа скршена јас. Во овој период сите се некако зафатени, испити, работа, обврски, одмори во мк (во Германија живеам), баш кога ми треба некој за да се искажам, да се олеснам, тогаш некако сите ги однема, иако можеби не е така но не сум таква да молам некој да разговара и излезе со мене, а знам дека ако кажам дека ми треба муабет ќе се појават, но не сакам така, сакам некој доброволно да е овде до мене, малку сум и јас крива затоа што со никој не споделив што ми се случи па од каде да знаат луѓето дека ми треба некој за да се искажам и да ми падне товар од грбот, затоа го пишувам ова овде и се надевам ќе ми биде полесно. Наиме, случајно се запознавме со еден дечко лани во јуни, јас и другарката се договоривме да пешачиме и да седнеме на кафе во кафич на плоштад, пред да се најдеме поминав од таму за да ја пречекам и имаше двајца машки кои седеа таму, и во тој момент зборував со другарката и баш кога ги видов на телефон и реков има еден тука што седи и ми личи на *** (наш заеднички другар и таа е заљувена во тој наш другар) и таа се израдува некако и ми кажа види која случајност можеби се некои наши и нешто бла бла и велам нема шанси хаха и продолжив по патот, се најдовме и се вративме на плоштад да седнеме во тој кафич,но на масата имаше клучеви од кола, на таа маса каде што седеа они, и другарката ги зеде и ми вели ајде да тргнеме по нив ќе ги прашаме да не ги заборавиле и плус можеби се наши, и ништо тргнавме затоа што пред да седнеме пак се пресретнавме со нив и видовме во кој правец се движат односно само право по центарот, ги сретнавме и ги прашавме дали се нивни и тој што ми личеше на *** кажа дека се негови и не праша дали сме македонки, и навистина биле наши која случајност хахах, небитно онака муабет си напраививме општо и на мене ми вели тебе мислам дека те познавам и јас му велам од каде хаха и ми го кажува името и презимето и јас во шок, сум му излегувала на фб и инста, нема врска да скаратам после 1 саат ме заследи и после 2 дена ми пиша: денес пак си ги заборавив клучевите како сии?, и јас во тој период не сакав ништо со никој поради други причини небитно и го оставив на seen, и откако се запознавме универзумот како за инат не спојуваше и се гледавме често на излегување и онака по град. Пред 2 месеци имаше балканска забава во нашиот град и пак се видовме и ми беше во клоус, си направивме нормален муабет надвор кога тој беше на цигара а јас излегов затоа што нешто ми беше влегло во око, и ништо така остана ама цела вечер ме гледаше, и пред 4 недели ми реплејна на стори: комшике кога ќе пиеме кафе?, а ден после забавата се видовме на бензинска и ми рече дека таму живеел и испадна дека сме комшии, небитно тој договори дејт за петок, се видовме бевме на коктел, и некако мислењето за него што го имав беше сосем океј, културен, симпатичен, изгледа на нежен добро воспитан секогаш се поздравевме кога се видевме, на крајот на вечерта ме баци иако не сакав, ама ајде, како блиц беше, потоа следната недела договоривме за сабота и беше океј иако преку недела си враќавме на 6/7 саати некогаш и повеќе, знам дека не е океј ама јас на почетокот враќав нормално ама кога почна тој така јас сум поинат и така продолжив и јас а првата недела пред да се видеме само два пати во денот си враќавме а таа сабота ми рече дека не сака само да ме искорити туку сака непто сериозно, така паднавеме на муабет, небитно помина и тоа и се договоривме за оваа сабота што помина сега, се беше во ред иако ми пиша за дате во 8:40 за во 9:40, и имаше ставено 3 сториења последните 24 часа а ми немаше вратено, тогаш мислев дека ќе полудам начисто ама нема врска му кажав дека така кај мене и со мене не, тој филм нема д го гледа не трпам такво нешто, средивме тоа и имавме нон стоп муабет и супер беше цела вечер, јас сакав да излегуваме и потоа да пробам нешто озбилно секако ако тој се труди, но тој имал други планови и приоритети..., има бурно минато , во истиот град има бивша и комшика ми е, биле заедно 1 месец и потоа се преселиле, 2 месеци живееле заедно и таа го изневерила и раскинале, судејки по тоа и тој тоа што го кажа таа му дала после 3 недели, уоу, но коммент и нормално истото го очекувал од мене, ми побара на третиот дејт, после излегување отидовме на едно игралиште, и почна да ме гушка што мислам дека е океј, ама потоа ме праша дали сакам да се префрлиме позади во колата, го одбив, и ништо му кажав јас не сум твојата бивша со мене и кај мене нема така извини а претходната недела ми рече дека се гледа дека не сум лесна и не ме става во ист кош со неа, истата вечер зборувавме и му кажав дека ако продолжи да ми враќа така нема да бидам во неговиот живот затоа што не можам така, не сакам и не толерирам, решивме тоа, кажа дека ќе се смени, и утредента, ми пиша енос во 13h, како си душо?, немаше ни добро утро, а пред 10 часа ми вети од утре ќе се смени, запрепастена бев, скршена, изгубена, и муабетот до неќна до вторникот беше во глобала за секс и дека било време за тоа, јас мислам дека е рано и му го кажав тоа не можам не сакам сега ако му е до тоа нека тропне на друга врата, јас сакам нешто што се граде постепено, а и тој беше тој што кажа дека сака нешто озбилно бидејки време му било (тој има 25 јас 19) и ми побара да му дадам после 3 недели а воошто добро не се познаваме..небитно откако му го пишав тоа, добив seen, и во средата односно вчера го одследив, не знам дали добро постапив, ама ете гневна бев многу, тој ме гледал како играчка, зборовите негови кажуваа едно а делато сосем друго, лошо ми е, немам веќе снага и желба за некој, разочарана сум, повредена, навредена, добив такво нешто од личноста која најмалку очекував, што да очекувам од другите?..не знам како ќе биде ко ќе се видеме, само знам дека изгубил некој што сакаше да го сака, спремна беше за него, да добие и даде се од себе, ќе се кае еден ден, знам, ќе се врати, сите се враќаат, леси се увек врача кучи, али куча нече бити..суштината не е тој, туку тоа што тој го очекуваше и го побара од мене иако ми кажа дека не ме гледа само за тоа... Девојки пазете се, не си дозволувајте некој да ве искористи и шутне, каков и да е, не е последен, отварајте очи бидејки вие ќе бидете повредени на крај, истрауматизирана сум, ќе ми треба време, но ќе помине, фала на Бог за се, за научената лекција и болката, ова ми беше за ука и поука..а него ќе му се врати, ќе биде казнет.. Karma kurva je
Уште на пола текст знаев што ќе ти одговорам, а тоа е "маани го девојко". Исчитав до крај и искрено горда сум на тебе. На твои 19 години правилно си одлучила и стабилно. И еве нека стои приказнава како шаблон за Red Flag. Штом типот врти муабети дека бившата му дала тогаш и тогаш, бегајте. Не вреди ни минута повеќе со таков лик. Море мисир еден низаеден. Мисли млада, па ќе ти продава приказни. Мрш таму. Ликот од текстот ми е типичен примерок на машко шо неќе да се замара со девојки и ќе ти сврти муабет само колку да си ги испразни тестисите. Почит нула. Не ви требаат такви. Не го земај ова при срце и да се разочаруваш премногу. Воопшто не е лично кон тебе. Си наишла на празна шупелка, но си се спасила од поголема катастрофа (да вложиш повеќе од себе). Има и зрели мажи на светов, ретки се но ги има. Уживај во животот. Премногу си млада за да се разочаруваш од љубови. Тек је почело.
Најодвратно е кога некој зборува за "сериозни намери“ бе а цело време те глеа со задни намери како да те изманипулира.. Таквите не ни бараат љубов ниту сериозна врска ни ништо, туку жртва за своето его и потреби, небаре се животни од дивината а не луѓе со свест Ова не е машкост.. Машко шо навистина те почитува, нема да те притиска апсолутно за НИШТО, ниту да те тестира и да те брза за нешто шо е против твоите чувства и да те прави да се чувствуваш виновно затоа шо јасно си кажала не. А тој шо исчезнува или се лути кога нема да добие шо сака ко тој шо направил, сам си покажува какви му биле намерите од почеток. Си покажала самопочит, шо е многу битно да се испочитуваш себе си, си покажала достоинство и граници до кај треба да се оди. И види, подобро е шо си го видела тоа сега отколку подоцна и да те повредел уште повеќе.
Бидејќи постои чист недостаток на карактер и не знаат ко луѓе шо сакаат од себе, ниту имаат човечност и емпатија за другиот да го разберат како му е или ќе му биде коа се повредени.
Здраво на сите, нова сум на форумот. Се зачленив за да побарам совет од повеќе луѓе. Вака, веќе два месеци комуницирам со момче од соседна држава. Се допишуваме, се слушаме по телефон и се гледаме на камера. Момчето е навистина супер, ми се допаѓа а и муабетот добро ни оди. Само, од почетокот беше премногу упорен за да се видиме, да не речам инсистираше. Јас навистина би сакала да се видиме и не би ми било воопшто проблем јас да отидам прва, меѓутоа моментално сум невработена така што не сум финансиски во можност за такво нешто, а не би можела да барам пари од моите родители. Во процес на барање работа сум, навистина минувам низ потежок период и тој тоа го знае, па самиот иницираше да дојде прво тој во Македонија на викенд за да се запознаеме. Ме праша дали би можел да преспие кај мене, но како што кажав живеам со моите и тоа не би било изводливо. Тогаш ми рече дека не му е проблем да оди во хотел, а јас се понудив да му побарам што е можно поевтино сместување бидејќи секако не сакам да потроши многу заради мене. Ми рече дека дефинитивно доаѓа и после ми се јави за да ми каже дека е сепак подобро јас да одам кај него, бидејќи наводно тој можел да остане само ден два заради работата, а јас сум можела да останам повеќе, ако треба тој ќе ми плател карта за автобус и ќе ми најдел стан, само сакал да поминеме повеќе време заедно и да се запознаеме подобро. Не знам што да мислам, навистина ми е непријатно некој што прв пат го гледам да ми плаќа нешто. Инаку минатиот месец јас бев заедно со моите кај роднини во неговата држава, не во градот каде што живее но не и премногу далеку за да не може да дојде. Кога му предложив, ми рече дека му било далеку за возење а и срам му било од моите родители и роднини, што ќе помислеле кога ќе не виделе заедно иако јас му реков дека сами ќе излеземе, таман работа да го запознавам со моите на прва средба. Но и на тоа рече не, подобро е јас да дојдам кај тебе и да имаме повеќе време и приватност, а сега повторно менува план.. Некој совет како да постапам, што би направиле вие на мое место? Однапред благодарам за секој совет.
Ќе му речам да се гони у три лепе п.м. Овој си бара друго од тебе, затоа и не му се иде, не му се троши многу, во случај да не му "дадеш". Ако сепак сакаш да го запознаеш, кажи му нека дојде он во твојот град и готово. Ако не, здравје.