Не го познаваш убаво, не се оди во друга држава за некој што не го познаваш туку така. Од каде знаеш каков е и каква намера има навистина? Ако сака да се видите нека дојде во твојот град, меѓу луѓе што ги знаеш, па што ако е на два дена? За прво запознавање сосема доволно. Ако прерасне нештово во врска, како планираш да ја терате? Ова чисто практично прашање од некој што дооолго бил во врска на далечина. Не е воопшто наивно, ниту е за секој.
Јас би прекинала контакт со дечково уште кога би ме прашал да дојде кај мене да седи. Добро, прв пат патуваат луѓево ? Се знае како се патува и каде се престојува , што повеќе да очекуваш од некој кому му е нормално така да иде кај девојка да и се стави дома .По мое мислење овој не е сериозен
одговор од машко.Може да те легне и да те избрка ако се скарате.Може е психопат, монструм, дебил.Може и да те остави.Рече и немаш пари, па ќе бараш опции каде да спиеш.Уште поголем стрес за тебе. Може и да не сум во право, па да биде обратното.Да не се случи ништо од ова погоре.
Јас да сум на твое место не би одела. Многу е нестабилен и несериозен. Плус не го познаваш. Може да биде опасно.
Е ,сега Цеца не сака да се расправа ама нели до вчера ви беше ок и многу сме биле ограничени ако не ни беше ок девојка да иде кај дечко ???
Благодарам на сите што одвоивте време да ми одговорите. Во право сте, јас немам многу големо искуство во љубовта меѓутоа и порано излегував со момче кое не е од тука и тој прв дојде за да се запознаеме, воопшто не побара од мене јас да одам прва. Потоа се разбира дека и јас одев кај него. Мене ми е малку чудно затоа што бара изговори и менува планови, самиот иницираше без јас да го притискам. Штом се нуди да ми плати превоз, значи дека нема финансиска пречка за да дојде нели? Значи дека не се парите во прашање, туку нешто друго. Не би сакала да згрешам, меѓутоа кога му го кажав сето ова дека не сум во можност и дека е подобро за почеток тој да дојде, а понатаму ако прерасне во врска и јас ќе одам се налути и рече дека јас сум таа која бара изговори и дека немам сериозни намери со него.
Друго е да оди во држава каде што нема најдено престој, друго е да пристапи на дечко во кафич/кафана каде што е преполно со луѓе и може да ја спасат ако е нападен.Во друга држава, тој ја вика кај него во престој.Сам е сигурно, не е исто со кафаната, кафичот каде има на секој чекор било кој што може да ја заштити, оддели.
@LibreGirl Те манипулира и ти прави класичен guilt-tripping. Не бараш ништо нереално и секој искрен и зрел маж би те разбрал. И без да прашува за причини, би дошол прв. Воедно ете, и кога имал реална шанса да те види, (кога си била во неговата држава), нашол изговор. Мислам дека и самата чувствуваш дека нешто не штима. Не си го троши времето
Женски, маж шо ве сака или шо најискрено му се допаѓате многу, и од крајот на светот ќе дојде да ве види. Порано мажите ќе седнеле на коњ и ќе патувале по неколку дена до куќата на девојката шо ја сакаат за само да ја видат преку прозор, какво запознавање, какви бакрачи. Ова денес се е отидено у ..... ако не сака да дојде или да се помачи за вас тоа значи дека не е сериозен или и он сака да е принцезата во врската. И дај ставете го ова некаде сите да го читаат прво кога идат на темава да прашуваат за овие исти работи.
Ама за прв состанок се знае дека МАШКОТО е тој кој што треба да дојде !!!!! Се ненормално испонормаливте ниту останаа мажи , а маж а принцеза нема разлика !
Секако дека треба прв да дојде, освен ако е зелен, не знае дека треба прв да дојде. Нека го праша, дали е сериозен и сама ќе си знае. Еве јас отидов кај една на прв состанок, пред некој ден, но, не и се допаднав ли, може и дека и кажав дека не возам автомобил моментално.Па и студирам, а работам повремено(неколку пати во недела)може и затоа не сака да врати на пораките и почнува ghosting.Убав разговор направивме, не верувам дека не и се допаднав. Но, и Вие како девојки си имате критериуми кои треба да си ги спуштите.
Криво ми е и навистина посакував да биде нешто повеќе со дечково, меѓутоа се на се ми изгледа дека ќе морам да прекинам контакт со него затоа што ова не води никаде. Зарем мора се да биде толку комплицирано уште во фаза на запознавање? Навистина не е многу голема далечина во прашање за да биде комплицирано, не делат само околу 250 километри. Згора на се, јас му понудив и трета опција кога веќе бев во неговата држава меѓутоа и за тоа успеа да најде изговор. А кога не успева да го добие тоа што го сака, јас сум лошата. И другарка ми го кажа истото, сакав само да прочитам повеќе мислења. Ќе морам да прекинам контакт, подобро сега отколку понатаму да ми биде потешко. Уште еднаш благодарам на сите членови за советите.
@LibreGirl Кога ќе наидеш на вистински заинтересиран, зрел и сериозен за тебе, ќе сфатиш дека нема такво нешто како "комплицирано". Кога е стварно сериозен и заинтересиран (кога и двајцата сте), се е всушност супер лесно
Дај му уште една шанса?Прашај го дали сака да дојде уште еднаш.Можеби е неровзен од работата.Дај му време на времето.Објасни му дека не ти е сигурно да си сама во друга држава.А, пак ако почне по старо е тогаш може да прекинеш контакт.
Нема што да се понижува и да му пишува нешто, вакви блок и крај ! Тој губи а не она ,вакви ко овој на секој чекор се наоѓаат девојче глава горе ќе се најде некој кој ќе дојде без проблем и ќе биде стабилен батали ова ѓубре
@LibreGirl му било далеку да вози до градот на твоите роднини ама не му е далеку да дојде во твојата држава? Му било незгодно од твоите роднини родители а не и со тоа да преспие кај тебе? Шо му е на типов? Бегај.
@LibreGirl Имав иста случка со еден со кој бевме оддалечени само 80км. Постојано ме викаше во неговиот град, ама не сакав, иако често одев таму, имав роднини. Тогаш бев средно и нормално скршен денар немав, истото ми го кажа ќе ми плател за бус, а за спиење ќе сме спиеле во куќата на чичко му која била празна(биле во странство тие) Настрана тоа што муабетот му беше сè во насока за секс. Се знаеше што сака, иако како луда му давав шанси да се поправи. Но,ова кога го кажа дека ќе плател, ми беше некако многу понижувачки, лошо се почувствував. Му реков најди си некоја што е за пари и толку го блокнав. После долго време се видовме, ама главата во земја и збор не ми презбори. А да, најинтересното беше што имаше кола и не можел да дојде Сигурно, да... Се си мислам дека е истиот случај и дека не те сака тебе, туку само ти го сака телото. Е арно ама не си му баш сигурна и не сака да прави таков "ризик", да не му е за џабе доаѓањето де, во случај да го одбиеш. Батали го со време, ќе дојде вистинскиот на кој нема да му биди важно на кој крај од светот живееш. Среќно
Има една девојка која ја видов пред одреден период, ја знам од порано ама многу бледи сеќавања иам сум ја гледал низ град, али па не сум ни излагал никогаш нешто многу али отсекогаш ми била симпатична и така ми била кул градска девојка, има многу убави очи и ми делува на квалитетна личност иако не ја познавам можам да проценам живееме у исто гратче али ништо вака не знам за неа, знам дека живее у близина негде али нз точно каде Како да ја најдам сакам да ја видам многу ми е симпатична.