off topic си и тоа што си пишл никако не е поврзано со прашањето и можда си слушнал за поимот gender fluid btw
Ќе ја сретнеш у гратчето Ќе и' побараш бројче иииии И тебе почнале да те закачаат ццц Твое право бе, како се осеќаш у моментот, така ќе си пишуваш Ко за воукнати членови многу застарени сфаќања значи, многу
Начисто те манипулира, од далеку мириса ова човече.. Колку негативности од прв пат а не се ни знаете. И кога некој те врти со зборови и те прави несигурна во себе и те влечи само кога него му одговара, тоа ти е класично искористување. Батали го додека е време за да не те боли глава.
Јас те разбирам како ти е. Читајќи го ова, нешто слично ми се случувало и сè уште ми се случува. Еве, накратко да споделам ; чисто за да знаеш дека не е до тебе и дека овој дечко воопшто не е сериозен. Те разбирам дека боли разочарувањето, и јас се чувствувам како постојано да се вртам во круг. Баш вчера ми пишува еден дечко демек добар, фин, сериозен. Сум му делувала културно и фино, ама бил од другиот крај на државата. Вели: 'Не е проблем, сериозен сум, ќе дојдам. Ај, викам, прв ден пишуваме, а он веднаш се фати за доаѓање. Да не должам, ме праша кај може да спие. Му одговорив: 'Таму каде што спијат туристите кога патуваат'. На тоа ми враќа: 'Мислев, дали може кај тебе?'. А претходно зборевме и знаеше дека живеам со моите! Му пишав: 'Ова ли е таа сериозност?'. Ми врати дека се шалел и дека предложил кај мене бидејќи патот бил долг. Му одговорив: 'А ако спиеш кај мене, ќе се скрати патот?!'. Бог да чува! Ајде ние што сме нормални и не пуштаме секој во куќа, ама овие од каде црпат храброст така да упаѓаат кај непознати? Што ако имам пушка дома? Сакам да ти кажам , девојче порано бев иста како тебе, сега ниту се разочарувам ниту ништо само би се изненадила некој саглам кога би се појавил.
Како отсекогаш ти била симпатична а не знаеш ништо за неа? И како би знаеле ние како да ја најдеш? Од кај знаеш можда и бил другар тој, веднаш се откажуваш па и ти.
Излегував некој период со еден дечко и се фативме, уште пред да почнеме му напоменав дека ако во иднина бидеме заедно сакам да живеам во МКД и во мојот град ( кај мене во станот) на што тој се согласи. После некој период тој си замина во странство бидејќи таму работи и рече дека ќе даде отказ само чека одморот да му помине, за да земе пари. Комуникацијата 2 месеца се одвиваше преку социјалните мрежи, стално ми потенцираше дека има сериозни намери со мене. При крајот на април рече дека ќе се врати порано на 1 мај и ќе остане тука засекогаш, да бидеме заедно. Додека беше во странство јас му барав и работа тука. Кога си дојде веќе беше друга приказната. Го прашав дали сака да живееме под кирија тој ми вика нема да успеаме и кога му предложив да разговарам со татко ми за да живееме кај мене во куќата, ми вика Не, сакам во вашиот стан ( уште и бира каде сакал), уствари чекај да видам прво работата, па и работа не сака било каква да работи, а таму во странство може да копа дупки. Вика ако може интервјуто на работата што ми ја најде да биде до петок оти ќе си одел во странство. Ништо од лажните ветувања. Многу ми е криво што бевме интимни и тоа за прв пат. Имам осечај како да дојде тука да се проведе само со мене и да си отиде. Разбирам дека не сака да ги изгуби парите од одморот сепак не се малку ама требаше да ми каже дека ќе си оди пак, а не да лаже. Плус, пред да си оди не рече дека ќе се врати во Мкд да живее. Или од дома го предомислиле нешто не знам, во секој случај се чувствувам како искористена. Сега е веќе заминат. Ми пише пораки како испраќал маилови за тоа работно место во МКД и наводно сега ќе поработи малку во странство дури да му почне одморот и да се врати пак, ама искрено веќе немам доверба во него и не планирам да го чекам. Моите ме советуваат да го откачам дека само ме користи. Не знам што да правам.
@Devojkata55 Според мене, Му се се допаднала, но не доволно за да прави животни промени. Треба да му веруваш на делата, не на зборовите. Уште појасно кажано, не е заинтересиран. Бидејќи да бил, самиот ќе предложел други опции, решенија и компромиси како да си ги споите животите. Од друга страна, не можеш да очекуваш сама да одлучиш во кој град и на која адреса ќе живеете и што тој ќе работи, а тој само да се прилагоди и да те следи како слепо кученце. Ниту ова не е партнерство. Колку што ти имаш право да одлучуваш што сакаш, така има и твојот иден партнер
Заборавив да напоменам, кога се видовме тој прво предложи да живееме кај него дома или во странство ми расправаше како снаата се снашла со работа , но јас не сакам, тоа му го кажав уште пред да се фатиме. Не одлучувам јас ништо сама, само кажав што сакам, ако не се согласува ОК ќе си барам некој од мојот град. Но можеше да ми каже порано а не да ми ветува, и да спие со мене па отпосле да си ги каже плановите.
@Devojkata55 Малку детали околку вашава врска, колку време сте заедно и како стигнавте до вака "сериозни муабети". Одлуката да се преселиш некаде поради некого, или да останеш некаде поради некого и таму каде што си, да градиш живот од нула е премногу осетлива и според мене не е здраво да се прави, ако се "познавате" само на дистанца, функционирате на дистанца. Веројатно сте многу млади. Мој совет е да не се ограничуваш во животот со муабети од типот "сакам само ваму да живеам или ова да работам" бидејќи животот не е само права линија и додека да созрееш за да оформиш семејство, твоите идеи и планови може стопати да се променат, во сите можни правци. Човекот веројатно не сакал ништо од тоа што си му го понудила така категорично, и си продолжил по она што тој смета дека е негов пат, и ти ќе го направиш истото.