2 -3 месеца сме заедно и муабетот за живеење заедно беше уште пред да се врати тука. Ако не му одговара можеше да каже а не напразно да ветува нешто и да дојде тука , да спие со мене, и отпосле да си ги каже плановите. Договорот додека беше во странство беше дека кај мене ќе живееме во станот, кога си дојде му реков под кирија или кај мене во куќата но да разговарам прво со татко ми, на што тој рече Не, сакам во вашиот стан, уствари чекај прво да видам со работата како. И после рече дека ќе си оди, да не ги изгубел парите од одморот, и не спомна дека ќе се врати да живее во МКД.
@Devojkata55 Нормално е да се почувствуваш разочарано, ама не си го ставај толку при срце. Нема зошто да се чувствуваш искористено. Ти си била искрена од самиот почеток, а можно е тој да не сфатил колку сериозно гледаш на тие работи или едноставно да се предомислил со тек на време. И да, можеби најпаметно е да бараш некој од твојот град, кој има слични планови и гледишта како тебе, па полесно ќе најдете заеднички јазик. Ама исто така, ако утре наидеш на личност што многу те сака, те прави среќна и навистина се труди за вас двајцата, немој веднаш да бидеш премногу ригорозна - компромисот може да биде здрав и за тебе @Juve1 Слободни пиши овде
Веројатно се осетил притиснат од муабетите дека мора да живее во Мкд, да живее кај сакаш ти, искористил ситуација и толку. Јас на твое место не би ги земала воопшто здраво за готово тие муабети после толку кратко време, не би сакала воопшто да мислам на бракови и мажачки со некој што го знам скоро па ич. Потребно е малку повеќе време за да се запознаеш со некого и заеднички да планирате вака битни работи. Еден асален одмор не сте истерале заедно, не се познавате, си ги "прегорела" сите етапи на една врска која е во зачеток и одма некако сте скокнале на муабети за бракови и живеење заедно. Во наредната врска пробај да уживаш малку (излези од менталитетот дека некој треба "да спие со тебе", ваљда и ти си сакала да спиеш со дечко ти), да ја запознаеш личноста и да сфатиш дали сте компатибилни и дали вреди да вложиш повеќе од себе.
Се согласувам на компромис со парнерот, но секако ако тоа биде повеќе од она што го имам сега. Бидејќи сум од поголем град, едноставно не можам да се замислам да живеам во помало место, исто и не сакам да работам било што. Затоа подобро да си барам некој од мојот град.
@Devojkata55 2-3 месеци се премал период за такви сериозни планови.Еве и да се врати и да живеете заедно,од каде знаеш дека ќе функционира?Вие не се ни познавате доволно.И тој цел живот треба да го смени.Јас лично не би го направила за некој што не го познавам доволно.Мислам дека преголеми ти се очекувањата,тој како и многу мажи на полеток ветува нешто што не планира да го исполни
Да во право си, може ептен го напнав. Но подобро сега муабет за тоа отколку после кога ќе се продлабочи врската а не се согласи тој, ќе биде потешко да се разделиме. Не сум спремна заради него да се преселам во странство. Додуша и тој не покажа некој голем интерес за мене. Онака млако се однесува. Не го терам јас него уште сега да живееме заедно, само муабет каде би живееле во иднина ако сме заедно. Да не си го губам времето напразно.
Веројатно цело време сакаш да го наметнуваш својот став, прво викаш дека си му рекла дојди ќе живееме во мојот стан па кога дошол и кога ја побарал таа опција го оговараш и ти смета дека бирал каде сака, затоа што според тебе сега требало под кирија или кај твоите. Многу диктаторски пристап имаш, ако пробаш да слушаш и партнерот што сака и ако пробаш да уживаш а не да наредуваш сигурно ќе најдете заеднички јазик. Малку токсично изгледа, не го притискај толку, не мора се да е како што ќе речеш и не значи тоа дека те искористува. Ако он се нафаќа да направи компромис треба да помислиш и ти да направиш, нема ништо чудно во неговиот однос.
Па погоре напиша дека можеби ептен си го напнала.Ни тој е спремен,ни ти за преселби и заедничко живеење.Така да си го знаеш и самата одговорот.Не продолжувај,прекини со комуникација
Во право си за се, но јас уште пред да се фатиме му реков дека сакам да живеам во мојот град на што тој се согласи (а тоа подразбира или под кирија или кај мене) и отпочна врска со мене. Откако се фативме ме праша пак и јас му реков кај мене во станот, а сега што испадна дека не може таму тоа е друго.
Извини шо ќе бидам брутално искрена, но мажот се ќе ти вети и на се ќе се согласи само за да те легне. А отпосле тоа пу, пу, не важи.
@Devojkata55 Сосема нормално е да бараш некој од твојот социјален круг. Тоа дури е и паметно, за да избегнеш исфрустрирани мажи кои имаат помалку. Но, би ти рекла исто така малку позрело да гледаш на работите и да го промениш пристапот. Треба да гледаш и партнерот да биде некој способен со кој утре заедно сами ќе може да го одржувате тоа финансиско ниво, бидејќи пари лесно се трошат. Ако бараш домазет, без никакви други критериуми, лесно може да завршиш со паразит. Ако бараш домазет, за да цело време му покажуваш надмоќ, љубовта лесно ќе згасне
Не сакам ни да бидам со било кој, имам некои критериуми и не прифаќам помалку од тоа. Во врска со градот и работата некако не ми се менуваат. Очигледно тоа му била намерата или не му се допаднало нешто кај мене откако ме запозна подобро, но повеќе веројатна ми е првата опција. Еднаш додека беше тука седиме и вика што ќе правиме сега ќе се гледаме ли само, ајде да имаме пак секс. Му викам ти за секс ли дојде само, ништо не одговори.
Според тие постапки ќе сфатиш каков е, што побрзо го покаже вистинското лице тоа подобро за тебе да не си го губиш времето со таков.
Еве запрашај се сама, да остави се он да дојде да живее тука и вие по некое време раскинувате. Многу краток период сте заедно за вакви битни одлуки.