Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Не се решава за 3 месеци. Вие сега се запознавате. Што ако он не ти се допадне тебе понатаму а веќе живеете заедно по твои услови?
    Време треба за се.
     
  2. Devojkata55

    Devojkata55 Активен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2025
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    22
    Пол:
    Женски
    Уште сега почнува да не ми се допаѓа, делува како незаинтересиран како само од корист да е со мене. Вчера ми пиша и јас му реков Не исполни ништо од ветеното излезе како да дојде да се проведеш само, на што тој не одговори ништо во врска со тоа само рече Ќе дојдам пак и ќе најдам работа. И толку. Несериозно ми делува, а од друга страна не сакам да живеам на село или во странство. Така да, подобро да прекинам уште од сега. Размислував и така одлучив.
     
    На tanjita му/ѝ се допаѓа ова.
  3. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Му било срам од твоите роднини и родители ама не му е да преспие кај тебе на прво идење?
     
    На Panda00 и tsanemsit им се допаѓа ова.
  4. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Ме интересира како гледаат машките за прв дејт.
    Поделени се мислењата, но дали на прв дејт ако дозволи девојката да ја бакне машкото би ја сметале за лесна? И после колку дејтови е исправно?
    Можеби зависи од човек до човек, но ме интересираат мислења. Често пати од машки што сум била во врска ми го кажале тоа баш дека после неколку искачања па биднало нешто, повеќе ценат и баш повеќе ја гледаат девојката за врска. Или нема правила?
     
  5. tanjita

    tanjita Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.489
    Допаѓања:
    4.629
    Пол:
    Женски
    Ако ви тргне вечерта и ви е убаво еден со друг додека сте заедно да може бакнеж, ама ако е повуци-потегни ракување е доволно.
    Се зависи од моментот. Според мене.
     
    На Lovy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    5.819
    Пол:
    Машки
    Нема правило, според мене првиот бакнеж треба да падне тогаш кога двајцата мислите дека е време..
    Многу зависи и на што мислиш како прв дејт, дали пред тоа сте се дејтале ама не сте кажале дека сте во врска, дали пред тоа сте дејтале долго време преку пораки поради далечина...

    Мене не ми е природно на прв дејт, кој служи за запознавање, да прашувам или форсирам за бакнеж..

    Оној што сака нешто сериозно со тебе ќе му е битно во секој момент и ти да се осетиш убаво.. А како би знаел дали на девојката спротв мене што ја знам еден ден, би и било удобно да ја бакнам на прв дејт, како би знаел дека дури и да прашам ако каже "да" , не го кажала тоа од страв, а сепак после не го мислела тоа... ? После одредено време се запознаваш подобро и можеш колку, толку да процениш дали навистина и е удобно да те бакне..

    Подобро ти разбери го како ред флег тоа барање бакнеж на прв дејт, најверојатно му е битно нешто да добие..

    Некој што секта за сериозно не прави проценка дали девојката е лесна да ја легне или не... Ако има потреба тоа да го прави и да тестира со бакнеж на прв дејт, не те тестира за врска, те тестира дали би можел да има секс со тебе, мисли дека ако за бакнеж кажеш да на прв дејт, дека толку лесно ќе те убеди и за секс.. Ако е таков пиши пропало на врска со таков човек..

    А инаку сосема нормално е да падне бакнеж и на прв дејт, доколку не е форсирано, ви дошло спонтано на двајцата...
     
    На hermosa, Panda00 и Lovy1 им се допаѓа ова.
  7. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    142
    Допаѓања:
    733
    Пол:
    Женски
    Важно е што цениш ти. Треба да имаш свои правила и принципи кои ќе ги следиш, а не твојата вредност да зависи од туѓи критериуми. Колку мажи, толку различни одговори ќе добиеш.
    А бакнеж на прв дејт, зависи од многу фактори. Колку се знаете од претходно, колкав е квалитетот на вашето познавање, како поминал самиот дејт и тн. На крајот на краиштата, каде е уживањето ако ги калкулираш потезите до тој степен. Ако на двајцата ви е удобно и има момент за бакнеж, зошто да не?
     
    На Panda00, Unknown_7, Mumoftwo30 и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    737
    Пол:
    Машки
    Многу ти е општо прашањето, дај контекст дали е прво видување на кафе сте правеле општ муабет цело време или сте биле некаде кај што има музика и сте играле и ве понела атмосферата

    Најопшт одговор, нема правила и нема исправно/погрешно, се зависи од моментот и енергијата меѓу вас.
     
    На Малечка Малинка и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  9. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.150
    Допаѓања:
    848
    Пол:
    Женски
    Се пишувавме и искочивме. Еднаш.
    Убаво си поминавме и двајцата, муабет, енергија, има се. Кога ме остави дома претпоставувам сакаше да ме бакне, туку јас не му дадов простор и повеќе зборев и реков си одам дома као касно е, баш за да не дојде до тоа. Не гледам ништо страшно, ми се случило и така на прв дејт, но сакам кон дечково да оставам убав впечаток.
    Бившиот пример ми има искоментирано, како ценел тоа што после 3-4 дејт успеа да ме бакне а пред тоа искачавме како другари али се гледа хемија.
    И затоа викам дали генерално машките гледаат на тоа и етикираат некоја како лесна? Секако ќе има втор дејт со дечкото ама пазам баш на се зошто ептен ми се свиѓа и да не добие погрешен впечаток.
     
    На tsanemsit му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mr.Limonko

    Mr.Limonko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јуни 2025
    Пораки:
    1.429
    Допаѓања:
    5.819
    Пол:
    Машки
    Како сакал да те бакне, те праша?

    Вистинско време е тогаш кога ќе сакаш ти, ништо не форсирај.

    Пак ќе кажам ако некој етикетира девојки како "лесни" на основа кога паднал бакнеж, нема да имаш убава врска со таков.
    Глупо е да се ставаат вакви етикети врз основа на тоа кога некој се чувствува спремен за нешто..
     
    На Lovy1 и Eunoia им се допаѓа ова.
  11. MiloMalo

    MiloMalo Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2011
    Пораки:
    1.235
    Допаѓања:
    4.404
    Осетила дека се стреми кон тоа и му киднала онака, суптилно.
    @Lovy1 правилно си постапила според мене, како за прв состанок, не си "избегала", ама си се снашла баш мудро (y)
     
    На Lovy1 и tsanemsit им се допаѓа ова.
  12. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    2.681
    Допаѓања:
    13.452
    @Lovy1 А тој ако те бакне на прв дејт, не е тогаш и тој лесен? 8-|

    Енивејс, не може да упропастиш ништо што е за тебе.

    Ако бакнеш некого на прв дејт и тој потоа те откачи, едноставно не си му си се допаднала, а не поради тајмингот на бакнежот.

    Исто како што девојка може да мисли дека прерано или предоцна била интимна, па затоа ја откачил.

    Реалноста е дека he didn't like her, тоа е сè.

    Не дозволувај незаинтересиран маж или маж кој не те сака, утре да ти набива комплекси и мисли за ништо.

    Едноставно прави работи само кога си спремна и сигурна, не под притисок :*:
     
    На M&M, Amellie13, Katie90 и 8 други им се допаѓа ова.
  13. Mumoftwo30

    Mumoftwo30 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2023
    Пораки:
    5.476
    Допаѓања:
    18.927
    Пол:
    Женски
    Ова ако имате по 15 години, што менува дали ќе се бакнеме на прв дејт или на петти? Ако си се допаѓаме и има енергија, добар муабет, што треба? Да излеме уште 45 пати.. пак ќе кажам ова е легитимно ако имате по 15-20 години. За бакнеж се работи и за човек ако ти се допаѓа и ти на него, секако бакнежот не е сексуален чин.
     
    На eliesaab, TrueToMyself и Panda00 им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    24.512
    Допаѓања:
    206.992
    Пол:
    Женски
    Мој совет ти е да не се оптоваруваш со непотребни ситници.
    Бакнежот треба да биде спонтан, неусилен и искрен. А со планирање дали да биде на прв или десетти состанок, нема да уживаш во самиот дејт, цело време ќе се прашуваш што, како, кога. Опушти се, се' ќе дојде кога треба.
    Во однос на тоа дали машко ќе мисли дека девојката е лесна од било која причина - таков маж не ти треба, верувај ми.
     
    На pinklipstick, Katie90, Малечка Малинка и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Tih-ana

    Tih-ana Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2020
    Пораки:
    193
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Пак јас на темава , ми пиша дечко супер зборевме се ајде пак си реков сериозен конечно ,пак се разочарав . Значи јас не барам дечко да се разбереме , вака кога ми пишуваат ми рече има 36г дознав небитно како да не се обј дека има 28, многу помлад од мене а еднаш кога зборевме ми рече ок ми е толку години да е некоја постара од мене се чудев што ми збори. А не ми кажа дека има 28 од после кога почнав да го прашувам искрено да се запрашам дали и профилот му е реален мада се понуди и за камера .Не сакам да продолжам со дечково , како да исчезнам сега дури и број разменивме уф не требаше . Совет ?? Без да му кажувам дирелтно дека ми смета што е помлад ?
     
  16. boo3

    boo3 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јули 2015
    Пораки:
    1.738
    Допаѓања:
    6.815
    Пол:
    Женски
    Па понашај се за годините што ги имаш и кажи му отворено дека ти смета што е толку помлад.
     
    На MiloMalo, Tih-ana, neno0o и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Leptirka98

    Leptirka98 Активен член

    Се зачлени на:
    9 март 2026
    Пораки:
    14
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Кога за годините те излажал, за друго што останало... Блокирај го од секаде и не му ја мисли многу.
     
    На Tih-ana, Medea. и Gosh им се допаѓа ова.
  18. DarkStormm

    DarkStormm Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2021
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    5.278
    Пол:
    Женски
    Само престани да враќаш на пораки. После ако е нападен, биди ладна на пораки. Ќе си сфати ќе се оддалечи. Ако треба некако да го откачиш ќе речеш дека моментално немаш време за средби.
     
    На Tih-ana му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sino.o.oka

    sino.o.oka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    4.072
    Пол:
    Женски
    Следново не е проблем колку што е дебата, мислење...

    Дали машките се занимаваат со тоа дали некоја девојка им го видела сторито или тоа е занимација исклучиво за нас, женските?
     
  20. Unknown_7

    Unknown_7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 ноември 2025
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    2.891
    Пол:
    Машки
    Ако е активен корисник, секако дека се замара, ама ако е тип кој не го занима многу инстаграмот, воопшто нема да троши време на кој му видел стори.