Ова ако е некој во дваесеттите, па уште скрола. Додуша не дека и 30+ се исклучок, но зависи од човекот. Исполнет, изреализиран става за свој мерак и не се замара со ова (има свој круг на луѓе).
Со другарките седевме на кафе и една од нив имаше ставено стори од нејзина слика, и рече баш чекај да видам дали го видел тој х сторито. И така отворивме тема на муабет дали и машките вака прават.
@sino.o.oka Според мене, зависи од човекот, но мажите повеќе се луѓе од акција. Ако девојката му се допаѓа, ќе забележи дека му го погледнала сторито и набрзо сам ќе направи некој чекор да започне муабет. Нема да продолжи до недоглед да става сториња и да чека таа да му ги види Ако не е заинтересиран за неа, he couldn't care less. Па така, ако е заинтересиран, без разлика дали таа му го видела сторито или тој нејзиното, заинтересиран маж презема акција, не троши време
Наместо да гоустнува луѓе по социјални мрежи и да лаже (а после по теми се жалите кога ви го прават истото тоа вам, и тогаш се незрели, безобразни, вакви и онакви), може и едноставно да каже дека знае за неговите години (или штоидае проблемот) и дека не осеќа ни потреба ни ќеиф да продолжи со комуникација. Многу е лесно.
Стварно ли не можеш да видиш дали профилот му е лажен? Пс тоа се гледа од авион Нема лајкови,или има 300 од кои сите де јапонци,кинези,и некои др швркнати имиња Плус нема пријатели асални со профил,туку некои жени со голи газови И евентуално ни една слика нема со пријател,на кои исто така профилот му е реален
Јас мислам генерално и за машки и женски дека воопшто не е релевантно ако некој ти погледнал стори. Може да ти погледнува од различни причини. Некому може да си му интересен не значи дека е заинтересиран во смисла дека те свиѓа и сл.
И јас исто мислам. Или само го отворил онака Кога ќе тргнам од мене, вртам на брзина сториња и толку.
Освен доколку те мањачи Со глупости си тупат глава, дали отворил стори, дали него му го видела. Детски работи би рекла. Абе, ако сака нешо ќе пише директно, у спротива нека чека години да поминат па да има муда да преземе нешто. Не е релевантно, баш ко шо кажа можеби му е интересна, па и симпатична нека е, ама само да ја следи, без да пројави интерес за нешто повеќе, може само контентот и сликите му се убави на пример.
Што би значело тоа те мањачи? Не дека не може да значи и тоа но и не мора, само може да добиеш погрешен впечаток ако веруваш дека по секоја цена ако некој го гледа сторито дека сака нешто повеќе.. Да, тој/таа ако сака ќе превземе чекор, акција било што.. Егзекли.
Манијачи. Не мора манијак у класична смисла да е. Некој којшто е опседнат со некоја личност, ја сталка, и' отвара нонстоп сториња, глеа слики постојано.
Ја се опседнав со една девојка многу ме привлекува ама немам како да ја сталкам не знам кој и инстаграмот. И гарант приватен и е ми делува на резервирана. Да имав иг и ја ќе го ставев на прајват да не може никој да ме сталка.
Не ја дозна? А профилна ќе имаш? Има секакви будали шо праат скринови или сејвнуваат профилни. Уште па ако ги мењаш често.. Мене ми е крипи тој факт да поседуваш скринови од рандом луѓе, меѓу кои и деца Мајкичкиве на форумов со сиот ум си ги лупаат децата, без да размислат дека шетаат педофили
Ако мислиш на тоа што пишував во темава не е таа е скроз друга ја немам видено неа. Со оваа флертавме и се упознавме, името и го знам али не знам како се презива. Знам со кого се дружи.