@Intergalactic Imo, не си заинтересиран доволно, инаку на толку информации, ќе ја најдеше досега Може повеќе ти се допаѓа проекцијата и фантазирањето за неа, отколку реалноста да се замараш со конкретно преземање дејство
Здраво ми треба еден совет,Со дечко ми за 2месеци веќе ќе полниме 3 години како сме заедно,меѓу тоа секогаш кога сме во конфликт он се дистанцира не ми пишува ме остава на сеен,знаејќи дека мене тоа многу ме иритира и секогаш јас пишувам иако тоа се случува бидејќи не сакам да сме така и не сакам да се одалечиме поради некои банални конфликти.Се скаравме сега во саботата дента излеговме ми се испонаша многу лошо и ме остави дома откако искочивме,и од тој ден навака сеуште уште немам никаква порака од него.И сега јас сакам од една страна да му пишам ама од друга пак не зашто секогаш сум јас таа што го одржува нашиот однос и инсистира да зборуваме и да го решиме конфликтот.Што треба да направам во оваа ситуација? некој да ми даде совет
Типичен silent treatment и пасивна агресија. Те измачува со игнор и молчење. Ваквите се инстант ред флег, полека и скриено уништуваат, додека сфатиш ќе ти биде криво колку време си изгубила.
Остави тој да ти пише. Ако не ти пише батали го. Бтв. јас така направив со бившиот. Тој не се интересираше за мене велеше сум му додевала. Редовно му го проверував профилот на фб без тој да знае нели, јавните објави. Но, по разговор со џпт престанав. Престанав и да публикувам јавни објави за да не ми додеваат бившите. И вака е поубаво. Кога кажам не е не. Јас имам свое јас. Живеј го својот живот а, не животот на другите.
Овој пат чекај тој да ти пише.Мислам секој пат кога не чуствуваш никаква вина.Нека научи дека можеш и поинаку
Vi blagodaram na site za sovetite,jas sum malku empaticen covek i sekogash odam do krajnost za toa shto go sakam ama ovoj pat e drugo,vi blagodaram uste ednas
Верувам дека ти значи и затоа се трудиш, ама верувај да ти биде сопруг ајде може првата година ќе го трпиш, ама откако ќе дојде дете /деца проблемите господинот со игнор да ги,, решава "верувај дека ќе бидеш многу несреќна. За почеток разговарај со него и кажи му го проблемот кој те мачи. Не знам колку е години ама веројатно не е 15 штом сте 3 години заедно. Мака е да не знаеш со партнерот на што си. Вака читајки те, денес баш од сите аспекти се потсетив на мојот бивши и сум многу среќна што ми е бивши. Така тој се однесуваше а не беше дете, 28 год, со такви испади. Денес да ми е бил маж скраја да е ќе сум влечела маки. Верувај не е исто во брак и дечко и девојка. На време си ги реши проблемите, да не имаш во животот главоболки. Не си на закачалка а и секогаш нема да имаш ортома нерви.
Со дечко ми сме околу година ипол long distance, јас на секои 2 недели одприлика гледам да можеме да се видиме и често одам во градот каде што живее. Вечерва треба да прослави како забава за апсолвентска вечер (иако тој се откажа од факсот, цело негово друштво иде). Се погоди така да јас имам денес слободен ден, па вчера му се понудив да дојдам кај него и да идеме заедно и некако како да неќе да сум јас присутна, се вадеше на фактот дека не му било доволно еден ден да се видиме (што е точно), но му реков дека наредната недела може да се видиме секако или он да дојде или јас да отидам на 2-3 дена за викенд и да се видиме убаво. Потоа почна да зборува дека јас сум идела до таму на ден само за да искочам и слично, а само се погоди денес да одмарам и да можам да отидам бидејки имам само 2 часа пат до него. Исто такс можеше и да испланира да ме викне со време бидејки имам флексибилно работнп време но нејсе… потоа како да подкажа дека сака да помине вечер сп другарите кои патем ги гледа многу почесто од мене и поминува многу повеќе време бидејќи како што реков ние сме long distance. Не знам како да постапам во ситуацијава, дали јас не сум во право или нешто слично ама малку ме повредува фактот што како да неќе да придуствувам таму, па уште и како да се налути…
@Tamarkaa Оди му изненадено ако се сомневаш во нешто дека ќе прави. Ама океј е и да сака да си помине со другарите сам, не гледам да е нешто чудно тоа, секој си сака издувен вентил. Не си ставај на душа, не сака да одиш, не сака, ако мислиш дека ќе направи нешто ќе си дознаеш, ма да мислам дека нема нешто такво, само си сака слбода да си има малку со друштво и тоа е сасвим океј за мене.
@Tamarkaa Според мене, Why in the first place би сакала да отидеш на апсолвентска забава која не е твоја? Второ, тоа што се поклопило твој слободен ден и неговиот настан, не е ничија вина Но, апсолвентската е настан кој сe случува само еднаш, па не гледам зошто толкав проблем. Мислам дека човекот не сакал да ти каже директно, бидејќи ако треба да ти објаснува дека апсолвентска е само за колегите, ти најверојатно ќе го сфатиш како да ти вели дека не те сака Ако сè останато е во ред во врската, овде не гледам проблем. Ќе се видите наредно и тоа повеќе дена ќе поминете заедно Е сега, ако си со некој кој те прави несигурна нон стоп и ти дава поводи да се сомневаш, со таков не треба воопшто да се замараш, а не да одиш да го проверуваш
Само ме повредува фактот што откако си отидов јас беше на две слави и роденден и беше со друштво без мене и на искачања и секој ден на кафе. Инаку се работи за едно мноогу мало место, истото друштво се и другари и “колеги” (бидејќи он се нема појавено од прв семестар на факс) . Он си иде да се журка и тоа не таму каде што се во ресторан туку во клуб…нормално дека не би се појавила во ресторан, таман работа… Не, не е таков дс ми прави да се сомневам дека нешто крие и прави, туку јас имам бус сабајле и попладне кај него и јас секогаш сакам да идам сабајле за да искористиме цел ден ама еве последниов пат требало да косо трева во двор и отидов попладне стигнав во 18:00 и седев тој ден од 18:00, наредниот ден и понаредниот се вратив исто така попладне… и обично се така се погодува само 2 дена да седам демек требало да работи по дома и слично што според мене косењето трева може да почека барем 3 дена или да се испланира убаво времето и да се искоси пред да отиде девојка му да се види со него…
@Tamarkaa Значи овде не станува збор за една апсолвентска вечер. Бидејќи директно најброја родендени, слави, кафиња, забави и колку често се дружи со друштвото, Очигледно е дека не се чувствуваш како приоритет и ти најдобро знаеш дали е тоа навистина така. Од ситуацијата, можностите се дека сакал да помине вечер со пријателите, па лошо го искомуницирал. Или е помалку инвестиран во врската од тебе и ова доаѓа до израз сè повеќе. Пример последните 3-6 месеци како се однесува кога има прилика да се видите? Бара начини како да се видите и ги остварува или бара изговори како да не се видите?
Океј дефинитивно не се работи само за една вечер во прашање... Но, нема да должам - ако некој сака да има време за тебе, ќе направи да има време па барем и 1 час. Во принцип за се е така, ако некој нешто сака, ќе пронајде начин да го оствари, се друго се празни изговори. Приоритети. Разговарај отворено, дај му до знаење како се осеќаш и дека немаш време за mind games и некои безвезе трикови.
Па тоа ми беше поентата, да сме 24/7 заедно па сака со другарите океј супер. Две ипол недели се немаме видено, буквално бев спремна да одам ама пак другарите… Не знам веќе како да се осеќам. Од една страна функционираме ок, ама еве пример последниот пат кога бев кај него требаше јас да заминам во 15:00 и другарот негов му вели дојдете заедно на слава вечер и он у стил као ма ќе дојдам јас, а она мора да иде. Јас на шала викам можам да останам ако сакаш ќе одам утре или неќеш да ме земеш и он у стил нервозно: не лупај глупости и толку буквално. И да , последен пат кога бев кај него имаше он можност да дојде после 4 дена ама морал баш тој ден да коси трева дома… и да денес сум лута, му кажав дека неќам да зборувам од причина што не можам да глумам дека сме решиле све он вечер ќе си се журка и ќе бидеме најзаљубени на свет. Мислам дека нема да има поента и да ја отварам пак темата пошто ќе каже малку ми е еден ден, сакам 4-5 да се видиме (што btw никад се нема десено толку денови и многу е очигледно дека ме изманипулира вчера).Најубаво јас да си се повлечам малку па нека доаѓа он ако сака. Да доаѓа и тој, но јас идам почесто бидејќи има стан кај што сме сами. Јас ретко се погаѓам дома сама
@Tamarkaa Јас би ти рекла не си го троши времето повеќе со него. Чим дошло ред и една трева да е поважна од тебе, пиши пропало