Твое лично мислење од Февруари оваа година, за тогашниот проблем за кој ти одговаравме. И ова ти е одговорот. Навистина не си го троши повеќе времето, заслужуваш подобро
Една врска не е само секс (иако е битен). Ако веќе зборам, не верувам во тие врски на далечина. Не дека мора 24/7 да сте, ама односот, ставот итн., кои ги има мислам дека највеќе ќе ти даде слика за тоа каква личност имаш пред себе. Викај ме традиционална, ама нивото на степен на образование донекаде и одредува каде ќе бидеш во животот. Од лик што се журка, едноставно не би имала големи очекувања (освен нели, ако не го гледаш како некаква си минлива фаза?).
Моментот кога се друго е поважно од тоа да се видите пиши пропало. Имав една дечко така, ми стана сеедно дали ќе одам или не. Ми беше подобро и кога не одев. Ми беше подобро кога излегував со другарки него со него. Џабе повуци-потегни. Треба сериозен разговор ако веќе ова станува проблем за тебе.
Пријателка се гледа со едно момче, кратко време одат. Момчето сеуште ја нема запознаено со неговите, всушност луѓето не ни знаат дека има девојка. Кога зборувале на телефон, мајка му влегла во соба и тој рекол со другарка зборувам. Таа нормално се навредила, искрено и јас би се навредила на нејзино место. Кога го прашала зошто ја крие, тој рекол дека сеуште е рано, не сакал да им се расипе ама ќе ја носел на гости да ја запознаат, да не се грижела. Друга ситуација, некоја девојка од неговото место ја додала другарка ми на инстаграм и и ставила лајк на сликите. Кога му кажала на момчево, тој и рекол веднаш блокирај ја, таа е оговарачка, трачари, се ја интересира.. Ми треба ваше мислење, зошто некој би се однесувал вака ако има сериозни намери?
Двајцата имаат 21 година. Не сакал толку рано да кажува на сите, така се расипувале врски. Тој му бил изговорот. ??
Девојчето мисли дека тој се срами од неа и затоа ја крие или дека нема храброст да каже на неговите. Си умисли и дека немало да им се допадне, па ќе се мешале во врската итн.. Филмови си направи во глава, се искомплексира заради него. Што ми фали вели, зарем не сум убава и доволно добра за него па ме крие.. А тој најверојатно се гледа и со други, ама кој да и докаже. Навистина не знам како да и помогнам.
Абе не е до девојчето едноставно дечково не си е сериозен си се гледа со повеке девојки. И башка 21 година ако има се гледа дека си е зелен уште.
Колку долго се заедно и дали се официјално во врска или уште само се дејтаат, не си кажале на што се? Да е тинејџер, прва врска нормално е така да изреагирал.. За запознавање со семејства и да е рано глупо е ако со некој си во врска да го претставиш како другар.. И никој не може да ти расипе ако ти не дозволиш..
Еве ја сум тип што воопшто не се бори, ако си паднал на нечија манипулација, толку од нас широко ти поле мене не ме занимаш уопште веќе. Посебно ако врската била на почеток.
Не ни треба да ја запознава одма со неговите, сама викаш идат кратко. Не глеам проблем тука. Но, делот со другата девојка боде очи. Веројатно има нешто и со неа.
Не знам зошто некој би седел покрај некој со кој не се осеќа најубаво на свет.. Зрелоста нема врска со годините.. Ако чека неговите да му кажат дали на нив им се допаѓа девојчето за да продолжат, не е до годините, на 20 си свесен сам да одбереш партнер..
Абе сериозност на 21 година и у почеток на врска, т. е. кратко гледање. Може таков му е односот со мајка му, ќе го замара. И ја би рекла "зборам со другар" реално. Ние може до утре да филозофираме како е, ама немаме појма искрено. И за другава девојка шо ја додала и лајкнала, зарем не познавате такви "теткици" шо сакаат да си го пикаат носот секаде за да им е послатко кафето. Сериозно. Во најдобар случај, да се гледаат уште некое време, да го запознае подобро и да види дали има иднина или не. Ако не планираат да се венчаат за година, две од сега, зошто би се запознавале со родителите уште сега?
Се согласувам, и јас не сум за запознавање веднаш со родителите меѓутоа нема зошто да не каже барем дека се гледа со некое девојче. Барем тоа е мое мислење, секако секој си има право на свое мислење. Жал ми е за девојчето што се нервира и се комплексира заради него но не сакам јас да испаднам виновна и си молчам, не и велам ништо.