Не е многу детски и однесувањето ви е третооделенско, не првооделенско, give yourself some credit, girl Млади сте а сте протерале 2,5 години врска. Релативно ретко за денешни времиња. Сум имал долги врски и гледано по мене, ова однесување на Ромео е симптом на попуштање на нерви и период на избледени чувства.. Не се знае дали периодов ќе се претвори во трајно избледени чувства, но моментално е тоа. И јас така имам јадено трици дека таа треба да симне две третини од кило и не сме зборувале по неколку дена, па и кога ќе се видиме веднаш гледам како да се скараме, како да се инатиме, и други девојки ми се чинат попривлечни (како тој еве, со твоите другарки...) Ќе мора да си поразговарате, не е ракетна наука, ако ви се создале непремостиви разлики, ќе мора да се соочите со тоа или ако се губат чувства, обидете се да ја освежите врската некако, ако има желба и од двете страни.. Сепак ми се чини ударците што типов ги задава имаат сериозна позадина, вакви работи заљубен дечко не ги кажува, и вака не се однесува... И запомни, ако е краткорочно, може да се објасни со инат. Ако потрае подолго време, тука веројатно имаш распад. Едит @ Spell - Тоа беше сарказам . Има ли еден мој пост на форумов каде што јас поддржувам неверство? Воопшто не се согласувам со таквиот начин на размислување, а еве...ViktorijaMari дури и ми се заблагодари
ахххх, тој инат бре леле знаЧи сите го имаме сите сме инаетџии али би сакала да знаеш, и на него да му каЖеш, на деЧкоти дека со инат ништо не се решава ниту пак добива. кратко и јасно, штом тој се однесува вака, оди побарај го и му реЧи од типот јас и ти треба сериозно да разговараме потоа прашај го што се слуЧило со него зар овие 2 ипол години во вода ке ги фрли заради еден инает или ? пробајте да ја решете ситуацијата со разговор, верувај ке упее, а и ти ке си ги симнеш од глава сите прашања и муки
Многу пати сме разговарале и си знаеме какви инати магарешки сме ама неможе да си го смениме карактерот тоа е. И двајцата си знаеме дека дојде ли петок обавезно почнуваме да си збориме и затоа на тие денови многу не им обрнуваме внимание. Ама здосадија веке стварно. Не за друго глупо ми е кога во школо сите чудно не гледаат како си минеме еден крај друг ко да не се ни знаеме ни ништо иначе ја 30 дена не би му зборела ама ете утре е петок....чекам да ми пише порака
ама знаеш дека со инатот немоЖеш да смениш ништо, само ке се јадеш уште повеке, ке ти биде тешко, јас мислам дека утре еве Чим велиш петок е ке се видете, поразговарај со него, за да ја решите ситуацијава
Ке се смириме нормално ама за 7/8 дена пак ке се наинатиме и ајде пак истотооо...јас мислам дека проблемот е во тоа што веке си знаеме дека колку и да се лутиме на крај пак се смируваме и тука нема што да се прави, сме зборувале за тоа многу пати и тој е инат и јас ниеден не попушта и затоа е вака. Неможеме еден без друг затоа и сме задно, да беа некои други ехееее уште кога ке раскинеа ама ете изгледа нам тоа интересно ни стана.
Стварно чудна работа... ама ко сте издржале вака до сеа... че се задолжи работата хаха.. само малку треба да смирите живци... и се разбира ако не сакаш да го изгубиш со тек на време и ако го сакаш и неможеш без него, да почнеш да попушташ оти од лично искуство знам до кај ме довел инаетот...
Minatotooo zdravo ! imam 17 godini i ''vrska'' od 11 meseci so dete sto go sakam i me saka. imam uzasno minato, sekoj den placev poradi toa no na nekoj nacin go ''zaboraviv'' za da se cuvstvuvam podobro i da odam napred. uste na pocetok mu kazav na decko mi za moeto minato: na 16 godini go imav prviot seksualen odnos i za vreme od nekolku meseci spiev so trojca. nemam opravduvanje za toa sto go napraviv, znam deka ja sum kriva megutoa bev premnogu razocarana od zivotot, sekoj den mi bese pekol i sakav da se dounistam sakav da umram. se kaam za se, no gjabe e . a ne mozam da ziveam bez decko mi, koga ke pomislam na razdelba srcevo mi se stega, boli, kine .. no toj ne moze da se pomiri so toa i nema nikogas da se pomiri. ne sum takva licnost no ete sum go napravila toa. toj duri i ne moze da poveruva deka sum go napravila toa a ne mozam ni jas kako sto ne moze i nikoj drug da poveruva. sto da pravam sega ???
Сега се зависи од него, Малечко. Што тој ќе одлучи тоа ќе буде. Се надевам ќе одлучи дека тоа што го има со тебе вреди повеќе, одошто било што друго и дека твоето минато не е причина да мисли дека ти си помалку вредна како личност и како девојка. Сите луѓе прават грешки, некои поголеми некои помали. Проблемот со него сега е што, за тебе веројатно мислел нешто сосема друго и откако си му прераскажала се си го шокирала. Сега размислува за сето она заради што мислел дека треба да биде со тебе, дека сака да биде со тебе... дали е тоа така, дали е вистина. Јас верувам дека е тоа така, дека ти не си поразличен човек од она како тој те има осетено од кога сте тргнале во врската, но прашање е дали тој ќе го сфати тоа, дали ќе успее да го преброди, пошто во моментов се чувстува како измамен претпоставувам, иако ти со ништо не си го излажала, а напротив си била искрена со него. Изборот ти е, или се бориш со сета сила да го задржиш и да докажеш... или му оставаш простор да самиот одлучи, па доколку те побара во ред, доколку не да продолжиш. И во двете ситуации можеш и да добиеш и да загубиш. Главата горе само, што и да се случи немој да се разочаруваш. Што се случило се случило, можеби си имала дебела причина зашто си го направила тоа што си го направила, и немој никој да те натера да се чувствуваш помалку вредна одошто си заради грешката што си ја направила тогаш.
Жепчестоно погоди центар со советот. Јас би се надополнил со нешто што можеби ти е помалку или повеќе познато. Обидувајќи се да бидеш искрена, и со најчистите намери, еве си направила штета. Но не си ти виновна во никој случај. Тој навреме дознал за твоето минато, иако баш и не морал да знае, тоа си е сепак твое, и учествувал во врската. И сега филмот е дека не може да се помири со тие факти веќе 11 месеци? Машките така размислуваат. Па уште и да им ја отвориш темата за бивши љубовници и веднаш слики имаат пред очи. И тие слики не си заминуваат лесно, најчесто воопшто и не заминуваат. Знаеш дека тоа било пред врската, знаеш дека е во минатото, но ете филмови се прават. Тука во главно поделбата е на 2 категории: машки што имаат 2 грама мозок и се свесни дека тие идиотски филмови можат само да ја расипат врската, и затоа не си дозволуваат тие нивни несигурности да избијат на површина. Твојот дечко спаѓа во другата категорија, за жал. Иако нема право да се буни, биејќи тоа било пред неговото време, и навремено бил информиран во што влегува, сепак не е доволно силен да размислува разумно, да свати некои работи. Тој размислува емотивно. и вашата врска страда како резултат на тоа. Совет? Ти си јако навлечена, а тој за да може да придонесе позитивно во врската ќе мора да прифати некои работи како факти на животот. Ќе мора да свати дека вие сте сега заедно и за да бидете среќни ќе треба нов начин на размислување од негова страна.
Се смирив со бивсиот во средата и веке поминаа 4 дена и искрено не гледам дека се сменил а ми велесе кој се смиривмо дека се пласи да не пак е идиот и да не пак ми го прави истото да не не се сменил а ми каза дека сака да биде со мене посто пред се имам разбиранје за него и му се свигам. За овие 4 дена освен во средата сто се видовме после не се видовме. Ми реце во цетвртокот ке се видиме отсабајле затоа сто е втора смена на работа дека ке станел порано но не направи така,стана покасно и изговор као требал на татко му да му однел алат на работа а после ми каза дека и бил до кафиц и исто така го немасе цел ден да се јави и кој му се јавив ми реце да не цекам на него. во петокот вцера ми реце дека ке се видиме да сум излегла со другарките па кој ке заврсел со работа ке ми се јави и ми се јави да ама ми каза дека ке останел со другарите,денеска му вртам не ми крева слусалка после еден цас кој му свртев со скриен број се јави и ми реце дека не го видел телефонот и ме накриви мене као јас крива и му казав како мозесе на поцетокот кој се фативмо да наогас време за мене а сеа не и не знаесе сто да ми одговори и ми реце дека ке правиме муабет. искрено,барам васе мисленје...стварно не знам сто да правам...
Од целово се видовме, не се видовме и ми кажа не кажа, заклучувам дека дечково сака САМО да ја прекине врската со тебе (Но можеби нема храброст да ти каже, па прави се за ТИ самата да го сториш тоа). Ајде биди храбра, разговарајте и прашај го директно ШТО ВСУШНОСТ САКА-секако ако и покрај ова сакаш врската да успее. Како и да е, подобро е да биде искрен и да го направи тоа отколку да одолговлекува, а можеби и е само некој минлив период ако не се работи за третта личност во приказнава.
го прасав дали сака да се гледаме сваки ден,ми реце не тоа као само по себе доагало и толку као немало врска сто не сме се гледале секој ден.И сеа?
Ти овај озбилно 25 ?? Мислам дека чим си игра трте-мрте јас не знам зошто воопшто сакал и да се смирите кога нема време за тебе . Дај му уште една шанса видете се правете муабет ако продолжи така ондак чао чао пријателу и решена е работата . Се најдобро
збунета, девојко па тој не заслуЖува ни тронка бе од твоето внимание и поЧit кон него дај седни и размисли си убаво дали вреди да се бориш за тип кој воопшто не го заслуЖува твоето внимание. оЧигледно дека Човекот се оддалеЧува од тебе и нема храброст да ти раскини па ти прави вака онака се си ти крива за се ова она, абе ги знам тие истории ејј, немам коментари за типот со неговите 26 год се однаса како 18 годишен тинејџер мој совет, повикај го на разговор и прашај го типот во кој филм е и зошто ти прави вака, само од него ке ги дознаеш одговорите на твоите прашања
Мислам дека не е правилно да ти даваме вака дирекни совети зошто не го познаваме типот лично,ниту што работа има и дали толку неможе да најде време за тебе,го имав истиот проблем едно време,само што мојот тип имаше 16,а не 25 смешно е на таа возраст така да се однесува,а ти толку го сакаш што неможешп да ставиш крај еднаш за секогаш гледаш дека те вртка,наоѓа некој глупи изговори да не биде со тебе.Мое мислење е дека на типот му треба само рамо за плачење и потпирање кога муе тешко самата помисла дека имаш некој покрај тебе прави да се цуствуваш поубаво.Но само тоа доколку те сакаше ќе трчаше за да се видите.
Се препознав во твојот пост збунета.Само што овој кај мене имаше 27 години и вадеше секакви изговори од кои на крајот ја изгубив довербата во него и денес го откачив конечно. Не вреди бре да се мачеш.Нели гледаш дека не се сменил а и самата го кажуваш тоа?Зар си должна да го трпиш тоа?Па ке сте се виделе па немало да се видите.Дечково е трчи лажи.Можел да одвои еден ебан пола час за да дојде и да се видете ама не го сторил тоа.Ти го молиш и му се јавуваш.Епа престани.Немој да го молиш зошто тој и тоа го сака ама не треба да му го правиш кеифот. Го сакаш,те разбирам како ти е,но погледни како те гази?самата си ја намалуваш вредноста.Остави го и гони го у три лепе.Тој не те заслужува.Можеш да си најдеш илјада пати подобар. Ти го зборувам ова од лично искуство,зошто до пред некој период го молев лиглето кое го сакав повеке од се,си ја газев гордоста,но со помош на советите овде и неколкуте ладни тушеви се свестив конечно и ставив крај.
Колку болка била предизвикана само затоа што другата личност имала...убаво лице. Толку! Точка! Без дискусија! Ете на тоа се паѓа, за едно симпатично лице кое личноста го добила со раѓање, го наследила, се сечат вени, се колнат на вечна љубов, и се вели никогаш нема да сретнам уште еден таков дечко. Вас не ве освоиле со карактер. Кој карактер? Некој што не ве цени, ве одбегнува, на кој треба да се тресете ако излезе навечер без вас? Човек што не е тука кога ви треба разговор, утеха, убав збор, прегратка? Човек што не знае да ви приреди ни минимално изненадување, еден основен гест... А сепак страници и страници се испишани на форумов, а и на многу други форуми, и колку солзи сте пролеале... А за што? За убаво лице. Сте прифатиле и трпеле нечии навреди, понижувања, мнозинството сте ги плеснале во вода сите критериуми кои сте ги поставувале претходно, само затоа што некој имал вакви-онакви очи, или бил два ипол месеци во теретана па му се оцртува мускул, или сте имале привидение дека зрачел со самодоверба... Дозволувате на многу наврати некој да ве понижува, си ја стапкате сопствената персона само затоа што мајка му го родила убав. За убаво лице. Повеќето тука сте почнале и завршиле на тоа, бидејќи од постовите, друга содржина кај момциве изгледа и нема.