Зависи колку е почеток на таа врска и дали двајцата веќе кажале дека се официјално во врска или е фаза дејтови за запознавање.. Ако е почеток и еден ден да е од денот кога сме кажале дека сме во врска, нормално нема потреба веднаш од запознавање со семејства, ама ако дојде до некоја слична ситуација нема потреба од криење дека имаш девојка и дека разговараш со неа.. Колку сака некој нека замара мајка, татко не битно имам право да кажам за врската толку колку што сакам.. Која е поентата да крие возрасен човек дека е во врска, не мора детали да кажува..
@LibreGirl Ако се во почетна фаза на запознавање и кликнување, тогаш е се уште рано за запознавање со најблиските и семејствата. Ама ако не се во почетна фаза и притоа одат за сериозно заедно подолго време и тој го игнорира фактот и моментот да ја запознае неа со негвите блиски, тогаш навистина тој ниту е сериозен ниту има сериозни намери со неа туку само губи време со неа користејќи го нејзинито внимание. А тоа со другата девојка, е еден мал сигнал дека е можно да флертува и со неа тој па дал така небулозен одговор дека е трачарка само за да сврти внимание манипулативно демек неверувај во се шо ќе видиш.
Би сакала да ми дадете искрена сугестија или ваше мислење . Јас со дечко ми сум веќе 1 година во врска. Искрено , супер ни е . Меѓутоа јас нема доверба во него, сум имала претходно 2 врски, и искрено ми биле доста токсични. Честопати се наоѓам во ситуација да не знам дали зато што имам претходно лошо искуство па си правам филмови, или затоа што ете имам некој филинг. Човекот е навистина добар, како што ми вели он, а и до сега , не ме повредил. Нормално во врска секогаш има нешто што нема да чини. Меѓутоа не знам, некогаш и ми е тешко да го пуштам неговото минато, е сега што значи тоа… поточно се запнувам за некои девојки со кој бил претходно и толку ме прави нерасположена тоа и некако ми се прават филмови. Не знам , би сакала да ми дадете ете како би се рекло совет, како да не се преоптоварувам со тие работи и да почнам да уживам во врската, затоа што понекогаш мислам дека ја кочам со мојата несигурност и моите мисли.
А како ќе ти биде тој да се запне за тие,ти што си била претходно.Верувам нема да ти биде удобно.Не комплицирај за нешто што поминало.Сите имаат бивши
Мене ми изгледа дека проблемот не е во него, туку во раните што ти ги оставиле претходните врски. Ако човекот една година ти покажува со дела дека е добар и не ти дал причина да се сомневаш, тогаш не е фер постојано да го казнуваш за туѓите грешки. Минатото не можеш да му го смениш, исто како што ни тој не може да ти ги избрише лошите искуства. Довербата не се гради со сигурност дека никогаш нема да бидеш повредена, туку со тоа да му дадеш шанса на некого што досега покажал дека ја заслужува. Ако продолжиш да живееш во страв од нешто што можеби никогаш нема да се случи, ќе пропуштиш да уживаш во врската што ја имаш денес.
@anonymousstr По токсични врски, треба да правиш разлика меѓу интуиција vs trauma speaking. Интуицијата би била да забележуваш недоследност во неговото однесување, делата не му се поклопуваат со зборовите, би ја чувствувала потивко, а појасно. Несигурноста произлезена од токсични врски би било постојано да кружиш со едни исти негативни мисли, не можеш да се смириш, бараш доказ дека нешто се случува, а немаш конкретна причина за тоа, имаш страв да си повредена пак и на готовс си - да пропадне работата. Не дека треба да си ги игнорираш чувствата, ама и треба да си бидеш искрена сама со себе и да си имаш self accountability
Сепак ќе пишам јавно. Ја сум разведена,но немам деца, имам 28 години. Неодамна запознав еден човек така да се изразам, на една моја другарка роднина. Сосема спонтано се запознавме, неколку пати се погоди да седиме сосема случајно во исто друштво. Човекот е инаку поприрода дружељубив, позитивен, насмеан се шегува и сетоа тоа. И не знам како да го кажам ова, а да не звучи поглупо од тоа што е. Во една прилика додека седеше до мене и нешто кажуваше или објаснуваше, неколку пати ме фати за колено. Кога ќе се поздравиме ќе ми ја стисне или задржи раката. Дури имаше еден повод кога нешто си честитавме на една слава и ме бакна нежно на образ само мене. Не знам дали има некоја хемија или симпатии или јас се глупирам. Ме заследи на инстаграм и ми става по некое срце на стори кога ќе обајавам стори, инаку ретко користам социјални мрежи јас. Е сега проблемот е што човекот е разведен, има 41 година и две деца, машко и девојче од 19 години. Имам пишувано многу по форумот, имав многу проблеми и поминив низ многу кризи низ животот и не знам дали ми треба сето ова. Никому до сега не сум спомнала, најмалку на другарката, незгодно ми е некако. Но понекогаш сум осамена, ми треба друштво и внимание и мене. И никако да запознаам некој што ќе ми одговара, после последната врска решив да не брзам.
@m.m12345 Според мене, Пред да ја анализираш раката, коленото и срценцата на Инстаграм, прво види дали човекот actually се труди да те освои и дали покажува јасен интерес Бидејќи од ова што го пишуваш, повеќе ми личи дека даваш поголемо значење на неколку ситни low effort гестови отколку што тој реално вложува труд да те запознае и да биде со тебе I mean, седни, размисли дали навистина ти се допаѓа тој како личност или едноставно ти годи малото внимание поради моменталната осаменост Прво утврди го ова, пред да одиш неколку чекори пред приказната кога човекот реално сè уште нема преземено ниту еден конкретен јасен чекор
Малку е постар за теве а 41 година разведен ми се чини дека е љубител на дами како тебе, 28 години си не се глупирај со такви мажиња.
Имаш само 28 години. Млада си, а сепак зрела на таа возраст и мислам да не улетуваш во лер. Не знам што имаш поминато во животот, велиш многу. Ако е така стави се сама на прво место. Ќе се појават понатаму а сигурно се појавуваат и сега мажи. Не би брзала јас, од каде знаеш кого ќе сретнеш ? Сакам да кажам, може ќе се појави некој многу по софистициран, и поблиску на возраст. Не дека е стар 41 год, ама мислам ќе имаш и подобри прилики.
Јас немам ништо со човекот и ова сум во споделила само тука Секско не би брзала по секоја цена, не мора секоја симпатија да прерасне во нешто друго. А и незгодно ми е од другарката нејзе и е роднина, мислам дека ќе ме гледа со други очи. Не би брзала со ништо времеро ќе покаже
Тоа што ми боде очи е тоа што те допирал за коленото, невкусно делува, уште не се ни знаете убаво а не сте ни во врска за тој така опуштено да си се понаша. Мислам дека не му е врска со тебе - намерата .
Во ред тоа. Ама потенцираш дека си разведена. Потоа кажуваш дека ти стои дека има некоја хемија. Па дека си осамена и некогаш имаш потреба од некого. Затоа и така ти одговорив.