Не ми е толку возраста проблем. Но маж, разведен со деца. Големо НЕ. Според мене човек штом добие дете, нормален маж, тука веќе треба да заврши со бркање на жени. И да си живее нормално. Можам поинаку да го концепирам прашањето Тој оставил жена со две деца и ти му веруваш на тој човек дека имал чувства? Не си ја барај беЉата
А за маж со деца што жената го оставила?Инаку сум на истото мислење со тебе,да си сноси одговорност за децата што ги створил
Можеби жената го оставила него.Мислам во 90% случаии жените се тие што бараат развод.А можеби и двајцата така одлучиле. Тие што се разведени немаат чувства и немаат право да имаат партнер повторно?
Апсолутно си во право. Може жената го оставила, може со своето однесување придонела за разделбата, никој не знае. И не значи дека ако е разведен, не се грижи за своите деца,дека не одржува контакти со нив. Само се надоврзувам на тебе и се сложувам со тебе. Сепак, членката никако да не избрзува, прво убаво нека ги процени околностите и намерите на човекот.
Се глупираш. Штом те допрел целта му е јасна. Те видел помлада и посакал да те легне. Салам маж знае дека не смее да допира девојка без нејзина согласност и јасен интерес. И не ни личи да бидеш маќеа на деца чии години не се голема разлика од твоите. Не се залажувај оти си осамена. Подобро да си без никој отколку со погрешен тип кој ќе те искористи и фрли ко партал. Остави нека помине време, па барај си врсник или само малку постар.
Според мене најважно е да се прашаш не дали му се допаѓаш ти нему, туку дали тебе навистина ти одговара тој и животот што доаѓа со него. После развод и тешки периоди, сосема е нормално да ти недостига внимание и блискост. Само внимавај осаменоста да не стане причина да прифатиш врска што инаку не би ја избрала. Запознавај го полека, без брзање и без однапред да си создаваш очекувања. Со тек на време ќе видиш дали навистина постои хемија, дали има сериозни намери и дали ви се поклопуваат вредностите. Разликата во години и фактот дека има две речиси возрасни деца може да биде проблем за на долг рок според мене..
Какви се овие коментари и драми за разведени луѓе? Па зборуваме за млади луѓе, кои сигурно ако се разведат на 30, 40 години нема засекогаш да останат сингл затоа што имаат деца... Јас имам огромна почит за луѓе што се разведуваат, затоа што многу е тешко да ја направиш таа одлука, колку и да е правилна. И верувам дека разведени парови се и најдобри родители затоа што не растат деца во несреќни бракови. Штом човекот има 40 години и 19 годишно дете, значи многу млади се земале и не сум изненадена што завршило во развод. Од некаде одма направивте приказна дека он оставил жена и деца... простал'к. Да не зборувам за егото што го многумина имаат да прифатат партнер со туѓо дете, па да љубоморат ако човекот си има добри односи со децата и бивша му... Бтв зборуваме за време кога да прашаш деца во 6то одделение да дигнат рака ако родителите им се уште заедно, само половина ќе се јават...
И ова преглуп коментар, мислам, секој може да си има свои граници секако, ама нема да правиме негативец од човек кој едноставно флертува во живо со допир.. јас тежнеам некој да знае да се пушта очи во очи, а не преку лајк на стори.
Здраво на сите. Се зачленив на форумов за да побарам мислење од вас. Морам прво малку да кажам за себе за да разберете како дојде до овој „проблем“. Работам во маркет како касиерка, а веднаш до маркетот има Авто-мото сојуз. Таму работи едно момче кое често доаѓа кај нас да пазари. Маркетов не е голем. Првиот ден кога го запознав момчево, јас седев на каса. Тој беше втор во редот, а пред него имаше една баба што долго се собираше на касата па тој си почека. Го погледнав и некако ми дојде смешно, ни сама не знам зошто, па му се насмевнав и тој си се изнасмеа. Од тој момент некако почнавме да правиме муабет. После тоа, секогаш кога ќе дојдеше ми велеше нешто од типот: „Кај си бе ти? Вчера не беше на работа, денот не ми го направи.“ По некое време ме заследи и на Инстаграм. Искрено, не знам како ме нашол. Потоа ми напиша порака во која ми кажа дека секој ден доаѓал во маркетот само за да ме види, дека денот не му бил ист ако не ме видел и дека сакал почесто да ме гледа. Ова требало да го решиме, а имало само еден начин. На крајот допишал Другото сама требаше да го разбереш. Што мислите за ова? Дали навистина му се допаѓам или можеби само флертува? И како би постапиле вие на мое место?
Па нормално флертува ако му се допаѓаш.Излези на состанок,на едно кафе пијачка,Запознајте се подобро,па ќе видиш.
За кафе ми нема пишано ништо само рече оти вчера не се видовме и денот не ми го направи должиш кафе и тоа беше.
Добро де, може мислел кафе му должи, за да излезе со него, а не дека треба она кафето да му го плати. @Olja5 зошто да не искочиш? Оди види како ќе ти се допадне, ако е ок, супер за тебе. Додека не видиш каков е со тебе и како се однесува, можеме само да нагаѓаме и ние, и ти.
Многу глупав муабет искрено. Ко сфаќам шеги и сѐ, ама покани ја на кафе ко нормален човек, да ми речи некој "должиш кафе" сигурно нема да му речам "ајде одиме да те частам". Биди внимателна и не очекувај премногу. Ако сака да се запознаете повеќе, ќе направи реален напор во врска со тоа.