Па ок, ама тој не ѝ пишал конкретно ништо за гледање. На пример, дали си слободна викендов да пиеме кафе и да се запознаеме подобро, наместо "должиш кафе" и да го снема. Возрасен и зрел човек не врти одоколу ако сака нешто навистина.
Според мене, Е нешто заинтересиран, ама не и премногу, head over heels. Бикоз, имал милион можности и шанси да ја покани директно на кафе, како во живо, така и на Инста, и не го сторил тоа Туку комуницира небаре се наоѓа во scavenger hunt, "Другото сама треба да го разбереш", а оно ни првото не е јасно Ја би рекла, сè додека не е јасен во комуникацијата, намерата и поканата, не трчај предвреме да градиш фантазии
Те поканил индиректно,таква прилика се создала.Намерата е јасна,дека сака да пиете кафе.Не знам колкав интерес треба некој да покаже,сеуште не се знаете доволно.На крај може и пријателски да се напиете,секое кафе не мора да значи и почеток на нешто.Можеби нема да си се допаднете во разговорот.
Леле ама го тупите за едно кафе, триста сценарија пишавте. Затоа се оди на дејт, за да видиш дали ќе ти се допадне некој, а не тука теории на заговор дали требало или не требало на кафе да отиде.
Ти како се чувствуваш, ти се излегува со него или не? Тоа е прашањето што треба да си го одговориш. Ако сакаш, излези, само ќе се запознаете, понатака ќе видиш дали тоа води кон нешто или не.
Доколку ти се допаѓа и се чувствуваш конфорно да излезеш со него излези , секско треба да излезете за да го запознаеш подобро. Нема што да изгубиш
Не знам дали посетуваш психолог, ама верувам дека ќе ти помогне низ разговор да препознаеш кога и како ти доаѓаат овие мисли. Ова е нешто на кое треба сама да поработиш. И воопшто, твојот поглед кон минатото/сегашноста. Минатото е минато, тоа стои таму. Минато определено свршено време. Зошто потенцираш дека си разведена? Истото како и членката погоре. МОСВ. Толку. Мене не ми се допаѓаат вакви ликови, што би рекла не си ставај трн во здрава нога.
Girl, ова е преслатко. Аман флертувај и ти, кажи му нешто у фазон ако сакаш да ме видиш надвор од работа тогаш ти должиш кафе, не јас. Како некој што работел на каса се стопив на запознавањево.
...можда неќел да биде нападен и го кажал тоа на заебанција, флерт е и очекувал да му речеш нешто слично во стил "еј епа ајде кога сакаш да пиеме" и тука се разврзува муабетот и се договарате да излезете. Многу се мислите искрено да ви кажам, мора некогаш да си опуштена и да кажеш да/не во зависност како се чувствуваш во моментот, не секој збор да биде предмет на анализа. Значи ако не ти се пие му пишуваш "понатаму ќе пиеме" или не му враќаш, ако сакаш да се запознаете ќе го продолжиш разговорот. Многу едноставно.
Абе ни се терате ни се водите.Ако и кажел директно, ке беше лелел остај го жити се, некое манијачиште е штом така директно ти кажал, па уште и да не сака кафето да му го платиш, бегај од вакви нападни, значи прекомплицирани сте.Аман бе дечкото ја свиѓа членката, но пази и не сака да е ВООПШТО нападен, па ко на шала го кажал кафето на друг начин,и е многу океј тоа, него ли да е МАНИЈАК, ко членката што ја ФАЌАЛ за нога човекот од 40+ год што имаше, значи дај соземете се аман од драми аман.
Не така директно. Флертувај... Можеш да го прашаш кога да ти го вратам долгот? И мене ова ме стопи. Уживај и опушти се и ќе биде се во ред.
Не е ко членката да треба да го купи кафето, туку е playful начин да кажи дека сака да излези со неа и тестира вода дали и та е заинтересирана за него. Ќе речи дека еве слободна е Петок за кафе, или дека буквално можи да му купи едно на работа (од продавницата) ама после то тој мора да ѝ врати во кафич (keeping it playful), или ова информација ќе помини преку неа и нема да ја уважи и не е заинтересирана? Флерт е. Флертот е ваков, малку од околу, полу-директен, со опипвање води зошто не знајме како ќе реагира другата страна зошто не ја познаваме, па тестираме пристап. И забавно е. Од дејтање најзабавен ми е флертот.
И мене. Its all fun and games се додека не отиде да му го врати кафето шо му го должи, и замисли, типот уопште да не се фати за новчаникот Знаеш колку такви има кафе тамо, сендвич вамо, цигарче онамо, сите должни му се на него Се надевам дека не е таков де.
Ама од информациите кои ги имаме во моментов не можиме да стигниме до заклучок дека е таков случајот.
Што се случува со машките ? Толку да не се знаело да се пушта на девојка и муабет саглам да се направи . Катастрофа
Дечки а зошто толку се комплицира? Дечкото звучи баш фино, не мора да носиме претпоставки дали многу или малку е заинтересиран. Секакви луѓе и карактери има, можеби му е срам да ја покани директно, можеби се плаши да не го одбие. Нема потреба од комплицирање, ако членката сака да излези можи да прифати и тоа е тоа. На првиот дејт со мојот сопруг јас го платив кафето, толку беше возбуден што направи куп мали "грешки", ама не си донесов никакви заклучоци, што и се покажа како правилна одлука бидејќи тоа ништо не кажуваше за неговиот карактер. Сакам да кажам дека времето сега е некако многу сурово. Сите осудуваме и се фаќаме за најмали ситници, па носиме заклучоци врз основа на нив. Се дава шанса кога некој ти се допаѓа и се простуваат такви работи, битна е конекцијата потоа и секако да се совпаѓате карактерно. Не треба да го процениме човек од прва реченица, прв разговор на социјални мрежи или некакви ситници од прв дејт кои можеби се случиле поради трема.
Зошто бе така? Не ги ставај сите машки во ист ќош. Јас на сите што сум им се пуштил, не ми одолеале и се фатиле со мене. Значи до човекот е, не е до родот.