Се потрудил дечкото да не испадне нападен, многу тумачење на два збора... Со самото тоа што кажал дека оди во маркет за да ја види има заинтересираност да ја запознае и дека му се допаѓа... На крајот и ние мажите сме само луѓе и има и анксиозни, овертинкери и кога навистина ни се допаѓа некоја не е лесно да си одбиен и знае да биде доста тешко да се почне прв разговор кога не знаеш апсолутно ништо за личноста.. Труд е и да најдеш некој на социјални мрежи, може му било непријатно во маркет додека е на работа да се запознае со неа... Кажал дека сака да одат на кафе, нашол начин да не звучи глупо и да има простор и за шала.. Едит: На крај едно кафе нема ништо лошо да направи само ќе го запознае подобро, па ќе види дали и одговара или не.
Фала ви на сите од срце за мислењата и советите не згрешив што пишав. Инаку денес бев прва смена, само што си дојдов дома. Дојде купуваше пак и ми вика што сокче сакаш да те честам? Викам уживај ништо не треба. Абе вика кажи да ти донесам и ај реков една лименка каква сакаш ти И толку беше. Не можев ништо да коментирам за кафе оти и другата колешка беше тука, а и луѓе се вртеа тука. Фала ви уште еднаш за се
Toa, aко ти си земала некој таков кој оставил жена и деца, не значи дека другите живеат 2 века назад.
Не знам колку е “љубовен” проблемов ама оваа категорија некако највеќе одговара. Во последно време се фаќам себеси размислувајќи за мојот најблизок другар како повеќе од другар. “Зошто не му кажеш” веројатно ќе си помислите, ама причината е што 1) не сакам да го уништам пријателството 2) не мислам дека врска би функционирала (има стотици километри меѓу нас) Му ја имам запознаено и фамилијата и сѐ, се знаеме три години, немаме исти размислувања за сѐ но секогаш наоѓаме middle ground, и искрено е единствен човек кој го имам во животов моментално пред кој можам да бидам целосно автентична. Во минатото има имплицирано дека можеби ме гледа и он како повеќе (или не знам, барем јас така го сфатив - имаше кажано нешто во смисла не би зборувал на камера со тебе со саати во доцни часови и сл. и дека тоа не би го правел со женско освен ако немало нешто плус) Како и да е, има поминато доста време од тоа и тек сега ми кликнуваат некои ствари. Не знам дали да кажам нешто или да си ќутам и терам како што е и да најдам дистракција од ова.
Километри не значат ништо ако има љубов, почит, трпение, доверба и желба за успех. Од многу пријателства започнале најубавите љубовни приказни.
Баш ова што го наведе го имам само со него, поблизок ми е и од фамилија. Има културни разлики, тој е растен во семејство каде што сите се блиски и се почитуваат, заедно со традиции и слично, за разлика од моето семејство каде што никој со никој не збори. Не знам.
Јас би ти рекла да се пробаш. Или барем да дадеш сигнали и да видиш до каде би одвеле. Кога веќе си сфатила дека има некое жарче, ако не се пробаш, во секој нареден може ќе се прашуваш како би било со овој.
Здраво на сите. Сакам да побарам совет за една ситуација во која моментално се наоѓам бидејќи веќе почнувам сериозно да се опседнувам и постојано да ја барам вината во себе. Јас сум помлада, а дечкото има 26 години. Се допишуваме и се знаеме околу 3 недели. Уште на самиот почеток (буквално на првиот дејт и во првите муабети) почна да зборува како сака сериозна врска и брак, што за мене искрено беше пребрзо. Јас се поставив малку резервирано, како „ледена кралица“, и му признав дека ми е страв да се опуштам за да не бидам повредена. Кога договоривме да излеземе, наместо да ме однесе на кафе, тој рече да одиме на некоја потемна локација. Јас одбив, па на крај се видовме во парк на клупи каде што имаше луѓе наоколу. Таму пак ми повтори дека бара сериозна женска, а јас му личам на добра девојка. Но, по тој состанок почнаа чудни однесувања и класични топло-ладно игри. На чет ми враќа по 1-2 часа, дури и кога е дома. Изговорот му е дека работи 24/7 и дека е премногу зафатен. Во исто време, редовно забележувам дека ми ги отвара сторињата на Инстаграм и е активен на социјалните мрежи, а мене не ми пишува. Кога намерно не му вратив на една порака за да видам како ќе реагира, тој исчезна цели 2 дена. Му згрешив и му заѕвонив на телефон, но не ми крена. Кога конечно му пишав пак, се постави како жртва и ми рече: „Не сме еден за друг, ти не веруваш во љубов, му признав дека и јас сакам врска, сакам да успееме и он рече, ме збуни скроз со твоето однесување“. Еден ден кога го прашав зошто го нема и кога пак почна со изговорите дека е презафатен, јас му пишав дека со такво однесување почнувам да губам интерес. На ова, тој наместо да се поправи, ми врати само со: „Добро, поздрав и сè најдобро“. Јас тогаш малку се исплашив и му признав дека ми значел, но дека сепак ќе се повлечам штом тој не сака ништо. На тоа тој само искоментира „дека и нему не му е лесно што го напишал тоа“. Се видовме накратко и деновиве, и некако се случи на крајот да се бакнеме набрзина (како блиц бакнеж), при што тој беше буквално „здрвен“ цел. Муабетите во последно време ни се со сила, од типот „што правиш, како си“, без никаква содржина и без никаква хемија. И понатаму со часови ме игнорира и со денови се однесува ладно. Се чувствувам како да се мајтапи со мене и почнав да паѓам психички, како мојата вредност како девојка да зависи од тоа дали тој ќе ми врати на порака. Денес конечно решив и јас да бидам ладнокрвна, да не му пишам и да почнам да го заборавам бидејќи не можам веќе да се мачам. Но, ме јаде мислата: Дали е ова класичен манипулатор кој игра игри затоа што прво збореше за брак па се повлече, дали има друга девојка, или пак слушнал некои лоши муабети за мене па затоа се смени? Ве молам за искрено мислење и совет од женска страна, без напади, млада сум и навистина ми е тешко да ја проценам ситуацијава. Што мислите дека му е поентата и како да постапам?
Лажго, женкар и манипулатор. Некст. Каков брак на неполн месец гледање.. машки како машки исти приказни.. гледај и број ги сите ред флегс. Не си ја барај вината во тебе залудно, не е до тебе.
Те манипулира, бегај подалеку. Сакал сериозна врска и брак со некоја што вчера ја видел?! Па уште и те казнува што си воздржана, те прави да се осеќаш виновна што немаш "исти желби" како него. Манипулатор, дефинитивно. Ќе си најдеш подобар.
Класичен манипулатор.Јас би те советувала што да продолжиш понатаму.За тоа не вреди да се нервираш и опседнуваш.баш тој почетен период треба да флерт и забава.Да уживаш во почетокот. Психички потруди се да се крениш,за некој што го познаваш 3 недли ќе паѓаш?Твојата вредност како девојка зависи само како ти се гледаш себе,а не некој таму.
Класичен манипулатор, ситуација чиста како солза. Она "бара сериозна женска, а јас му личам на добра девојка" ќе се претвори во тоа да ти наоѓа грешки и маани во сѐ што правиш, никогаш нема да биде задоволен и ќе те уништи. Продужи даље. Не ти треба типов. И твојата вредност не зависи од маж!!
Поентата му е оти сакал да те легне. Има многу жени шо паѓаат на тие финти за брак и врски, па мажите си ги користат за да ги легнат.
Пред се Здраво, Ке пробам да ти одговорам од машка страна: Прво све е супер што дечкото сакал сериозна врска, така и треба да биде на тие години, да имаш сериозност кон особата со која си, да си ја почитуваш, да си ја сакаш, да има максимално внимание еден од друг, и секако со тек на време љубовта да расне на повисоко ниво, но дечкото е класичен манипулатор и преварант, нит те познавал, ни знаел воoпшто, почнал тема што самиот збор БРАК е пресериозен за некој што е подолг период со партнерот/ партнерката, а не за некој што едвај име си знае и еднаш бакнато. Одма да знаеш во сам старт, дечкото седи на две столици моментално, има уште една особа со која нешто прави и не му е сигурна, и затоа игра топло, ладно, кога ја нема третата особа он ти враќа, посветува внимание, кога ја има ти си на игнор.Незнам колку години си, но еден најдобронамерен совет, блок на дечково секаде, и не му се замарај ама ич, верувај дека овој би те уништил психички ако продолжиш со ваков неранимајко, и тотално ке ти го уништи животот.
Прво, да те поздравам и да ти кажам дека никој нема право да те напаѓа и иако си млада, за мене е зрело твоето размислување и обидот да си помогнеш и да побараш мислења овде. И јас како млада сигурно не би ја согледала ситуацијата како што ја гледам сега, особено ако ми се случува мене. Значи, прво респект . Ќе пробам по ред да реплицирам на делови што мене ми паднаа во очи. Разговор за брак и сериозна врска на прв дејт го толкувам единствено како адидас што кажа, обид да "те легне", да те освои демек многу сериозен тип. Или тоа или нема никаква контрола на импулси па кажува се што му паѓа на памет (ако е стварно очаен за брак, ма да сумњам) Друго, да одите на темни места на дејт, а не се познавате добро, ми е многу неџетлменски, и ептен провидно што сакал да правите по темниците (сигурно не да те ожени) . Тоа "добра девојка за сериозна врска" мене ми звучи дека тој сака да му се погоди, а не мисли дека треба и тој да ти се допадне тебе и ми делува потценувачки и евентуално опасно, пошто после цел живот ќе те третира како тој тебе услуга да ти направил што те избрал. Кога видел дека не може толку лесно да дојде до својата цел (ако не е јасно, секс) почнале топло-ладно игрите. Се согласувам со форумџиката/џијата не памтам кој рече дека има и друга во игра најверојатно. Само, сакал да "ќари" и помлада плус, зошто да не. Комуникацијата му е припроста според мене, и воопшто не искажува почит или сериозни намери. Тоа што се однесува ладно е глупава финта да привлече внимание ти да трчаш по него, што понекогаш пали ако си несигурна во себе. Сума сумарум, не знам дали е класичен манипулатор или едноставно простак, ама не си ја намалувај вредноста да заглавиш со некој ваков. Допрва треба да си ја откриваш сопствената вредност и да ти кажам ако сакам едно нешто од овој пост да запамтиш е дека твојата вредност не зависи од ниеден маж, и општо од никој друг. Ќе научиш да си се цениш сама, и на вакви никавеци воопшто да не им ни даваш шанса. Поточно, кога тоа ќе ти оди од рака, тие самите ќе се откачат, зошто ќе осетат дека не можат да те владеат. Игнорирај го типов, не е добар за тебе Поздрав и секое добро