Здраво девојки, сакам да ве прашам за мислење. Бев во врска скоро година дена. Одеднаш тој ми кажа дека не сака сериозна врска и дека сака да се фокусира на студиите. Прво предложи FWB, но јас имам чувства и тоа не ми беше лесно. После разговорот ми кажа дека можеби некогаш пак ќе бидеме заедно и дека сега е пауза. Што мислите, дали ова повеќе личи на вистинска пауза или на раскинување? Дали некој имал слична ситуација?
Време е да ја затвориш таа приказна, типот ги изгубил своите чувства за тебе а прашање и дали и воопшто ги имал, како шо и повеќето прават денеска. Не дозволувај да бидиш изманипулирана за да бидиш бледа резерва додека тој во таа "пауза" го троши своето време на друга. Студиите се само изговор. Ако се има амбиција за љубов и му значиш, ниту една врска нема да му здосади на некого. Врската бара континуирано одржување, комуникација, време, почит и искажување внимание. Не губи време и стави крај, полесно ќе ти биде сега да преболиш отколку лажно да се надеваш кое на крај ќе заврши со уште поголема болка и разочарување.
@Sophiaa__r Тоа значи дека не те сака и тоа никогаш нема веќе да се промени. Тоа што после разговорот рекол дека можеби пак ќе бидете заедно, го кажал само бидејќи од прва не си прифатила да сте fwb. Па бидејќи знае дека ти него го сакаш, вака пробува да те фати на емотивна карта. Block him, like yesterday
Многу си малда за сепак да почнеш нешто што е поразлично од твојот стаус , и 41 години не се препрека ако се сака, но имаш нешто за тебе ново деца нов и не твој свет , не заслужуваш таква нова ситуација, малда си и сигурно ќе прпнајдеше некој кој првин со тебе ќе оформи фамија и тоа нешто што го залужувша само не брзај ....
Минатите денови сѐ беше нормално, чекав да се видиме бидејќи бевме на long distance поради факултетот. И претходно факултетот му беше на прво место, и кажа дека сега целосно ќе се посвети на тоа и дека бил мал за озбилна врска, дека немало никоја да бара сега бидејќи не сакал девојка и да се замара со дејтови, дека не сакал да се жени отсега и такви неповрзани работи, а буквално само пред неколку дена правеше планови со мене. И кажа дека бил приврзан за мене, но дека сега ќе пробал тоа да го тргне бидејќи приврзаноста му пречела. И откако понуди FWB, потоа кажа дека јас не би можела да го правам тоа бидејќи сум била многу заљубена и немало да можам без чувства.
Изговор до изговор. Ти направил услуга, не ти треба таква личност што не е искрена и што би те гледал само за секс. Терај даље, ќе има подобри дечки во иднина.
Ај реално вака, млад е, студент, сака да ужива во младоста, што е и нормално, не сака сериозни врски, му пречи, не сака обврски. Совет: Не се обврзувај сега, уживај во животот. Еднаш си девојка, цел живот жена. Треба фала да му кажеш, поарно да завршите вака отколку да го бараш по креветите на други женски.
^Нема врска со факултетот едноставно не сака да е со тебе и бара изговор.. Можеш да бидеш и студент и пак да си во врска..
Класично однесување на машко кога ќе му удри тестостеронот во глава и му се ебе. Кога му се ебе на машкото, ќе ти ветува бракови, чуда, вечност со тебе... се додека не ејакулира (сврши). Не за џабе некои девојки и со месеци не му „даваат“ на дечкото, за да ги видат неговите реални намери. Ако сака сериозна врска, ќе ги издржи тие месеци без секс. Ако сака само да плесне нешто, тогаш ќе продужи даље да бара друга жртва каде ќе може да си ги празни јајцата. Се надевам си научи лекција и ќе внимаваш повеќе друг пат. Ето видиш, и гласно си го кажал тоа, дека сака само да си ебе без обврски. И добро си направила што не си се сложила со FWB. Жени што се сложуваат со FWB се за жалење. И тие најмногу страдаат од тоа. Лажат дека се ок со тоа, со илузорна надеж дека можеби еден ден ќе му се појават сериозни чувства на дечкото и ќе почне сериозна врска и ќе ги жени утре. Никад не се десило. Дури и проститутките имаат поголема вредност за себе, бидејќи барем си наплаќаат за своите услуги.
@Sophiaa__r Твојата сродна душа ќе сака да е во врска со тебе Also, I promise you, ниту еден маж кој е стварно приврзан за тебе, нема ни да помисли да те остави На маж не му верувај што зборува, туку гледај го што прави. Воедно, знам дека имаш чувства и знам дека не ти е лесно, но блокирај го сериозно. Не му дозволувај да има пристап до тебе и да те влече за нос, во спротивно ќе изгубиш многу време и ќе бидеш многу повеќе повредена
Машко што навистина те сака и почитува ќе биде искрен према тебе и нема да те доведе да поставуваш прашања во оваа тема. Не си го губи времето, не за друго, ќе нема друга на располагање, а знае дека со тебе е на сигурно и само ќе те користи, а ти добивка никаква. Биди поголемиот човек во ситуацијава и сама раскрсти.
На културен начин ти раскинал, демек можда некад би било, ама изгледа нема да биде. Терај си даље, не се замарај со минатото
Ауу како да се фокусира на студиите? Што толку ќе му промени во студирањето ако е во врска со тебе? Ај јас се фокусирам на работата, која ми зима 1/3 и повеќе од денот. Што треба, да се „разведам“ со маж ми и детето? Ми сметаам во работата. Глупости. Батали го овој. Нема муда да ти раскине како човек, или има намера да му шета опашот и сака да те има тебе како сигурна резерва. Не ти треба таков ни за пријател, ниту пак за нешто повеќе.
Не е баш љубовен проблем, пошто нема љубов но сакам да слушнам мислења, да видам дали само јас трипам или нешто навистина не штима. Ми пишуваше еден тип пред неколку месеци, и на некој начин беше многу брзо приврзан. Во смисла, зборуваше како веќе да ме знае, па насекое кажуваше колку бил заинтересиран, сакал да се видиме, многу сум му се допаѓала а не зборувавме ни на една суштинска тема со која некој можеш подобро да запознаеш. И секако, онлајн само. Кога ќе го кажев тоа како можи да е толку сигурен за мене кога не ме знае реално, туку си прави идеја во главата за мене, ќе почнеше да се жали дека не бил добар во комуникација, немал искуство со љубовта, повлечен бил бла бла, но се трудел. И сега на мене останувало јас да се трудам бидејќи нема да успее еднонасочно. И секако тука беа љубовните рилсови од кои добивав ick, because why? Буквално ми се чинеше дека требаше јас амин да речам и тој ќе се декларираше во врска со мене. Целта му била среќно семејство да има. Не се видовме во живо. Long story short, престанав да враќам и не пиша пак, сѐ до пред некој ден. Си реков ајде можеби размислил подобро, научил нешто. But... пак некако почна истото. Муабетите: како оди работата, сега станав, сега ќе јадам, сега сум дома. Bro idgaf ко не ми збориш суштински теми за да се запознаеме. Ме прашува за на кафе да сме оделе, во живо да сум го запознаела подруго можеби ќе било, ќе ми оставел поинаков впечаток. Единствената причина што вратив беше, ајде да не бидам секогаш таа што се жали дека не наоѓа никој ама истовремено одбива кога има шанса. Но еве, навистина не знам, треба ли да се случи ова кафе? Скоро сум убедена дека ќе е само губење време и ќе морам да го носам цел разговор за да не ќутиме.
@Amellie13 И самата веќе си го знаеш одговорот Also, плиз, никогаш не се убедувај себеси да излезеш со некого или да даваш шанса out of guilt (дека велиш инаку се жалиш). Плус, веќе имаш ick Истиот мислам дека нема магично да исчезне оти ќе се натераш да излезеш со него. Imo, единствената причина да излезеш на прво кафе треба да биде дека искрено сакаш да го запознаеш и дека чувствуваш убава љубопитност, а не вина, притисок или обврска