Мајкари се, нема таков што гласот не му трепери пред мајката. Ама па и тие се опасни змиички, неспособни ги прават. Затоа нека им се по дома.
Наместо интернетот да ја поедностави комуникацијата тука гледам ја усложнува. Ќе го бараме времето на "мести ми ја другарка ти "
Вчера седев со другарки ( повеќето се во долги врски и мажени ). Една другарка почна да ми кажува како има комшија , добар , фин иако мразам така да ми увалуваат некој. Дечково ме адд на ФБ и ајде као прифати го , може ќе ти се погоди , не бирај ќе останеш сама и муабети од тој тип. Ај викам добро , го прифаќам и ок интересен ,се шалеше имаше некој ок муабет се додека не ме викна да излеземе . Викам деновиве не сум тука па кога ќе се вратам може , во меѓувреме му викам ајде одам да спијам јас добра ноќ беше 23:00 часот тој зачуден ми вика ау па ти рано спиеш , викам да а ти ? Вика не бе, седам до касно јас немам гајле . Вика работиш ? Викам да , на одмор сум средина на август а ти ? Вика , ее јас не работам ама и подолго од тоа твоето сум на одмор ,викам молам ? Вика па да , не работам што има лошо во тоа , не знам ни што да најдам , ама за тоа си ти тука да ми помогнеш ...инаку, секој ден дечково во 12:00 ми пишува добро утро . Мене ова воопшто не ми се допаѓа, се мислам дали воопшто да излезам , пак ќе ми рече некој сум бирала. Што да очекувам од дечково , не ми е јасно ?
Ништо да не очекуваш. Разбирам некој моментално да не работи, а да е во потрага по работа. Или да не работи исто моментално од некоја друга причина и пак да има план за работа. Ама ваков со хехенца не работам, повеќе од тебе сум на одмор, што е лошо што не работам, не ти треба ич.
Овој некој богаташ да не е па нема потреба да работи има повеќе од доволно ? Ако излезеш излези само на кафе , на ручек и вечера ќе му ги плаќаш ти. Покрај вакви, подобро сама дома ќе седам .
Биди дрска ако треба,јас така отерав по ѓаволите една познаничка,имала братучед за мене,а типот неозбилен и кога и се опнав да не се меша каде што не и е местото рече извини само .Тоа си е личен избор ,но не давајте луѓе да ви се мешаат во животот.Многу луѓе мислат дека знаат добро некого,а да погрешат. Затоа јас така викам ако сакам посредници,оглас ќе распишав.А не таму како братучед на оваа,и ја користи дека му е роднина апла женски да користи .Да припомогнам на некој ако можам да,ама да се пикам во туѓ живот не би имала срце .Сум запознала другарка со дечко,но им реков после вие си знаете.И така и беше ,сами се средија па се земаа .И погодете кој беше виновен кога имаше проблеми,јас , бидејќи сум ги споила(нејзините не го одобруваа тој брак на почетокот).А јас ништо посебно не направив ,само заедно излегов со нив двајца за да се запознаат .
Кога ќе се запнат така со местење, небаре ти фали нешто ако си сама моментално, па еве на сиротава да и местиме некој да не е сама. Особено тие сто години во врски и бракови од млади години што се скроз се делулу. Инаку со дечково јас не би продолжувала комуникација. Не ти треба легач што чека други да му даваат пари со глупав хехенце хумор. Понекогаш навистина има причина зошто се луѓето сами.
Апла ја промаши темава ова не е љубовен проблем ова е за во агенција за вработување.. или не знам тема не можам да најдам работа.. дечково не бара женска, работа бара..
А што ако е милионер, кој глуми невработен само за да го прифатат прво ради внатрешните квалитети? Како у The Prince & Me, кога Еди е уствари принц Едвард од Данска али сака да живее скромно и нормално, без привилегии.Пејџ мисли дека се вљубува у обичен смртник, на крај оп - краљица. Ова е најидеалното сценарио, другото е дека те гледа како биро за вработување. Другарката стројничка е друг левел.
Неработник, но сепак искрен човек, отворено ти ги кажува неговите особини (мани). Одбери според твојот морален компас каков човек сакаш да имаш покрај себе
И ако не ти се допаѓа (шо е сосем разбирливо) дирек преќини. Со сила само ќе заглавиш и време ќе губиш на некој ни 5 пари шо не вреди.
Црвено знаменце е да не работи, не знам сега колку години сте ама нема изговор да не работи. Јас не би си трошела време со него.
Супер ти е постов само пројдоа времињата кога мажите превземаа иницијатива. Никој не е будала да си троши време чекајќи некоја да се допише со 2508205820 души за да врати пол збор )
Мене не ми е јасно, ако не работи како ќе излезе на кафе? Со што ќе го плати ? Денес без пари кај може човек да отиде ?