Не прифаќај местенки. Другарка ти не може да знае сè ни за нејзините роднини, па камо ли за комшиите кога не живее со нив 24/7. Сите можат да глумат финоќа пред народот, а да се гадови зад затворени врати. Овој е мрзелив и може да те користи. Можеби во тебе гледа прилика да му изиграваш банка или благајна. Не ти треба тип по секоја цена. Подобро е да си сама отколку со погрешен. А, крај краева не е единствен маж на планетава. Ќе си бараш друг.
Ако некоја враќа пола збор, враќа од куртоазија, тогаш се прекинува разговор, не се вложува време во таа конверзација. Ама ако чекаш некоја ексклузивно само со тебе да пишува, а не знаеш како да водиш базичен разговор, е јбг, ќе дочекаш.
Што е најјако има вакви мажи, ама ај и тоа што го имаат не е од нив заработено него буквално од..подземј.., ова де, паднато од небото.
Денес мажите мислат дека девојката е таа која ќе му испрати пријателство, таа ќе превземе иницијатива да пише, праша. Истата таа ќе го однесее принцот на мама на ручек, таа ќе му клекни да го побара за маЖ, таа ќе му роди деца на дибекот, таа и нему ќе му биде мајка, а дефектот само поради тоа што е со маШко меѓуножје ќе ги ужива сите екслузивни права! Важи ај!
Уште еднаш ако идам на дејт да ме утепате. После долго време кандисав ајде, имаше и слушање допишување, се, и излеговме. Муабет врви се најнормално, третман ко кралица ми направи. Со манири со све, отварање врата на кола носи на дејт со стол повлекување абе се се. Она шо ми се допадна бев опуштена и своја, се зезав на свој начин исто и он осеќав како да си кликнавме. И се излажав секако! Од утредента, го нема ни добро утро ни добар ден, неколку дена минат нигде го нема. Се прашувам кај погрешив аман? Се си беше најнормално, јас работам он работи, не може да се вади дека е зафатен а пред да ме изведе не беше зафатен? Значи не. И ми пука филм оти и така ретко излегувам, му викам ај собери храброст па ми кажи кој к'р ти е ова понашање. Ми вика, искрено да ти кажам многу убаво ми беше пријатна си за друштво стабилна сериозна и на моменти откачена ама ми е страв да не те повредам. А не ме ни допре, и викам ок добро. И тоа, не е некој проблем повеќе сакав да се испукам некаде, како и да е веќе дејт не. Аман.
Пичкар, е тоа е копуков. Глупак. Фејк џентлмен, ќе те повредел бе Мажи ли се, куртони ли се шо ли се. Се изнервирав од муабетов. Претпоставувам возрасен е, не е некое детенце. Ама бар искрено ти кажал, без лажна надеж давање подолго време. На маживе им е страв од љубов, не се они спремни за предизвици и обврски. Така да поарно мирни нека седат, и не знам шо идат по дејтови, шо ем си го трошат нивното па и туѓото време.
Да, а знаеш шо мислам, види. Кај мене малку е специфично, јас сум со позадина, имам и дете. Он не, ерген. Да не се исплашил оти напомнав дека немам намера да раѓам допрва, а он сигурно у иднина ќе сака и свое дете, што го разбирам нормално. Ама можеше отворено и тоа да го каже, он мене ми се обраќаше у множина, ќе одиме ваму таму ќе гледам да има паркче лулашки да не му е досадно итн, го вмешуваше син ми у секоја реченица, као ме прифатил како пакет. А еве претходно пред година ипол скоро две, имав врска у покушај, тогаш беше друг случај. И он беше со позадина како мене и со дете, со него друг муабет беше. Е сега, врската не успеа меѓутоа си останавме пријатели ден денеска си живееме нормално
Има ли некое машко на овој форум да каже што се случува со денешните, не знам дали мажи е превеќе комплимент ? Ова не е нормално ! Општо од темава што прочитав и мене што ми се случи ,дека машко не работи ( во меѓувреме дознав дека од брат му позајмил пари за до продавница да купи за јадење) . Кога ќе ме праша некој ,зашто сум сама и немам дечко јас темава ќе му ја покажам. Ова е се, освен нормално
Види, мажите не излегуваат на дејт со намера да ја венчаат девојката понатаму. Така да, не е тоа. На овој му се немаш допаднато. И те откачил на културен начин.
Да, исто мислам. Само одглуми дека е демек ок додека траеше дејтот и после бек ту ријалити. А и можеби мислеше дека ќе ме легне, виде не бива и се откажа
Оди со сосема минимални очекувања на дејт, или кога ќе почнеш да се допишуваш со некој. Не знам што се случува, но многу тешко е станато да запознаеш некој на нормален начин. Сум имала супер разговори со момци што ги снемало другиот ден само така. На дејт не сум била од лани, ако рачунаш дејт едно кафе. Некако поприфатливо ми станува дека можеби не е толку лошо да е човек сам, ако имаш работи кои те прават среќна. Маж сега ти е само како непотребен стрес.
Апсолутно си во право, и да, под дејт кафе и сок беше, ништо повеќе. Сакаше на вечера да сме оделе предложи но не сакав и тука останавме поседовме... А и за другото си у право, дефинитивно ми е подобро сама
Не знам дали е ко што кажа членката, дека не си му се допаднала, можеби и не може да се носи со таа одговорност што имаш дете и што не планираш пак да раѓаш. Знаеш, за вакво нешто реално треба посебна особа, секој ова не го може, свесна си и ти. Излеа типот не бил свесен у што треба да се впушти, и на што да се нафати. Немаат капацитет ете, не можат сите, не сакаат сите. Пробувал он културен да биде ама не му идело, па се повлекол. Не знам ни колку сте комуницирале. Само сличен на тебе, у таква ситуација што е, иначе другиве тешко да се нафаќаат. Не биди песимист, стварно не знаеш што може да се деси и каде да те одведе животот.