конечно најдов дечко со супер човечки карактеристики добар паметен вреден снаодлив ..... но имам проблем не ми посветува доволно внимание ми се јавува по еднаш на ден се гледаме 2-3 пати неделно и покрај тоа што и двајцата имаме слободно време што е попаметно? да се биде малку битен на некој што вреди или центар во животот на некој што не ти се допаѓа ....
Збунета, Се заинтересирав и прочитав неколку твои последни постови. И се се врти околу него и неговото да кажам неубаво однесување. Очигледно дечкото те „подразбира“. Што значи тоа? Дека сфаќа дека може се да направи, а ти да му простиш. Така излегува. Затоа сврти го филмот. Одеднаш, кога ќе рече другари, речи супер, ќе бидеме другари, ама држи се до тоа. Не го барај, издржи, баш види дали тој ќе те бара. Па ако бара, речи му, нели сме другари? И се така на смеа, не го прашувај каде е, со кого е, биди насмеана но ладна, на дистанца. Нека се збуни, нека не те „подразбира“. А на крај, ова не ти го кажувам за да го добиеш, туку на крај - ладно откачи го. Не вреди, ептем забушава, цел викенд го нема. Не се замарај со него. И верувај, кога ке ставиш крај на таа врска, после една недела ке осетиш дека ти е убаво, дека не вредело. Ке ти биде супер. Поздрав!
Леле artemis многу убав совет ми даде, можем да речем најдобар и да знаеш дека ке те послушам, ние после постот што го пишав се искаравме односно он ми прати порака дека е завршено и отидов до кај него дома да го прашам што е проблемот дека нели сакал да се смири со мене и како одговор добив дека бил будала и поцнавме да се караме за да на крај ми рече ајде смирисе ќе правиме утре муабет. А за тоа дека знае дека се ќе му опростим ми рече и кога се смиривме као ах ти до сеа се си ми опростила па пак ке ми опростиш. Али мислам дека си во право и да знаеш ќе те послушам. Господ да ти даде ама буквално се што ќе посакаш,фала најмногу. Поздрав
Пак јас.. Значи ептен се разочарав...Мојата најдобра другарка го покани НЕГО на нејзиниот роденден за да овој може да биде со мене...Градовите ни се еден до друг...10 мин се патува само...Но, тој не дојде...На зид си напишал OUT во истото време кога беше во тек роденденот..Дали треба да го сватам бидејќи не е од мојот град или пак треба да сватам дека не го интересирам? На чет не ми пишува, другарка ми комуницира со него и ми кажа дека овој сакал да се мува со мене...Но на никој начин не ми дава сигнали..Збунета сум..Разочарана..Само вие можете да ми помогнете...
Бела хани , очигледно дечково обожава да глуми недопирлив и сето тоа за тебе да те нервиа и ти да се чувствуваш дека не си доволно добра за негово внимание . Но немој да потпаднеш под тоа влијание, тој точно знае што сака да постигне , а се чини дека тоа и му успева . Со тоа што и кажува на другарка ти дека сака да се мува со тебе е заради тоа што на некој начин сака да те бодри за уште да трчаш по него . Твое е дали ќе дозволиш да те влече за нос , со среќа .
И јас еднаш бев во ваква ситуација и цело време бев се чудев зошто другарка ми секогаш ми пренесува поздрави од него и ми кажува дека сакал нешто со мене, а он не ме ни загледува. На крај испадна другарка ми цела година измислувала. Провери и тоа.
Збунета, Не требало да одиш кај него да го прашуваш, ама биднало. Пак ке ти кажам, глава горе, не му ѕвони, збуни го, нека не знае што е следно. Биди весела, насмеана, не го прашувај тоа што очекува, туку тоа што не очекува. Биди таинствена, а не прочитана книга. Биди предизвик. Поздрав и со среќа.
НЕЌАМ ВИШЕ ДА ЖИВЕАМ!!!!!!!!ТИПОТ СЕ СТАВИ ВО ВРСКА СО ТАА НЕКОЈА ШО ГО СВИЃАЛА, А ТОЈ НЕА „НЕ“ (така и рекол на другарка ми). Го избришав од пријатели на фб, и више неќам да го смислам, го замразив за 3 часа!!!!!!
Смири се бела,нее ни ниту прв ниту последен,а како што гледаме не е ни вреден да кинеш живци поради него. Ако е во врска нека му е среќно,па тој губи не ти
Е де, големо чудо се ставил, за недела две ќе се одстаи, ти па за некој мо*ко викаш нејќеш да живееш, а колку проблеми те чекаат во животот!
Дечко ти е?љубовник?маж? Не? Епа може да прави што сака,не можеш да му забраниш. И прекинете да се замарате со тој фејсбук.Тури му пепел и барај друг.
Бела, ќе те прашам уште еднаш дали тој воопштп знае за тебе, дека ти се допаѓа и слично или се што се случува со него оди преку другарка ти? Сумлива ми е она...
Што мислите? Па вака... пред една недела со дечко ми кој одиме 9 месеци се договоривме да не се гледаме неокј период односно на пауза да бидеме но јас сето ова го сметам како да сме раскинати ... не си пишуваме многу само ако тој ми пише до сега само 5 пати ми има пишано и толку ... кога се сретнеме краток муабет и се разделиме, но кога кеме види ме гледа онака како да му недостигам со онаа негова мила фаца што знае да ја направи кога нешто не му е по кеф... на сите велел дека ке се поврнеме, дека ме сакал... но мене сето негово понашање не ми изгледа дека сака да се поврнеме или пак дека ме сака ...
симона самиот збор пауза зависи од многу фактори, не си ни објаснила зошто сте на пауза но како и да е јас би те советувала да поразговараш со него и да си одлуЧите дали ке одите понатаму или не, само тој може да ти го каже одговорот. со тие две реЧеници муабет кога се сретнете ништо не правете, мене ми изгледа приказнава како да сте раскинале а не сте на пауза, но сепак поразговарај си со него и тој наубаво ке ти ги појасне твоите сомнежи
А зошто пауза? Што потреба од пауза во врска од 9 месеци? Навистина, напиши причини зошто. Мене многу ме нервираат овие паузиве
Никогаш се немам ставено на пауза со дечкоми, а заедно сме речиси 2 години. Помислата на пауза, ме прави да мислам на разделба, а и за да се ставиш на пауза мора да има причини. Овде нема наведено никакви причини ! Според мене, коа јас би се ставила на пауза, тоа би било бидејки чуствувам дека врската се ниша и дека епотребно време за да се види дали може да опстане . Знам дека паузите се користат за тоа, или пак спротивно, за да ги разгорите страстите помеѓу вас, дај конкретен одговор, зошто таа пауза !?!?!!?!!
Ве молам за совет. Значи вака... До неодамна бев скарана со една другарка, но сега се смиривмe, и се е како порано, па дури и подобро, најдобри другарки сме, но таа во последно време некако се однесува чудно. Имам симпатија, и ние двајца не си разговараме бидејќи сме многу срамежливи, и кога сме заедно таа секогаш му прави муабет, си го покажува стомакот пред него како да сака да каже дека е витка, и тоа ме нервира, и тој секогаш зборува како таа да му е симпатија, незнам дали тој сака да ме направи љубоморна, но неможам да го поднесам тоа, а незнам како да и кажам дека тоа ме нервира, се плашам дека после тоа ќе ме исмева, незнам што да направам, ве молам помогнете ми.
А едноставно че и кажеш на другарка ти дека тој ти е симпатија и дека ти пречи тоа што таа така реагира пред него.
Ве молам за совет. охоо добро знам што зборуваш....без разлика дали другаркати го прави тоа намерно или ненамерно...обиди се да и кажеш на некој начин,или избегнувај да е заедно со тебе додека си со него.Ни нема што да ти биде срам...кажи си го своето мислење без разлика на било што па ако треба биди и дрска
Ве молам за совет. Уф тешка ситуација...па пробај види да дознаеш да не случајно и се допаѓа и на неа истото момче? Или можда она си е таква ептен отворена и желна за внимание па затоа така изводи.Ти ја знаеш каква е.Иначе не и допуштај толку слобода биди покомуникативна,гледај ти да му го одвлечеш вниманието а не таа.И зошто таа мора секогаш да биде со вас?Не ја викај со тебе.