Сеа коа ќе размислам можеби и подобро вака шо испадна. Секако не сум ѓубре да се внесам у врска со некој шо би имал планови и посакува свое дете своја крв а јас да му го оспорам тоа оти стварно ем не можам ем и не сакам, касно ми е, нема шанси. Боље ќе си најде слободно девојче и готово
јас па се запознав во живо се ова она до дејт не дојде затоа што, не одговара на пораки а ја прашав претходно дали има некој рече Не.
Не се разочарувај. Едноставно не бил за тебе и не сте биле на иста бранова должина. Машките се многу едноставни по тоа прашање. Ако им се свиѓаш ќе знаеш од старт. Можеби имал некои очекувања од тебе и видел дека немате исти планови, па се повлекол. Подобро е што одма ти кажал, да не ти го губи времето. Што е твое ќе си дојде, не се откажувај.
Што и кажал? Членката има напишано дека само престанал да и пишува додека таа не го прашувала па тек тогаш да и каже .
@Zvezda5 @Panda00 и тоа на буткање испадна, морав да се наежам ко паун и дури да му речам собери храброст (пичка ти мајчина си викам у себе) и кажи отворено... Инаку немаше ни да каже, може и ме излажа ама, како и да е, гајле ми е
Дај бе не замарај стварно со овие твои профили. Ми се смачи на секое да пријавувам. Толку да немаш акл да не сфатиш шо ти е проблемот, напорен си. Која ќе ти пише бе и нема да те блокне, коа ја бомбардираш со глупости?
Битно е дека сега си знаеш со кого си имаш работа и дека не треба да си го губиш времето. Заслужуваш подобар и ќе си го најдеш.
Епа како ќе фатиш дечко без дејт? Ќе мора некогаш и негде да излезеш. А овој или има некоја друга, а ти као резерва или има мешто кај тебе што не му се допаднало или не испаднало така како што очекувал и планирал.
Другар, еве скоро две години раат ми беше главата. Ќе терам по старо, не ми е зор за дечко ич, верувај...
Оти си го притиснала да ти каже, затоа ти ја направил "не е до тебе, до мене е" фората. Дефинитивно не си му се допаднала. И не добивањето на одговор, е одговор. Ама сите заслужуваат closure. Твојот си го добила сега. Heads up. Ќе дојде правиот.
Ти секако не си направила ништо погрешно си била искрена од сам старт,си била своја, опуштена и сте си поминале убаво. Некогаш луѓето навистина уживаат на дејт, а потоа сфаќаат дека не се подготвени за врска или едноставно не сакаат да продолжат. Барем ти кажал како се чувствува, наместо да те влече со недели во неизвесност.Не дозволувај едно лошо искуство да те убеди дека сите дејтови ќе завршат вака. Не се затворај целосно. Еден човек што не продолжил понатаму не значи дека нема да дојде некој со кого навистина ќе си кликнете и кој ќе остане. Подобро вака што уште на почетокот сте пресекле отколку да се гледате па после тоа да му текне дека сака дете или слично..
Сите сте у право, реално. Додуша не сум нешто заљубена па да ми е криво, ниту пак детето го сметам за минус, тоа воопшто, само ете во иднина ќе внимавам и поарно да не прифаќам средби колку и да ми ветува брда и долини додека не се покаже на дело. Ако па е пишано да остарам сама ок, и тоа е за луѓе
Готово, ми призна. И тоа е тоа што го кажаа скоро сите тука, не може да се носи со мојот "багаж" премногу сум била врзана со детето, а на детето сум и мајка и татко. Сега у овај момент ќе излажам ако кажам дека ми е сеедно, чувството е полошо и од шамар. Гадно, многу гадно...
Нема шо толку да си ставаш на срце. Едноставно те спасил на време. Многу мажи не се спремни на обврски, има и голем број шо не сакаат ни своите деца да ги гледаат. Едноставно такви се они а такви не ти требаат. Те гушкам, се надевам ќе најдеш добар човек шо ќе те гледа како капка на дланка
@Adidas888 преска стварно ми беше некако сеедно ама сега кога лично ми кажа, ме мавна со реалноста у фаца, ме здоболе, не знам како да ти кажам...
Знам дека сега ти е многу тешко и веројатно ти изгледа како да ти се срушило нешто во кое си имала надеж. Ама пробај да не го гледаш само како одбивање, туку и како една искреност што можеби те заштитила од поголема болка. Може во моментов не ти изгледа така но понатака ќе сфатиш дека така е подобро така отколку да те лаже па детето да се приврзе со него…