Нема што да ти е криво, ти ништо не губиш во ситуацијава а верувај не си единствена со ваков проблем. Блиска личност имаше проблем, таа беше во врска со еден дечко 1 година, имаше дете од бракот со бившиот сопруг, и ветуваше брда и планини и на крајот многу лошо ја заеба ама продолжи понатаму бидејќи мораше поради детето. Ќе ти помине, ќе бидеш подобро, немој да се каеш за ништо во животот.
Катастрофа мажи постојат , што да прави членката ако има дете ,да се убие ??? Што толку ќе му смета детето нема да го изеде и воопшто не требало да искача со неа штом тоа му било толкав проблем.
^ Апсолутно не да се убие дека има дете, ама нека нема очекувања дека слободен дечко може да изиграва татко на туѓо дете! Денес сопствените деца не си ги гледаат, не па туѓите.
Така е, ама уште пред да се случи средбата он знаеше за детето и општо скоро се за мене и никогаш не кажа нешто негативно напротив, а дека имав очекувања да му изиграва некој татко,, не. Јас самата сум тоа, и мајка и татко. Никакви очекувања немам околу тоа, од никој... Благодарам на поддршката, ми значи Ете проблем испадна шо сум била премногу врзана со детето. Па примери еве онаа го остави година дена онај го оставил две години ништо не им било на децата, е ми светна сијаличката, не го оставам детето па макар цркнала сама. И поарно сама, искрено...
@MiloMalo Подобро е прекин уште одма, по првиот состанок. Нема емотивна конекција и помалку боли. Не е ништо "до тебе", ти си била отворена и така и треба да продолжиш. Детето секогаш ќе ти е на прво место и никогаш нема да дозволиш било кој да ти каже поинаку. Нема потреба од разочарување, животот оди понатаму и ќе има нови луѓе и нови дружби. Имаш здрав став и свесна си дека си му се на малото. Уживај во мајчинството, а сама ќе познаеш кога ќе сретнеш некој што вреди да го запознаеш подобро. По дела, не по празни зборови.
Вие мајките бар никад не сте сами, си имате за кого да живеете Поголема мотивација од тоа нема. Не ви ни треба некоја будала која ќе ви го усере животот.
Де бре, те мафтал на тема дете за да му дадеш, видел не бива и отишол на следната. Мужи ко мужи, само на форумов се поштените.
Не знам дали е за оваа тема соодветно. Сакав да прашам, дали само мене ме фаќа анксиозност/ вознемиреност кога ќе треба да зборам со некој дечко или да се видам во живо? Многу ми е срам и се чуствувам исплашено , знам дека можеби вака е смешно од страна , ама па сакав да прашам дали сум единствена Имајте убава летна вечер
Нормално чувство е. Кај секого шо е повеќе осетлив, такво е чувството независно од полот. Нормално е кога прв пат разговараш или се гледаш да имаш трема, возбуда, напнатост и страв, после со тек на време како повеќе се запознавате опаѓа тоа чувство на трема бидејќи учиш повеќе за него како личност и се навикнуваш
Иста бев, ама го надминав тоа. Тоа е затоа што имаш ниска самодоверба, мислиш дека тој е многу повеќе од тебе и затоа ти се јавуваат такви чувства. Поработи на самодовербата и почни да размислуваш обратно, постепено се ќе се среди.
Вакаааа..... Јас сметам дека е нормално чувство ама во исто време дека имаме луѓе шо ни смирват нервен систем и луѓе шо го носат во престимулација. Јас сум навикната на второто и ако не е така не ми е "реално". Би рекла почесто така сум се чувствувала него спротивното. Со партнерот сега го доживеав првото и бев збунета lowkey од шо нормално ми е ова како тебе. Сакам да ти кажам да се движиш во граници шо ти се комфортни, то прво. Второ, гледај од кај иди чувството на вознемиреност. За каков впечаток ќе остајш? Шо ќе мисли за тебе? Или едноставно осеќаш некаква енергија шо не можиш да ја дефинираш од него? Слушај си инстикт. Ако се е во ред полека ќе се опуштиш и ќе си уживаш.
Сите сме различни, некој е повеќе срамлив, некој помалку. Нормално е да ти биде малку срам од некого што ти се допаѓа, чувствуваш притисок да биде сѐ како што треба. Проблем е ако те кочи во процесот, тогаш треба да се поработи на тоа. Генерално, решението е што поголема автентичност, односно да бидеш своја и природна. Ама тоа доаѓа и со искуството и себеприфаќањето. Не си ставај преголем притисок врз себе.
Здраво. Ми треба совет. Запознав еден дечко, случајно се најдовме во исто друштво па човекот отвори 5-6 теми, меѓутоа јас бев фокусирана на друго и со него не бев комуникативна. Јас размислувам да го додадам човекот на социјални мрежи само поради фактот дека поради мојата некомуникативност не ме додава тој. Претходно јас имам додадено, меѓутоа сега сум во процес на развод веќе 5 месеци па се мислам дали е во ред поради тоа. Од бракот немам деца. Иначе двајцата сме 30+. Исто така ако го додадам се мислам што ако тој помисли дека ми де допаѓа, сакам да излезе дека онака сум гопронашла па сум го додала. Ве молам за совет.