Каде беше наменето или центрирано ова кон мажи? На девојката ѝ кажав дека после развод треба да е слободна и да дише малку, никаде не беа спомнати мажи во центар.
Немој да го додаваш, во негови очи ќе испадне оти уште не си се развела а веќе аднуваш или бараш друг. Плус и една средба ви е само. Ако има шанси некако во живо пак да се сретнете преку твоето друштво , па ќе видиш понатаму како ќе се одвиваат работите меѓу вас. Ако се зближите ќе го додадеш.
Каква врска има ова со аднување некого на инстаграм? Мислам баш за покажување иницијатива ти треба одредена самодоверба.
Е, ама е немаме On: еден куп непишани правила, ако го адни од една средба, + во процес развод, може да испадни очајна, ако не го адни можеби си испушта прилика која би прераснала во нешто големо. Јас во случајов би рекол fuck it и би го аднал, крај краева friend request/connection e, како што рече некој пред мене, не нудиш брак. Може ќе се зближите, може и не. Некогаш треба да си ги послушам сам моите совети али coaches don't play...
Не беше специфично за тој пост хахах, мислев на општо, бидејќи забележувам многу луѓе кои се несигурни во врска со тоа дали да пишат, дали да чекаат, интерпретираат сигнали…
Што на пример ако останете до касно да зборите на телефон 2-3 навечер а дечкото работи сабајле и станува рано 6. Пишувавме сабајле пораки се беше ок, ми рече во 14:00 завршил да го побарам во текот на денот кога ќе можам да збориме пак , но еве го нема јас му вратив во 18:00 ја видов пораката , не сакам да ѕвонам и изигравам патетики. Мислите треба да замерувам утре ако ми се јави и да рече дека спиел и сл? Најок функционираме ,ова ме чуди малце од негова страна ?
Па..слично се случи пред една година , ми пиша сабајле дека спиел дека сме збореле до касно ама па што знам.
Најдосадно е поракирање по цел ден. Ја одма губам интерес. Интересно е за кратко, има некој шарм ама кратко. Боље е глас да се чуе, па уште и ако има секси глас, мераци.
Не, фала, овој е многу мачо за мој вкус. Овој да ме стегне костозглобна не ми гине. Боље некој умерено развиен