Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    468
    Пол:
    Женски
    Не знам . Сабајле во 4 ми пиша дека спиел денеска онака збориме поретко . Не знам како да го сфатам а ми вика дека се ок.
     
  2. Julianne89

    Julianne89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2022
    Пораки:
    68
    Допаѓања:
    183
    Пол:
    Женски
    Лаже. Се оладува.
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Medea.

    Medea. Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2022
    Пораки:
    853
    Допаѓања:
    2.383
    Пол:
    Женски
    Ако сте во врска една година разговарај со него очи во очи. Како одеднаш се случи тоа или ? Претходно каков бил?
     
    На Anonimnna5 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    11.276
    Пол:
    Машки
    Ако продолжи и во наредните денови вака да те игнорира, тогаш прашај го директно што е работата. Ако негира а продолжува со истото тогаш значи има проблем и те лажи дека се е ок.
     
    На Mumoftwo30 и Anonimnna5 им се допаѓа ова.
  5. Anonimnna5

    Anonimnna5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2019
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    468
    Пол:
    Женски
    Само што пишав , почна да ми ѕвони и као се ок не знам што , ми рече го мрзело да пишува да сум се јавела вечер и наводно веќе да не сме пишувале туку само да збориме и да сме се гледале . Чудно ама ајде. Фала ви како и да е. До каде ќе тера ова ќе видам.
     
  6. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.185
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Можеби е уморен од чат, можеби му здосадило да се допишувате, сето тоа е ок, се дур ти посветува внимание вистински, се вложува во врската, а тоа е во живо.
    Онлајн не го живееме животот, многу од вас заборавате на тоа.

    Прати како се понаша со тебе у живо, сама ќе си ги дадеш одговорите.

    Ако има некоја друга со која си попунува време, исто така сама ќе го увидиш тоа.

    Не се суди на прва.
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    11.276
    Пол:
    Машки
    Малце нелогично е тоа дека го мрзи.

    Реално не бара никој да се допишувате 24/7, ама ако ти е стварно важен некој, не би требало да ти биде тешко да одвоиш во денот некоја минута и за пораки бидејќи ете исто некој не преферира 24/7 па зборување на телефон ко тој шо го мрзи да пишува.

    Ок е да се преферира разговор на телефон и во живо бидејќи доловуваш глас или емоции, ама "ме мрзи“ е како недостаток на труд, бидејќи вниманието не треба да се дава само кога на некому му одговара.

    И не треба тоа "ме мрзи“ да стане изговор за еднострана комуникација. И плус како до вчера не го мрзело да пишува се додека не сте кликнале а денеска не сака? :?:

    Најдете заеднички јазик и правете го она што ви одговара и на двајцата, пример како што сте правеле до последно.

    И кога се има услов, нека се користат сите услови за да останете поблиску поврзани колку што можете без разлика дали е гледање во живо, зборување на телефон или пишување пораки, сето тоа е предност и треба да се биде благодарен зошто некогаш немале вакви услови а копнееле да прочитаат писмо или да се видат :)
     
    На Eunoia и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  8. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.185
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Мислам дека порано при ограниченост или недостиг на начини на комуникација, луѓето си биле посреќни и поспокојни.

    Технологијава не' утепа, матер ни изнаеба, али буквално.

    Излеа не знаеме, не сме програмирани сите да ја користиме на конструктивен начин :)

    Не е здраво да си хронично онлајн, јас лично се осеќам изморено вака, и безизлезно, као у лавиринт од кој нема излез.

    Не ми се живее некако у денешново општество, не глеам светла точка, само тунел и темница..
     
    На Tam4yy, Annora и Ta-mara им се допаѓа ова.
  9. Ta-mara

    Ta-mara Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јули 2019
    Пораки:
    674
    Допаѓања:
    1.322
    Пол:
    Женски
    На братучедка ми некој дечко и побарал Инстаграм а она нема и овој и рекол , значи фејк си кој знае дали воопшто постоиш. Сакам да се вратиме во ерата со телефони без wifi колку бевме посреќни...
     
    На Ouravanture, _Vera_, Mrs. right и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.185
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Ми се плаче колку сакам да се вратам назад со времето ;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(;(

    Посакувам да умрам отколку да живаем денес....
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  11. ThePharmacist

    ThePharmacist Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2020
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    975
    Пол:
    Машки
    Луѓего преку Фб и инста и сликите шго ги имаш таму добиваат претстава за тебе, твојот живот и прават проценка дали би имале нешто со тебе. Е сеа ако немаш фб или инста одма си "сомнителна".
     
    На Ta-mara му/ѝ се допаѓа ова.
  12. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    11.276
    Пол:
    Машки
    Ништо не значат социјалните мрежи и експонирањето. Апсолутно ништо.

    Е сеа ако целта им е друга преку сликите шо патем не значат ништо и да донесат заклучок преку нив дали те бива или не, тоа е друга работа.

    Жално време.
     
    На st-el и Ta-mara им се допаѓа ова.
  13. Indigo-Amaranth

    Indigo-Amaranth Нов член

    Се зачлени на:
    12 август 2026
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Здраво. Со родителите од секогаш сум стоела сосема во ред. Никогаш со нив не сум споделувала за дечко, едноставно не дошло до тоа, иако го знаете балканското: ,,ајде кога ќе те мажиме, да најдеш некој '' и слично. Епа, драги феминки, јас се гледав со еден дечко и сѐ уште се гледаме. Еднаш на мајка ми ѝ спомнав , бидејќи ми влезе во соба додека зборев со него ѝ морав да и кажам. Со дечково ми е стварно убаво , ме почитува, се согласуваме за повеќето работи, доста сме слични. Проблемот мене ми е што, мајка ми кажала на татко ми. Пак ќе кажам фини се и сѐ тоа, од секогаш ме подржувале, ама многу ме иритира фактот што мислам дечково како да не го прифаќаат. Го донесов дома да се запознаат, пред него фини, културни да се покажат. Тој кога им спомна дека треба да се планира и заеднички живот, јас да одам кај него, пред него се беше мед и млеко. Одошто заврши средбата, јас го добив подебелиот крај. Како така да сум брзала (јас имам години, не сум 18- годишна) и нели требаше да најдам некој??? Оттогаш , смешно или не , имам приметено дека кога ќе зборам на телефон со дечково, мајка ми стои пред врата и ме прислушкува. Бидејќи живеам и со дедо ми на долниот спрат ( одделен спрат е), и тој еднаш ме слушнал и му кажал на татко ми, еднаш дури мене ми се обрати дека сум зборела касно навечер. Значи, не ми се верува во своја куќа колку сум ограничена!!! Не можам да зборам на раат , а од друга страна ,,да сум нашла некој''? Дали е ова нормално?Па како да го најдам, со пораки пишување само? Навистина не ми е јасно што е толку криминал човек на телефон да збори со своја соба, не им зборам над глава. Многу сум разочарана и нервозна на некој начин од нив . На сестра ми не ѝ се мешаа , а се омажи со многу повеќе маани од моите на дечко ми. Да скратам, случајно дознав деа дедо ми се замешал со моите и дека не би ме пуштиле во друг град со дечково да треба да се преселам да живееме заедно. Јас не сакам да го изгубам од горенаведените причини, не знаете какви машки имам запознавано, овој ми е како 7-мица на лото. Многу сум разочарана.
     
  14. Cutiepie1

    Cutiepie1 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2018
    Пораки:
    1.740
    Допаѓања:
    4.788
    Пол:
    Машки
    Секогаш е тешка одлука...кога има мешање.
    Треба да си свесна и за последиците, ако не дај Боже погрешиш во врска со дечкото.
     
    На bicycle, Indigo-Amaranth и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  15. Alek90

    Alek90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2024
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    817
    Пол:
    Машки
    Дали е истиот тој што ти нудеше да се преселиш кај него во зграда без лифт?
     
    На Panda00 и Mumoftwo30 им се допаѓа ова.
  16. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.209
    Допаѓања:
    186.359
    Пол:
    Женски
    @Indigo-Amaranth и самата велиш дека не си 18 или помала, така да како би ти забраниле да живееш со него, па чак и во друг град? Колку и да се меша родител, како возрасна индивидуа знајш шо сакаш и се држиш до то шо сакаш ако вистина нема проблем. За контролирачки родители, према мене, мора цврста граница на шо смеат и шо не смеат и секое преминвање на поставената граница да биди "санкционирано" (разговарано, помествање на границата во построга, апсолутно продолжвање да прајш како мислиш итн).
    Така да ова? Проблем е само ако дозволиш да биди. Возрасна си. Се надевам и работиш/заработуваш шо носи до независност и то веќе треба да те прај незапирлива, а не да се думаш дедо ти дали те кодоши на татко ти дека имаш дечко на колку и години над 18 да си (вака пишам зошто немаш наведено години, а наводно си постара).
    Со тебе се умрежени и то не е нормално. Ако си постара и подолго време остана во домот, можи да кризираат и се плашат од фаза "празно гнездо", која би дошла со твое одделување и пробват уште поќе да те умрежат и задржат. Но, то е проблем кои тие треба да си го решат емотивно, а не ти да си го замрзниш животот for their sake.
     
    На Indigo-Amaranth, Mumoftwo30, bookslover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. fairy11__

    fairy11__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9
    Здраво не знам дали е за овде темата


    Имам дечко . Тој е се океј со него ми е преубаво , се сложуваме , имаме исти мислења , едноставно како да го најдов тоа што го барав.Проблемот е тоа што моите родители се против врската затоа што бил од село, а јас од град. Тој си е вработен на убаво место помага плус тоа и дома. Купи куќа и во градов. Проблемот е тоа што од кај мене моите родители мисла дела јас ќе остам всело да живеам и дека таму ќе работам заедно со мајка му , а тие за џабе мене ми плаќале факултет да учам. Цело време наидувам од нивна страна дека тој мене ме лажи . Дурии и не веруваја дека има тука куќа и беа да ја вида сами , а тогаш случајно ние поминувавме тука за на кафе и ги видовме мене толку многу му беше срам за тоа што го прават. Кога разговарав со нив за ова куќата не чинела зошто ја купил исто ко ништо да не купил кога му кажав дека ги видов и ми беше срам ми се обратија со тоа што нив очи му капеле кога ќе кажеле дека имам дечко од село. Дека никој не знаел дека имал купено куќа и дека луќето ќе викале ахаа етее таа ќе си остани таму цел живот.А да потенцирам тие се распрашаа каков е и добија позитивни одговори дека е добар вреден лош збор дека се нема служнато за него и првен се беше одобрено. А мајка ми ме навредува со тоа што сум била ментално болна, сум била грешна, сум била глупа. Дека другарките ми се смееле дека сум имала дечко од село, што и да се случело понатаму мене вратата ми била затворена засекогаш. Да му сум се скрала .Плус тоа кога и да зборувам со него на телефон , мајка ми влегува и се дери по мене за рандом работи.Кога и да зборувам со нив и да му објаснам дека куќата почна да ја прај, тие вела таа е за рушење.Почнав да му давам споредба со претходната врска дали е поарно таков од град што се коцка, дрогита и што психички ме малтретира или некој што ете е од село разботи чесно и ме цени и почитува. Ама џабе сето тоа, сега дури и ми забранија да ме излегувам цело време , дома до 12 .Добив закана дека ако не ги положам испитите дека повеќе нема да ме остаа да учам а ми се остамати уште две години . Еднаш ми рекоја за џабе учиш медицина барем да те запишевме да учиш за ветеринар ко секако ќе скапиш всело.Дечкото знај за сето ова, рече дека не му е битно што мисла тие и дека ако треба ќе ме земи, дека и ако не ме оставаат да дозавршам дека тој ќе ми помогни. Еднаш сакаше да зборува инив ама знам дека ништо нема да биди, бидејќи еднаш му реков да ве запознам ама не сакаат. Дома никој не ми зборува , единствено нешто ако му зборнам јас и ми велаат ете почна да збориш селски. Секој ден сум под притисок и не знам што да правам
     
  18. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.790
    Допаѓања:
    35.403
    Пол:
    Женски
    Колку години сте ти и дечко ти и од каде на него толку пари за да купи куќа?
    Еднаш викаш ти кажал дека купил куќа а еднаш викаш дека ти кажал дека правел куќа.
    Сигурна си дека не те лаже?
     
    На Mumoftwo30 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. fairy11__

    fairy11__ Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2021
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    9


    Двајцата сме по 24години. Пари за да купи куќа работел странство, плус то платата му е голем сега каде што работи и неговите работа земјодели овции итн. За куќата не ме лажи имам појдено , нештото што ми е кажамо ја прави е во смисла што ги туркаѕидовите зато што некој ги спојува како што му е замислено
     
  20. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    7.790
    Допаѓања:
    35.403
    Пол:
    Женски
    И шо вика, ќе чека да ја направи куќата па да те земе за да живеете таму или сака прво кај неговите на село да живеете додека биде куќата?