Што кога пишувате со некој дечко, зборите се е најок . Но, почнува ретко да одговара како да губи желба а од друга страна го демантира истото ? Сабајле отиде на разговор за работа ,му реков пиши кога ќе завршиш да не ти сметам . Другарка ми вика, сум требала пак да му пишам дали завршил и како поминал и реков па ,јас веќе му пишав да ми пише што ќе направи .ми вика епа ако де пак пиши му, затоа нема дечко да најдеш. Добро си викам па јас да трчам ли по него , се подразбира штом сум му пишала да ми пише аа не ми вика , јас дечко ми го молев за деца да имаме и сега ги имаме земени сме имаме ок брак...Што мислите ,дали јас "лесно " ги пуштам машките ?
Ако треба некого да молиш за нешто, батали таа работа. Ти си му рекла да ти пише, он ако сакал ќе ти пишел/јавел одма да те извести, нема зошто ти пак да му пишеш како помина.
Па по мене сам требало да ти пише. Ако му значиш одма ќе сака да сподели со тебе како поминал на интервју, нема потреба ти да му пишуваш.
Како може да знам дали ќе погрешам или не ? Се во животот е ризик и да згрешам имам каде да се вратам. Ти благодарам , но тешко е кога човек нема поддршка , а од друга страна очекуваат и јас да имам некој ,сега кога најдов не чини а дечкото е сосем во ред . Очигледно ќе треба да одам сама против сите . Само не знам зашто за мене вака испадна , многу сум разочарана и не знам веќе ништо.
Леле што е со другарка буквално те советува да го молиш.Ако си му била битна ќе ти пишел сам. No answer is an answer too. Имај си достоинство не биди ко другарка ти ќе си најдеш некој што те цени и заслужува а не некој што треба да го молиш. Никој не е вреден да се спушташ на тоа ниво за да го молиш.
Да си ја смениш другарката. Можеш да иницираш разговор, но не си должна самата да го водиш цело време. Не го моли. Он ако сака, сам ќе ти пише.
Здраво. Пред неколку месеци сосема спонтано на едно излегување се запознав со брат на една моја нетолку блиска другарка. Всушност со дечкото сме се имале на социјалните мрежи но прв пат го видов тогаш. После извесно време ми пиша и 3-4 месеци си пишувавме на инстаграм но на пријателска база. И не секој ден туку повремено, ми се допадна тоа што дечкото беше умерен и културен со мене. Неколку пати се спомна кафе но никако да се договоревме за термин пошто е и од друг град. Пред неколку дена ми пиша дека еден ден ќе биде во мојот град и сосема спонтано јас излегов и испивме по едно кафе еден час. И можеби малку беше глупо од моја страна но го замолив акос ака пред сестра му да не спомнува ништо. Всушност проблемот е што порано сум имала такво искуство, имав дечко кој беше близок на мои познати и тоа не заврши славно. Мене овој дечко ми се допаѓа, но не сакам како сестра му и околината ќе ме гледа ако се разчуе нешто. Тие се од помало место не би сакала озборувања и заклучоци а не сме ни почнале нешто.
Другарка ти не е во право. Еднаш си му пишала и доволно е, не треба да бидеш досадна, он ако сака ќе ти пише сам. Дури и кога не би му пишала ти он сам би те известил ако му е стало до тебе.
Чувај си го дечкото ако ти одговара, не ги слушај родителите, што има везе дали е од град или село. Ти по завршувањето на фак.сигурно во градот ќе најдеш работа, селата се блиску не е толку тешко да патуваш секој ден. Нека не те ограничува тоа, гледај дечкото да е како што треба. Со него ќе живееш.
Искрено, до сега што имам запознаено луѓе, овие од село се сто пати посаглам од колку од град. Не ми се јасни твоите родители , село како село е место нели? Можеш да го смениш , ќе се преселите во град и? Зарем не е поважно каков е дечкото како личност ? Што вреди и дечко од град ако е г...од човек!!! Не дозволувајте да Ви се мешаат родители ,да не се каете после. На твоите родители мислам дека не им е проблем дечково конкретно, сите ќе им бидат трн во око , односно ниту еден нема да им биде добар . Па ти види кого ќе слушаш и каков живот сакаш .
Го кажуваш како да си направила скандал. Ти тоа што си му кажала на сестра му да не кажува, он ќе помисли дека е сомнително. И да дознае да не ти е гајле може ќе бидне нешто убаво.
Твоите се тешки комплексаши и живеат за што ќе речат луѓето. Не им си битна ти, туку мислењето на другите. Жално ама според пишаново, така изгледа. Најпрво свести се во каква околина живееш, а потоа одлучи си за со дечко ти. Совети од луѓе што живеат за другите апсолутно не ти требаат, па макар биле родители.
Мислам дека треба да најдеш разбирање со твоите родители. Они се тие што ти платиле факултет, дечко ти што ти вика не го зимај при срце дека ќе биде тоа така. Немој да се ставаш во ситуација да зависиш финансиски од него.