Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    363
    Пол:
    Машки
    Мислев дека ова го има само кај дечина од по 14-15 години.. срамота е во 21 век да има вакви глупости.. од град од село.. пс. Селата се почисти и посредени од градовите.. јас барем колку што знам..
     
  2. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    4.025
    Допаѓања:
    10.768
    Пол:
    Женски
    Незнам колку години имаш, но знам како се чувствуваш.Мене тоа ми се случи, запознавав тип малку сум со затворен карактер и го одбивав иако тој упорен .После неколку недели,почна да ме вреѓа,да ме понижува,и останавме заедно и се така ми правеше.Сега многу години подоцна,и јас најдов маани на него и сфатив за кој сум се замарала.Подобро сега,отколку подоцна да страдаш и да се изненадиш.Сфати дека за некого ќе си убава,за некого најубава и може не толку убава .Тоа не е до тебе,а до нивните барања а машките се по малку груби суштества.Не ја прави истата грешка како и јас,зажалив што се газев за тип кој не заслужуваше ,,поубава,,од мене .Откако мина време како се разделивме,разбрав нова си нашол и неа ја навредувал .Таков си е типот ,а твое е дали ќе го прифатиш тоа во животот.Но знај дека тоа не е убаво ,ќе ти ја разниша самодовербата и секоја будала што ќе ти каже не ја земај здраво за готово.Луѓето викаат така,каде има многу ветувања,понеси мала торба(тоа значи дека не треба уште од почетокот да очекуваш премногу ).Тој маж не ти треба во иднина и друг ќе си најдеш.
     
    На Tam4yy му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Crnookata

    Crnookata Популарен член

    Се зачлени на:
    29 септември 2017
    Пораки:
    1.055
    Допаѓања:
    1.473
    Пол:
    Женски
    Грешка си,и кај возрасни ги има.
    Се замислуваат нешто повеке над тие од село.
     
    Последна измена: 19 август 2026
  4. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.424
    Допаѓања:
    7.301
    Пол:
    Женски
    Дечки денешно време е привилегија да се живее на село.

    Покрај толку брз живот, бетон, гужви, загаденост, животот во мирна и чиста средина е рај.
     
    На Trexane, eliesaab, FlirtBerry и 3 други им се допаѓа ова.
  5. Apash

    Apash Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јули 2024
    Пораки:
    217
    Допаѓања:
    363
    Пол:
    Машки
    То некој бандити така се понашаат.. со IQ колку собна температура.. на сите поделби што ги имаме уште фали да се вреѓаме граѓани селани..
     
  6. Малечка Малинка

    Малечка Малинка Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2025
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    871
    Пол:
    Женски
    А важно ли е? Таа пробувала да флертува со него или општи муабети? За работа? Ако тој ништо не и враќал и нема ништо контраверзно у муабетот зошто да става фокус на тоа и да му дава значение.
    Тоа дека не сака да се расправа звучи како да нема здрава комуникација и дека очекува наместо разговор да добие осудување и потенцијална караница, па сака да го избегне разговорот.
    Ако не е важно, не е важно. Не премислувај.

    Ако вистина рекол "мислам дека ќе си најдам поубава од тебе", искрено јас би се смеела на тоа. Бидејќи е толку безвезално и незрело што не останува друго освен да се изнасмееш на тоа и можеби да му посакаш среќа.
    Нема никаква причина да плачеш за таков лик.
    Верувај во својата вредност и не чекај валидација од други. Така нема да ги земаш зборовите здраво за готово.
     
    На Buttermilk, Tam4yy и _Vera_ им се допаѓа ова.
  7. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.185
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Колку е нормално да се кажуваат т.н. бели лаги? И колку често го практикувате тоа?

    Дали е толку лошо да кажеш дека си дома на прашањето 'Дома си'?
    А не си дома, си искочил низ улиците у маало, да те фати воздух.
    Причина за лагата: да избегнеш прашања "зашто сеа искачаш, касно е, темно е, немој сама" итн.
    Коа ти се јавува му викаш и признаваш дека всусшност не си дома..

    Дали е ова толку страшно?
     
  8. anggell

    anggell Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 ноември 2011
    Пораки:
    7.876
    Допаѓања:
    16.385
    Пол:
    Женски
    Мене ова ужасно ме нервира,лага си е лага. Вака кога тогаш ќе те фати во лага и ќе мисли дека лажеш за поголеми работи и ќе ја загуби довербата.
    Не си ја уништувај довербата за банални работи, кажи како што е.
     
    На CoverGirl10, Buttermilk, boo3 и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.185
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    А што со стравот, срамот, одбегнувањето на конфликт во даден момент? Објаснувањето, правдањето итн.

    Одбранбени механизми се ова сепак.
    Одбираш за да се заштитиш.

    Што коа нешто ти вика внатре да не кажеш?

    Не зборам за лаги умислени, однапред прерачунати и смислени со цел да правиш нешто гадно.
     
  10. bicycle

    bicycle Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2019
    Пораки:
    5.303
    Допаѓања:
    42.685
    Пол:
    Женски
    Еднаш кажав бела лага на бившиот, не зошто сакав туку затоа што морав, низ нос ми ја извади и секогаш кога ќе се скаравме, ќе го спомнеше тоа.
    Од тогаш, без разлика за што и да се работи, одбирам да кажам како што е, затоа што совеста ќе ме изеде бeз разлика за каква лага се работи.
    Доверба тешко можеш да ја добиеш од некого, лесно да ја изгубиш.
     
    На Mumoftwo30 и Mrs. right им се допаѓа ова.
  11. Hoping

    Hoping Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2021
    Пораки:
    759
    Допаѓања:
    1.893
    Пол:
    Женски
    Од каде потреба да се лаже најблискиот, оној со кој делиш се во животот?
     
    На FlirtBerry и Bitter-Sweet им се допаѓа ова.
  12. sino.o.oka

    sino.o.oka Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2020
    Пораки:
    874
    Допаѓања:
    4.309
    Пол:
    Женски
    Тогаш преиспитај се.
    Стравот е веќе опасно нешто, не би требало да го има во вакви банални ситуации.

    А за лагата, лага е. Подобро размисли што те тера да излажеш, зошто. Дали е некоја твоја траума, несигурност, или пак вака реагираш нешто поради поврзаност со партнерот, па ова ти е како одбранбен механизам. Во секој случај, седни и размисли добро, дали сакаш вака да продолжи врската? Во што е проблемот? Како може да се надмине? Дали си спремна да го надминеш? За почеток постави си ги овие прашања и натаму ќе те води ситуацијата.
     
    На bookslover и Mrs. right им се допаѓа ова.
  13. _Vera_

    _Vera_ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 април 2020
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    51.877
    Пол:
    Женски
    Прибегнувањето кон бела лагаукажува на други можни проблеми во односот - дали е премногу контролирачки, зависен, премногу "родителски".. можеби општо се избегнува конфликт во односот.. преиспитај се што избегнуваш со лагата
    Лично не би сакала да ме лажат за глупости, тоа би ми створило нервоза и недоверба.
    Имам излажано за ситни работи за да си скратам непотребни муабети, ама општо го избегнувам тоа бидејќи лесно заборавам и не сакам да се фатам на лага баш за глупост.
    Ако во овој однос често прибегнуваш кон бели лаги, преиспитај го што треба да се смени.
     
  14. theowndemon

    theowndemon расипана играчка Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    15.209
    Допаѓања:
    186.359
    Пол:
    Женски
    Јас би рекла ова е проблемот.

    Прво ќе кажам за мое искуство. Сум лажела во животот со бели лаги, партнер пример кога спремам изненадување/роденден па да скријам нешто како резултат за да остани изненадување и ова офц се дознава оти буквално за него е. Исто ко за мајтап дека сум поблиску од шо сум ко ќе каснам и велам ко за мајтап зошто очигледно не сум до кај шо велам дека сум и после некое глупо хехенце вметнувам па кажвам дека ќе каснам толку и толку време. :D Било какво (не гомнарено лажење) ми е како да изневервам личноста пред мене. Јас сум oversharer и со пријатели и со партнер. Јас ако згрешам нешто ќе го слушнеш од мене не за да не слушниш од друг туку зошто ми се случи мене и ми е грижа за тебе и сакам да споделам дел од моето секојдневие, живот и искуство.

    Е сега, зошто овој дел ти го цитирав. Ова е проблем и црвено знаменце шо би го забележала ако другарка ми го кажи за сопствена врска. Ако веќе избегнуваш нешто за да не дојди до конфликт или непосакувани прашања значи дека иди до то. Секогаш велам дека во врска (за мене) неќам одење на јајца внимателно и како резултат на то да ми се измести мојата автентичност и слобода. То вклучва и ако сум надвор да смеам да бидам надвор, а не да го скријам за партнерот да не ме кара и од кога ќе излажам да ми јави за да ме исконтролира и да сфати дека сум излажала шо носи до втор конфликт. Првиот проблем е то шо осеќаш потреба да не си надвор и/ли шо иди до конфликт ако си. Вториот проблем е шо лажиш. Не е голема лага, бела е, ако ме прашаш не менва дал сум внатре или надвор ако ми е пред куќа пак можи да е дома. Скроз нерелевантно ми се чини и ако зборам со партнерот и ми речи дека е дома, а фрла ѓубре пред зграда, нема ни да размислам дека е лага.

    Така да доколку би била на твое место јас ќе размислувам шо е то шо прај да се осеќам дека не смеам да кажам нешто толку безвезе како то дека сум надвор. Ако се штитам и избегнувам конфликт за нешто толку површно - шо останува кога ќе има реален конфликт? Како партнерот ќе реагира тогаш? Шо значи ова иницирање на конфликт од негова страна? Дали ме штити или се трга од мене? Кој дел од мене е угнетен со то шо јас морам да лажам за мир во куќа? И јас лично, се ова отворено би зборала со партнер. Со сите карти на маса. Ќе кажам како прај ова да се осеќам јас, ќе кажам шо сметам дека не штима и на шо мора да поработиме. И ќе прашам негова перспектива за истите прашања и кој би бил компромис на ситуацијата. Без отворено комуницирање и кажвање на то како одредени ситуации прат да се осеќаме и да длабиме од кај иди то - не сфаќам како врски функционираат.
     
    На _Vera_, bicycle и Малечка Малинка им се допаѓа ова.
  15. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    18.854
    Допаѓања:
    140.028
    Пол:
    Женски
    Ако се мислиш и се плашиш да му ја кажеш вистината, тогаш си со погрешен човек. Со партнерот треба да ти е пријатно да кажеш како што си е. А, бела лага само кога му спремаш убаво изненадување.
     
    На sino.o.oka, FlirtBerry и bicycle им се допаѓа ова.
  16. Mrs. right

    Mrs. right Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 ноември 2022
    Пораки:
    5.185
    Допаѓања:
    21.650
    Пол:
    Женски
    Ви благодарам за мислењата.

    Сепак ништо не е така црно и бело.
    Има бесконечно многу нијанси :)
     
  17. natashaaz.09

    natashaaz.09 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 април 2023
    Пораки:
    169
    Допаѓања:
    74
    Пол:
    Женски
    Здраво. Ми треба мислење. Моментално сум на одмор и скоро 6 год во врска. Се наоѓам на Крф, али минсе вришти за Мк. Со дечко ми сум на одмор и со уште еден пар. Се беше као океј нормално понашање. Прво нешо шо ми засмета постојано ги сликаме другар му и девојката тој не му текна за едно стори да проговори. Ај за тоа си викав рано е додека си одиме може ќе рече. а и секако само една слика имаме. Али со години не вика, зорле. Утрово бевме на појадок у еден бич бар, а претходната вечер искочивме на пијачка, јас сакав коктел и тој се поду зашо не зел многу пари вака така. Реков не е проблем јас носам. И ме извреѓа демек јас размазена вака така. И ај претерал извини. Денес за тоа од синоќа се надоврза за нешо и кога останавме сами ми вика као ретард да си. И ја у шок викам што, ти дал си нормален бе за шо ме вреѓаш. И он ми вика као не се разбираме ја и ти можда не сме еден за друг, најарно секој по свој правец, ти мислиш ли малце со мозокот. И јас отрчав у вц да плачам 15 мин плачев. И тој ме гледа и вика драма за нишо. Нишо не сум и кажала на девојкава на другар му ама за шо ме извреѓа ретард размазена оти сме искочиле синоќа на пијачка??? Исто и друг пат нешо вака ме навреди за некоја банална работа сум сликнала у правец на некој ресторан кај шо јаделе. А кога е се ок е душа мислиш у оган ќе влезе за тебе. Не можам дс јансфанам вистината каков е, дали кога е добар е вистина добар или е оној вистинскиот у лоши моменти. И се ова беше со висок строечки тон.Дали дека пред тргање на плажа испи 2-3 чаши вино па се опијани. Да те помоча буквално. Совет ве молам , се тресам ко лист и пишувам. А до 5ти Септември треба да сум тука. И општо некако се е ладен дистанциран чуден. Ретко да е добар ама не можам да разберам кој е тој, како заслепена да суммм;(;(
     
  18. simona_baby

    simona_baby Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2017
    Пораки:
    3.864
    Допаѓања:
    18.532
    Пол:
    Женски
    Јас да сум ко тебе ќе го истерам одморов ќе си пијам кафе коктели ќе се сончам и слушам музика и чим се вратам ќе раскинам
     
    На Алек***, Tam4yy, Adidas888 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. MrsBrown

    MrsBrown Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2024
    Пораки:
    182
    Допаѓања:
    641
    Пол:
    Женски
    На одмор обично и се дешава такво нешто, се открива карактерот и недостатоците на врската.
    Издржи додека не дојдеш дома, можеш ти, и дај му клоца на тој кретен. Заслужуваш подобро.
     
    Последна измена: 26 август 2026
    На Adidas888, Cutiepie123, Малечка Малинка и 4 други им се допаѓа ова.
  20. quattro

    quattro Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2020
    Пораки:
    4.634
    Допаѓања:
    11.276
    Пол:
    Машки
    Ако често те вреѓа со грди зборови ко тоа шо ти рекол, прво кажи му дека не е ок ова шо те вреѓа, ако глеаш дека нема оправање тогаш стварно е да размислиш дали ќе продолжиш напред со него.

    Уствари, ти си го знаела само коа е добар, а другата негова страна сеа си ја видела, обично сите се такви, на почеток сите фини мили глас не им се слуша се додека не им згусни нешто па си ги покажуваат роговите. И баш ко шо кажа членката погоре, за време на одмор се октриваат многу работи за врската коа си во денот 24/7 со него/неа.

    Нема везе шо не земал многу пари, не е срамота тоа, ако немал, ете си се понудила да си платиш али го фатило егото и затоа те извреѓал, наместо да си кажи фино не носам толку и тоа е тоа, нишо срамота, амааа.. А ова за сликањето, не е нешо посебно, може не сака да се слика, зависи од чоекот, некој не сакаат многу сликање и ескпонирање.
     
    На Adidas888, Eunoia, Mumoftwo30 и 3 други им се допаѓа ова.