Ако партнер ме вреѓа, ми вели дека е време да раскиниме - раскинувам. 0 толеранција за некој шо сака со такви драматични тантруми да ме влечи кон него. Одечко црвено знаменце. Нахнадно, 6 години заедно и неќи да се слика и објавува со тебе?! I do like my men a little obsessed и можда е лошо, ама не можам да замислам партнер да неќи да се "пофали" со мене. Ќе се осеќам како да ме крие, како да не гледа иднина. Е са да не бидам клише со "раскини", ќе ти речам прво прашај се себеси каква иднина гледаш со некој кој толку лесно те вреѓа? Следно, би рекла прашај го него каква иднина гледа со тебе. Ако гледа иднина со тебе - прашај го се ова шо пиша: зошто не те објавува, зошто постојано бара рачки за карање, зошто те вреѓа. Ако не гледа ... знајш. Ако ти сега си среќна со својот избор, зошто уште по толку време те интересира дали осеќа нешто за тебе и зошто не профункционирало? Еве да бидам искрена, за бившиот од пред 10+ години едвај се сеќавам дека бил чоек, а не па да јади од мене раскинот, причините за раскинот и животот негов после мене.
Не се кае, опција си му за нешто настрана од бракот. Не знаеш што да направиш? Мажена си. Тој е женет. Што треба да направиш? Да си го гледаш семејството, тоа. И да не комуницираш со бивши. Има причина зошто се бивши а не сегашни.
Ne sum ispadnala daleko otidovte drustvoo.. Segasniot maz pie i se kocka maltretieanje pominavme se.. Bivsiot mu e krivo sto sum medicinsko lice, sto sum svoja licnost i pokraj teskiot zivot. No vo seta prikazna imam sreka sto moite imat pari i sum finansiski sekade i na setanje i se samo coveko e zanjkade do mene a za bivsiot sekako si e bivsi toa e
Па зошто уште си со него ако пие и се коцка и те малтретира? Што ако шеташ кога си малтретирана од клошар … Исто така ако си малтретирана и третирана као ѓубре не знам како мислиш дека си своја личност затоа што воопшто не си кога ќе си завземеш став ќе се тргнеш тогаш ќе бидеш своја личност а ако останеш ќе пропаѓаш со него како до сега .. Мислам дека имаш поголеми проблеми што треба да се замараш а не да се замараш на бившиот дали му било криво или не.
Типчето се понаша како нишо да не било мило драго рози цветаат. И сега си викам да не ја претерав да не беше толку big deal.Не можам да рњзграничам вистина од фарса. Една мила фаца што има сонце е. Сега е сонце добар нежен и викам дал ќе испуштам нешто. Упдате пред 2-3 недели нешо зборевме за сестра ми дека ќе одат за Богородица на викенд до Грчка. А беа и на одмор летово и на уште еден викенд. И тој вика нешо демек што ви е бе вас дал сте ретардирани од кај волку пари пак да иде. И демек узречица му било тоа (што не ја користи за неговата фамилија и за себе.Ќе пукнам од тежина не знаете у душава како ми е 1001 мисла ми се вртат.
Човек што те навредува не те почитува и не те сака. Не ја почитува ни твојата фамилија, штом ги навредува и нив. Некој друг ќе те третира како што треба, мавни го овој недораснат.
Леле голема работа као којзнае кај да идат па од кај имале пари , плус што има него кур да го боли од кај имале пари нека се запраша зошто он нема и е клошар. Плус што му е со понашањето “дал сте ретардирани?” Јас на твое место би му рекла ти со ретардиран клошар што нема пари за еден викенд бедно. Откачувај тоа сељакот не знам кај ги наоѓате се некој вакви .
Откачувај не дозволувај да те третира како небитна ќе си најдеш друг барем за дечко што те третира така одма може да се најде замена плус прочитав заследувал други претходно? Се некој згодни женски? Јсс да сум на твое место има да го поврати мајчиното млеко! Одма откачувај ќе си најдеш подобар , полош нема сигурно пиј коктели таму истроши му тоа пароте малку што ги има и кога ќе дојдеш нека се чуди што го снашло. Верувај кас бев во ситуација каде што имсв долга врска он беше љубоморен и не ми даваше да се облекувам како што сакам ми викаше провокативна си не може вака си се облекла вака не идам со тебе ќе ти раскинам и секој ден правеше љубоморни драми ми викаше замисли другарките ми биле курви и на одмор така се испокаравме и земав се пари му изнатрошив што можев шминки најскапи , телефон , лаптоп се искористив имав јас пари ама се негово изнатрошив парфеми скапа гардероба и на крај му раскинав и у шок беше така и то треба да му направиш па нека се чуди глупакот.
Сум ти пишала и на претходното, но среќа сум заборавила да го испратам пошо џабе е. И до утре да ти даваме совети, и да те тепаме ти пак ќе се држиш за него. Мила фаца имал Што не можеш да разграничиш? Лош карактер е, ти го покажува тоа и ти пак тераш. Ако мислиш дека ќе ти биде убаво со некој шо те нарекува ретард и тебе и твоите, бујрум. Колку се цениш, толку и ќе те ценат.
Да ќе испуштиш-Мир.Не можам да поверувам дека уште си со него(мислам можам).На толку понижување,навреди,ти сеуште му простуваш.Не е проблемот кај него,кај тебе.Ти само продолжи и секој пат ќе бидат навредите поголеми од предходниот пат,а ти ќе си плачеш.Не знам зошто бараш и совет кога незнам колку пати те советуваа да раскинеш.Ти си упорна да бидеш со него.Е сега размисли сакаш мир во животот или сакаш некој да те понижува?Тој нема да се смени кон тебе тоа нека ти е јасно,те знае веќе дека се простуваш
Некои мислам дека баш уживаат у ваков живот и ваков третман. Сакаат да ги понижуваат, вреѓаат, бришат прашина со нив, да ги третираат ко партал, можеби ги пали сето тоа, коа мужот е над нив у секој поглед
Девојко не 6, и 16 години да сте заедно соземи се и откачи го. Секој нормален разговор не би водел кон навреди. И не може човек кој таков речник има и така да разговара, да биде душа човек. Подобро сега без вагони после тебе, отколку во брак со деца.Колку и да ти е тешко за кратко време ќе се оправиш. Ова не е нормално однесување. Цени се и сакај се. Ќе најдеш некој што на дланка како капка вода ќе те чува. Не се понижувај, еден е животот. Одмор е да уживаш а не некој стресови да ти прави. И не го оправдувај дека после тоа како да не бил тој човек. Зарем досега не си приметила дека е таков или беше премногу заљубена па не внимаваше на црвените знаменца. Отварај очи и памет. Од овде ако не веруваш на советите, разговарај со некои од твоите блиски, исто и тие ќе ти кажат. Не се уништувај, сега си без деца ама еден ден кога ќе имате, треба да ти биде подршка за било што. Цени се и сакај се. Годините поминати заедно нека не ти бидат пречка, напротив нека бидат причина дека ти ги отвараат очите што сакаш во животот а што не сакаш покрај себе. Во ред е тоа што немал пари, ама тоа може и на убав начин да се каже, не со навреди и понижување. Уште сега го навредува твоето семејство, кога ќе бидете во брак може ќе му текне да ти забрани да се гледаш со своите. Бегај од такви подалеку. Не знам колку си години ама ако јас можев на 20 години доволно да размислам дека можеби еден ден ќе барам дозвола за излегување, ти најверојатно имаш повеќе години, би требало позрело да размислуваш. Бегај колку нозе те држат и не се врти назад. Животот е премногу убав да се троши и да ти го троши некоја будала.
Уште 100 пати да ти дадат девојкиве совет на форумот, пак нема да послушаш. Ги прегледав твоите мислења, години наназад си со ист проблем и ист човек и со милион дешавки и ситуации после кои си требало да го откачиш ама ете повторно се преиспитуваш дали си изреагирала претерано и дали е до тебе. Искрено немам видено некој со толку ниска самопочит, сурово ќе звучам ама не само што не те сака, брише под со тебе. Пред некоја година ти кажал дека нема привлечност и не знае зошто сте заедно, што повеќе? Батали мил бил, батали возраст, батали кој што ќе помисли или рече, батали 6 години, нека одат у пм и нека ти бидат лекција за понатаму како Не треба да биде во врска. И не мислам дека претерувам но вака доаѓа до бракови за кои после читаме наслови дека се тепаат, физички повредуваат и малтретираат. Мој искрен совет, побарај помош од психолог и надрасни го.
Здраво девојкии не знам дали е соодветно тука да пишам но не знам веќе што да правам нон стоп сама себе се обвинувам поради тоа со дечкоми сме 9месеци во врска од кои 4 сме на сезона во Хрватска и живееме заедно се е океј се понаша нормално имавме односи на почетокот кога дојдовме почесто и тоа ни беше прв пат и на двајцата имавме по 3пати на ден но сега некако почна да ме одбегнува го прашувам зошто немаме сега толку често ми вели јас те прашувам ти ми велиш дека не сакаш (јас не сакам затоа што сакам да му вратам за тој период што немавме ништо као водам инает) му велам како досега знаеше да издржиш една недела така ќе издржиш уште една (као демек некоја казна му давам) но за жал ни тоа не пали веќе не знам што да правам сама себе се обвинувам можеби сум дебела не го пали веќе тоа еднаш на една две недели ќе имаме со тоа ме залажува као демек еве сега имавме и после тоа пак го нема никаде две недели, се тушираме заедно пред него се облекувам шо значи дека сум гола пред него а он нема никаква реакција на тоа♀️ сакам да напоменам со ова дека имаме правено муабет но немам никакво објаснување за тоа зошто е така ве молам за совет некој имаме двајцата по 20год.
Си играш топло-ладно. Ќе го казнуваш оти 3 дена не му текнало, ама сега не чини нели? Може човекот тој период од неколку дена што не сакал бил изморен, не знам не му бил денот. Сите водиме свои борби и не мора секогаш да е расположен за тоа. Не пали секогаш играта топло-ладно. Оти не ти текна сега нема. Епа еве ти резултат. Не те обвинувам, советот до тебе ми е секогаш кога се сомнваш во нешто отворено разговарај без игри без ништо.