wtf??Доколку знае дека некој дечко ти се бендисва без разлика што не зборувате и слично не смее така да го заведува.Не биди слепа ако и е неа така важно вашето пријателство ќе го смени малце почитувањето кон тебе.Според твојот опис на случајот јас сватив дека они флертуваат а ти си практично таму дух.Ако сакаш да го имаш детето ти си таа која ќе покажува стомаци,а пред тоа ќе разговараш со неа да не изиграва ценар пажња барем не пред тебе и детето што знае дека ти се свиѓа.
Имам таква другарка прави се кон неа да го сврти вниманието,па не можеш секогаш да бидеш центар пажња побогу! Се сложувам со останатите пробај разговарај со неа,кажи и дека ти смета тоа дека стварно ти се допаѓа детето може ќе се опамети. Ако продолжува да прави така и покрај тоа што ти смета тоа,тогаш сигурно не ти треба таква "другарка"
Но, јас колку и да сакам таа да не биде во негова близина, неможам да го спречам тоа, бидејќи одиме на англиски часови и сме во иста група. Незнам што да направам стварно незнам, плус таа ми е втора братучетка. Значи јас со него немам никаков, ама баш никаков контакт во живо, освен тоа што на фејсбук разговараме, а и не се прашуваме ништо друго освен тоа, што правиш и ништо повеќе. Мене ми е многу срам од него, несакам да бидам во негова близина, но јас имам акни и ми е срам од тоа, се срамам да го погледнам во очи. Таа некако како да кажам, како да му се бута, секогаш пред него зборува за нејзините гради, си го покажува стомакот и незнам што друго, а тој секогаш ја гледа и слуша како со восхит, незнам веќе што да направам.
Никој не рече да не биде во негова близина,едноставно кажи и дека и пречи тоа што постојано му се бута кога знае дека ти го свиѓаш. Би ти препорачала да пробаш да се опуштиш малку пред него,подобрете си ја комуникацијата,пријди му прва започни муабет нема фајде од срамување Прашај го нешто за англискиот,дали ќе излегува вечер,било што.
Прво нешто што приметувам од тука дека самодовербата ти е намелена ? - Дај боже да се лажам! Си имала акни на лице ... Па што ? Сите имаме .. Тоа може да се среди најмал проблем Плус тоа имаш овде теми во врска со тоа како до почисто лице, консултирај се со нас. Значи тоа отфрли одма како проблем. Друго нешо од искуство... се што ке се скрши и да се залепи не е исто нели? Со ова понашање мислам дека другарка ти не се вратила на таа бранова должина на која сте застанале... По се ми изглеа си има она некоја позадина. Оти треба да си идиот такво нешо да направиш на твоја другарка пред момче шо и се свиѓа. не те знам лично,ама сигурна сум дека и ти имаш квалитети Истакни ги и нив, ама немој на таков сељачки начин со покажување гради и нз шо. Глеј повржи се со момчево, дај прва започни муабет шо му се свиѓа,шо музика слуша ,што сака да прави во слободно време, истакни го квалитеттот на интелигенција почни некој муабет со него околу некој предмет пример ама многу не одолговлекувај со ова за да не те глеа после ко другарка. Вака пошо ти молчиш и го сервираш на другарка ти момчето. Заеби таа срамежливост и фрли сево акција.
Па до пауза стаствме со тоа што последните 2 недели некако врската не беше како што е било порано... секој ден имаше причина јас да се лутам ... се лутев за неговата неодговорност за неговата ладнокрвност ... знам имало е и порано вакви моменти но овие 2 недели некако се потешко и потешко ги поднесував кавгите заспивав секоја вечер со насолзени очи што повеке не можев да го трпам тоа сватив дека сум премногу мала (само 16 години) за да се нервирам за некого што мислам дека не би дозволил да го трпам сето тоа доколку ме сакал.... Ке ви ја опишам последната кавга кога стапивме во пауза . Па вака тој ден тој ми кажа дека ке оди кај другарот негов да му помогнал во нешто тоа ми го потврди и другарот негов и ништо тој отиде се врати ... си правевме муабет нормално и еден мој другар ми пиша дека го видел во учелиштето каде што е блиску кај тој другар каде што играа ракометари го видел со тој другарот на 10 минути и јас го прашав веднаш него каде бил до сега и тој ми рече кај другарот и јас повроно го прашав тој пак ми го потврди истото и јас разлутена му се раздрав само кај него беше и тој ооо па добро поминав и од (местото каде што го виделе) ги погледав 10 минути и отидов кај него и се вратив. Јас почнав да му зборувам зарем се немаме договорено да ми кажуваш каде и да одиш истото и јас ... ајде можеби си заборавил биле само 10 минути но доколку јас те прашав 3 пати ти успеа да ме излажеш знаеш каде и да одам све дознавам... не се лутам за тоа што си бил таму криво ми е што пробуваш да ме лажеш и тој кажа дека ке дојдел со такси докај мене да излезам одма .. излегов и му кажав дека сето ова е премногу за мене мислам дека си и самиот свесен дека нешто се дешава со нас не ме залужуваш доволно ни па си вреден за да се нервирам јас секоја вечер за тебе ... и тој на тоа ми одговри: Незнам што да ти кажам знам секогаш си тераш по она што ке си наумиш во главата незнам ни што размислуваш и до дека ке стасаш со овие кавги ако сакаш да се одмориш од мене може да не се гледаме одреден период и јас на ова: не сакам паузи или ке раскинеме еднаш за секогаш или несакам пауза и тој јас не сакам да раскинеме и така се покаравме и ете се согласив на пауза но ова пауза некако не ми изгледа ,... мислам ја до сега сум немала пауза ова ми е прва врска па не ни знам како би требала да изгледа една пауза :/
Здраво на сите, првпат сум на форумов, ми гокажа другарка една за тука да побарам совет. Епа вака, со девојка ми сме си заедно малце повеќе од година. Убао ни беше се, заедно на одмор, преспивавме еден кај друг, идеме заедно на утакмици без разлика кој спорт е. Се беше убао се до пред некој период. Она почна некак да се одалечува од мене. По телефон ме откачува што можи побрзо, се помалце се гледаме, се помалце и ми пишува. Веќе трет ден како ја неам видено. И се јавив за да се видиме и цело време ми наоѓа некои изговори дека ја боли стомак, не и било добро а нема врска тоа. Ја прашвам што не е во ред и дали сака да разговараме, да ми каже шчо и е , дали има некој проблеми и слично Знам и дека неиде никаде и дека нема друг бидејќи живееме во помал град а и мојот најдобар другар живее во истиот влез на зградата како и она. Ми требаат совети за како да постапам за да си ја вратам назад додека е време да не ја изгубам. Ве молам за помош. благодарам однапред.
Па да сите имаме, но јас сум во пубертет. И да ги имам прочитано сите теми во врска со тоа како до чисто лице, но јас знам од искуство на сестра ми дека ништо не би ми помогнало, освен време, но јас неможам да чекам да излезам од пубертет па да ми се исчисти лицето. Инаку таа свиѓа друго момче, но некако таа е многу блиска со него и мене тоа ми пречи и понекогаш ги преминува границите на таа блискост. Сепак мислам дека таа тоа го прави несвесно, а можеби и не ја познавам добро, можеби има некои скриени намери (Бог да чува) . Инаку за во врска со самодовербата, не се лажеш... СЕПАК БИ БЛАГОДАРАМ НАЈМНОГУ ЗА СОВЕТИТЕ
Можеби има нешто што и пречи кај тебе, можеби нешто слушнала, дознала итн. И јас така му правам кога нешто не ми е по кјеф.
Очигледно е дека таа не го сака тоа, или можеби е во некаква дилема. Но ако ти е толку важна единствено нешто што можеш да направиш е да разговараш со неа. Кажи и колку ти значи, прашај ја што е тоа што и пречи и побарај и шанса како би и покажал дека е можно да функционирате (Секако колку ова би се злоупотребило е друга тема-практично треба да ја молиш). Ако и покрај ова истото продолжува или директно ти каже дека сака да раскинете-нема надеж. Се друго би било прогонување и залудно трошење на време и емоции. Откажи се. Има и друга варијанта каде ти би глумел тотално незаинтересиран и индиферентен кон тоа што го прави, па можно е ако и значиш барем малку да се замисли да не те загуби. Но што ако е токму тоа што таа го сака? Размисли убаво. На тебе е секоја одлука. (Во секој случај најдобро е директен разговор со што би ја разјасниле ситуавијава).
Прва работа. Немој да мислиш дека ако живеете во мал град или ако другар ти живее во ист влез со неа,дека таа нема да го изведе изневерувањето. Баш затоа што знае што и како стојат работите,ќе биде повнимателна. Така да,не се потпирај на тоа. Ќе ти ја изработи таа и ти нема да знаеш кај си и зошто си. Ова не мора да значи дека те изневерила,немој да го земеш толку здраво за готово. Чисто имај си го на ум за друг пат советов. Што се однесува на твојот проблем,преиспитај дали си направил нешто у последно време грешка.. Можеби некој бивш и се вратил. Можеби не сака да е повеќе со тебе,па не знае како да ти каже па сака прво да те налути... Има многу теории. Или пак можеби и е само ПМС. Најубаво да си ја прашаш лице в лице. Велиш,кога и ѕвониш не се јавува. Настојувај. Биди упорен. Не претерувај,но сепак таа да види дека не ти е сеедно што таа не ти зборува,дека сепак се интересираш за да дознаеш зошто се однесува така. Сепак јас мислам дека не е ништо сериозно,но сепак провери. Поздрав.
NDISIOUS ништо лошо не сум направил, иако некако одалечи се од мене јас сеуште и пишувам ако отидам некаде, со кого ќе бидам, и кога ќе се вратам. Vitorija ме замисли сеа до сеа можеби 5-6 пати и пишав да се видиме да муабетиме да видиме што е како е, да ми каже што сака, дали сака да престанеме или пак е во некој тежок период, или пак ако има проблеми па несака да ме умеша и мене во нив...стварно незнам mysterious не верувам дека се вратил некој бивш бидејќи јас и бех прф. Утре ќе отидам до кај неа дома, мора да разговараме да видиме што како ќе биди, што е работава. фала ви много девојки! останите ми со здравје!
... Благодарение на форумот имам кај да се ''исповедам''. Вака сега ... со дечко ми сме заедно 1 година ... Се ни е супер значи немам аргумент за нашата врска ,се си тече прекрасно ... Овде ''проблемот''ми е неговит ''другар''.Од почетот на нашата врска,тој како да ме прифати супер,значи имаше моменти коа сме излегувале било каде заедно,имало е и зафраканции,шали,смеи ....Но како тече времето го осеќам ко да ми прави лица,а истото го прави и спрема дечко ми . Тој исто така има девојка,но постојано ја изневерува,дечко ми во последно време почна да ми се отвара у врска со тоа,значи јас не се сомневам во мојот никако,туку работата е тоа што другар му постојано го навалува као : како можеш со една да издржеш долг период ,а пред мене он лица 300 као многу му е мило што сме заедно јас и дечко ми... Пред некој ден ,он малце се ставил на ''пауза'' со неговата''незнам што и како,исто така тој ден излезени бевме јас и дечко ми и сега го сретнуваме другар му и застанавме,нешто си почнаа муабет као ајде утре дојди кај мене нешто утакмица имало,и ме погледна мене и вика секако ако љубовта те пушти,и јас само се насмевнав и велам : извини ,за утре имаме некој планови ,и типот се заврате се прекрасти,ни А,ни Б не ни кажа и си отиде .. НЕЗНАМ ШТО И KAKO МУ Е ФИЛМОТ,ЗНАЧИ НИШТО НЕ СФАКАМ,АМА ИМАМ НЕКОЕ ЧУСТВО КАО САМО САКА ДА НЕ РАЗДЕЛЕ ...со дечко ми го правев муабетот,и тој ми вели,чим јас веќе не го гледам како близок другар,нема што да се замараш и ти ... Да,во право е ,ама типо е спремен на се ... преска го сретнав,и бевме баш на разминување тој со главата во земја,ме одмина ... П.С се извинувам за ''рефератите"' можи некој ќе има време да ме прочита,и некое мислење/совет,ако може да даде ... Фала
Едноставно е љубоморен. Со многу сигурност ти велам дека и тој сака да си фати некоја за озбилна,да има озбилна врска,ама најверојатно не може поради икс причини. Ти велам со сигурност,бидејќи имав ваков случај. Не на мене лично,но на другарки. Типот баш ист ти како што го опиша другарот на дечко ти. Што е тоа такво - ако те пушти женската? Глупак ебате. Мислиш ти си го врзала,па.. Изгледа е себичен,па си го сака другарот само за себе,како што и најверојатно го имал пред вашата врска. Мислам дека немаш потреба за грижа,бидејќи како што прочитав,велиш дека дечко и е на твоја страна,дека не се дружи веќе со него,најверојатно си му ги отворила очите да види колку ''другари'' има. Ќе ви смета некое време,ама после ќе се откаже. Не го забележувај,не му обрнувај внимание и тоа. Се надевам помогнав. Поздрав.
- Да да да да .... баш така,за отварање очи ми кажа и самиот он (дечко ми),исто така ми кажа дека МУ СЕ ЖАЛЕЛ ДЕКА ЈА СУМ КРИВА,ШТО ОНИ НЕ БИЛЕ КАКО ПОРАНО .... битно тај шо треба е со мене,ме сака,почитува,верува,се труди ) фала поздрав
Девојки.. Кажете ми што да мислам. Вчера едно момче ми кажа дека кога ќе ме види и кога сме заедно чувствувал некои вибрации во стомакот.. Незнам што да мислам, кажете ми нешто, не му покажав дека сум возбудена, ама навистина сум Инаку со дечково, инаку не ми е дечко, се гледаме од лани ова време, година можеби има до сеа поминато.. Нема ништо сериозно, само онака, се гледаме.. Ама некако Овие два месеци секојгаш кога ќе се сретнеме се однесува поинаку, порано беше многу ладен пред другите, а сега веќе зборува и со моите другарки, и не ми пречи да бидам во негово друштво. Мене ми е премногу мило, ама чисто онака, ми треба ваше мисење.. Што сакал да ми каже со тоа вибрациите што ги чувствува.. Овој има премногу добар речник, а кога дојде време да ми го кажи ова, неможеше добро да се изрази, ми велеше во типот, абе како да ти објаснам, незнам како да ти кажам и на крајот рече чувствувам како вибрации кога си до мене и кога ќе те видам... ШТО МИСЛИТЕ????
Заљубена ај стави си го тоа во машки род и ке сфатиш што сакал да каже поетот нема друго што да мислам , мислам дека сепак мислам дека ова е вистинското што го мислам
Ако стварно ја познаваш својата девојка и знаеш дека нема да те изневери не се обидувај да искомплицираш нешто... не ја прашувај на таа тема... Биди стрплив и не се откажувај, девојките сакаат некој што ќе им обрнува повеќе внимание. Почекај да се смири ситуацијата и не ја преоптоварувај со прашања, доволно е и една порака во денот со која ќе и кажеш дека не си ја заборавил дека мислиш на неа и дека многу ја сакаш. Па времето ќе си го каже своето... Довербата е најважна во секој случај.. Преиспитај се себе дали проблемот се наоѓа во тебе, дали си кажал нешто што ја повредило.. или можеби се однесуваш сумнително... најстрашно е ако таа ја загубила довербата во тебе! Ако станува збор за здраствен проблем... и за тоа ќе покаже времето. Само биди стрплив, внимателен, искрен, и романтичен... бори се.. не се откажувај! Се надевам се ќе биди во ред и ќе се среди оваа ситуација кај тебе.
тешко ми е после раделбата,но јас сум крива Ве молам за помош..многу ми е тешко раскинав со дечкото,но тоа е поради мене..Јас го изневерив но тоа беше голема грешка и многу се каам,но беше само еднаш..многу сакам да му се вратам но тој е мн разочаран ..ве молам за совет како да ми опрости???