А освен кревет праите нешто друго заедно? Што ви одржува врска? Имате заеднички интереси, хоби, муабет? Како ви текнува да си мавате цртки колку пати сте имале и кој кога не сакал и кој терал последно инает не знам... досадно ви е заедно 100%
Ахх какви проблеми стори и коктели , вие за вакви банални глупости кога се расправате стварно најдобро секој свој правец да си фатите.
Па од моја страна и не се банални. Што е банално? Што сум сакача коктел да се напијам а тој што исаф нема едно стори со девојката да стави? А и само ова да беше проблем и да прејде човек некако. Такво одвратно понашање за што и НАВРЕДУВАЊЕ за што? Арно рекоа членките тек па утреден у брак што би следело за некои посериозни проблеми?
За стори што не става небитно, може не става генерално сториња, си лајка само човекот, ама што не сака коктел да плати... Мани го бре, клошар Утре жена кога ќе треба да бара, ќе се изнагрицка смоки со подарок за да му падне онаков пластичен прстен
Да да до 5ти ќе сме тука. Нишо со девојката на другар му сум супер со него скоро па и ништо и не зборам. Едвај кога морам.
@natashaaz.09 те прочитав наназад, се провлекува упорно истото долго време, си прашувала божем за другарка, ама патернот е очигледен. Жалам. Ако не сакаш не 5, туку 55 години да трпиш психичка тортура, третман како кон животно и константно преиспитување и прашување себеси која глупост ќе ја направи следно - ќе ставиш крај. Колку и да се чини тешко во моментот, мораш да ја донесеш таа одлука самата. Џабе те разубедува цел форум и ги отвора очи, од различни типови на луѓе го прочита истото - дека треба да се тргнеш од типов. Само вака ќе спиеш мирно и ќе живееш нормален живот, ова вашето не е одмор туку низ нос да му излезе на човека. Не знам како се нафати и на одмор да одиш со ваков. Нема да се смени и навикнат е на тоа да попушташ на крај, си знае дека може да ги поместува границите колку сака. Ако се цениш себеси барем два посто, ќе донесеш одлука во твоја корист.
Па раскини му.Верувам дека е тешко после 6 години.Ама подобро неколку месец да го преболиш,отколку цел живот да го трпиш.Или пак ќе се разведиш.Во брак овај бетар ќе биде.Размисли дали сакаш ваков татк за децата?
Чудна си, ко со некој синдром цело време да си навредена или благо речено жртва.. така ќе ти помони живото во кукање ако не де спасиш од обој или можеби и двајцста сте исти..
Некои луѓе не сакаат да си го решат проблемот, туку само да кукаат, да се жалат, да им се валидира дека се во право, а после пак си остануваат заглавени. Едноставно се премногу инертни за да направат промена, не сакаат да се откажат од придобивките на улогата на жртва (или која било работа попатно, како на пр да си патуваат со некој, да имаат статус дека се во врска или имаат убав дечко/девојка..) Секој живее до своите одлуки, се ок. Ама кога со години бараш совети, а не правиш ништо, никој не може да ме убеди дека с а к а ш всушност нешто да смениш.
Што мислите за оваа ситуација: Се допишувате со некој дечко неколку дена, се ок нормален разговор. Послем неколку дена пишува " Ок си ми и се , ама јас кога ќе видам дека некој разговор не води никаде , тогаш се повлекувам , затоа што не сакам да трошам ни твое ни мое време " . Му пишав ок , поздрав. После 20 дена дечково ми пишува , реков молам? Ми вика па кај си ти? Не ми е јасно еве.
Па додека си пишувал со тебе, ваљда нашол ,,подобра опција", па решил да се повлече со ,,нЕ е До ТеБе, До МеНе е". После 20 дена, подобрата опција го одјебала, па ти се враќа пак тебе, да си проба.
Така си мислев , меѓутоа ми пишал дека ме викнал веќе еднаш на кафе и поради тоа , а му реков не можам тогаш. Сега ми пишал , дека ќе му било криво ако не сме се виделе , си мислам човеку се јавуваш после 20 дена
Изговори, ако вистина било така а верувам дека двајцата сте возрасни тоа не му оди него во прилог бидејќи одма се налутил ако не си можела еднаш да отидеш на кафе. И да се налутил зошто си го гази зборпт сега? Батали овој прошетал наоколу видел нема ништо па се вратил кај тебе.