Те вика на кафе-одбиваш-он се повлекува со муабет не трошам време затоа што ова нигде не води (као донел одлука момакот) - и после три недели хелоу еве ме пак. Не оди. Не штима. И да не бил на корзо и да пробал само да манипулира со муабетот 'не води ова нигде не си сериозна', пак нешто не ми се свиѓа кај типов со последново негово од нигде-никаде појавување. Стај му блок.
Не е заинтересиран, да беше ќе те викнеше на кафе уште првиот пат. Го одјебала сега таа што ја сака и пак се враќа кај тебе како сигурна опција. Стај му блок.
Апдејт, и другар му и девојката отидоа вајда упм. Како што ми кажа му фанала како пишува у wanish mood со некоја келнерка у кафичот кај што иде. Тоа било разговор што исчезнува не се сејвнувал. И викал демек зашо драми, и пишал на здравје само на кафето што и било сликано. И тука сам себе убио, зашо на одмор со девојка му тој, ќе пишува на здравје? И оваа го бутнала само. Све му дала. Овие двајцата другари изгледа се жими таквото. И бившиот мој и нејзиниот. Али и две врски да се раскинат на одмор?? Судбина ќе е или? Али она е царица, вика ќе идам сеа ако треба до 5ти нов ќе си најдам тука не ќе гувеам.
Јас мислев почна школската година...ќе биде мирно...оно види сега , уште една љубавна прича у курац. Тужноо.
И шо е со цинизмов? Зашо вакви одговори? Од убавини ли пишуваме овде јас или трајанка петра? А и темава не е за тоа?Не пишав јас во образование, па да мислиш дека ќе е мирно дека 1ви септември било вчера.
Јас ова ќе го кажам: тие што викате дека лажете за да не ги повредите другите, всушност сами себе се штитите, не другите. Себични сте.Лагата кога тогаш ќе се дознае Дали мислите дека на вашата блиска личност што сте избрале да не ја повредите во некој момент и сте ја излажале, би и било драго да го дознае сето тоа месеци или години покасно? Не. Истата лага е, ама личноста е уште повеќе повредена затоа што сте ја излажале.
Точно.Во право сиии.Само сакаме да знаеме што ќе се случи после 05.09. Да бидеме во тек барем. Секое добро ти посакувам и тебе и на другарката ти.
Ништо што може да се случи ќе им се вратат на дечковците оти тие ќе им направат мили фаци ами мислиш ангелчиња а другарка и уствари ќе сфати дека воопшто ништо не ни видела. Хепи енд.
Спаси се, ич не ти требаат вакви ликови, од небо се гледа дека ликот нема пари па се му смета дури и кога трошиш твои пари, камоли ако сте еден во брак е тогаш ќе јадеш леб и паштета и ќе видиш одмор само на сон. Несигурен е затоа што е финансиски нестабилен, и тоа може да доведе до огромни проблеми во иднина . Па и те навредува отерај го у пм и терај сама
Колку ќе е добро еве не знам, али ова искочи видовден по се изгледа. Му го фанавме пак тел на дечко и сакајки да прочепкаме дека му најде вениш моде. Е сеа зашо чепна у апликации дали Бог очи и отвори, му најде дека у 2024 јули последно користел Тиндер. Настана хаос девојчето е пред умирање. Не знам како да и помогнам. Плачеме и двете. Шо одмор ќе беше овоа, да беше у мк валјда немаше да се дознае.
После 05.09 ќе се деси следново: Треба да и' дое, ама нешо касни, па поише од недела дена Ја фаќа паника, успаничено иде праи тест, коа тоа две црткииииии Му ја соопштува радосната вест, он ја глеа ко теле, у неверување шо ги снашло.. Сепак и' вика дека добро е да имаат бебе, тоа ќе ги зближи Уз пат ја руга зашо не му кажала да не свршува у неа Али ок, ќе се роди ново битие кое ќе биде плод на нивната љубов, со исти такви мили, нежни очиња кои греат
Пред умирање? Да бидам пред умирање за некоја будала? Абе вие не знаете што се вистински проблеми, па уште ќе била пред умирање. Помирете се со време и ти и другарка ти, греота е такви прекрасни дечки, да ги оставите.
Бегај таму, да не ја урочиме уште ова и' фали. Оваа на најголемиот душман не му го посакувам. Ги читам мислењава поврзани со овој случај и им се чудам на луѓево како може толку многу на срце да ставаат и да си го трошат времето, да ги трошат најубавите години со некој што не вреде ни малце. Како ајде 6 години поминале, океј?? Ама што бараш уште со овој човек што очигледно е лузер?!
@Фани12 не е реално да очекуваш дека број на секс по ден ќе остани ист како на почеток. Се запознавате, новото е возбудливо и од таму - почесто секс. Нормално е со тек на време поќе да сакате да уживате во своето присуство и + да имате секс по индивидуалните потреби него да исполните некаква квота. Следно, која е поентата кога и ти сакаш секс, во момент кога двата сакате, да велиш дека под казна нема уште некој ден, недела? Млади сте и двата, млада си и ти. Ама треба да пристапите меѓусебно (кон партнерот) со разбирање. Прво дека не е почеток на врската и новитетот е поминат, а то е то шо возбудва. Второ, на работа сте. Има лоши денови со нервози кои влијаат на либидо или замор. Трето, едноставно некогаш неќиш секс и сакаш само да уживаш во присуството на партнерот. @natashaaz.09 сите имаме добри и лоши моменти. Ако си дозволваме во лоши моменти да го повредуваме партнерот тогаш не вредиме некој да остани со нас за добрите моменти. Не наградувајте лошо однесување кај мажи. @Tih-ana еј, бар знајш дека е верен. Зошто се повлече кога најде нешто поинтересно. Сега нема нешто поинтересно па наеднаш he wants to hit that. Искрено, јас истата реченица би му ја вратила назад. Додатно, ако се налути зошто 1 не бев во можност да излезам со него и одма да се откажи - колку реално ми треба таков маж покрај мене? Девојки, вакви прашања поставувајте си. Don't make stupid men happy Некои луѓе мора да ги "дресираш" за да не си земат многу за право. Една ќе те блокира, друга ќе те блокира и ќе се движиш во еден од два правци. Првиот ќе велиш "у-а курви", "сакат внимание и да ги молиш", "ме блокна оти не сум некој богат со ауто" или "еби упорен" па прајш нов профил за заслед (вадење грешна поента). Или вториот правец, каде ќе сфатиш која шема на однесување не ти е во ред и ја поправаш па наоѓаш некој/а шо ти одговара.