Стварно девојче, читам и се чудам. Златни деца се, едни мили очиња ко ќе трепне со трепките одма е подруго. Греота што им прават на момчињата, ќе ги оставаат златни деца, Ама јас се мислам дека девојкава што е полна проблеми измислува дека и се дешаваат на другарката. Мислам се нејзе и се случува сето ова. Ја корости онаа " за другарка прашувам ".
Во колку саат е новата епизода? Во ова продолжение проверете емаил, можеби не исклучил и пораките што ги праќал на тиндер на емаил му стигале, точно ќе дознаете какви муабети правел! Со нетрпение го очекувам продолжението
Ако читаше се уназад, ќе знаеше дека првично го пишав тука мојот ужасен проблем шо се деси. А девојкава за која што пишувам ми е само пријателка, девојка е на другар му (парот со кој штп сме заедно на одмор.)
Читам јас цело време. Чудно нели е , првин тебе ти се случува еден проблем па оп одма на другарката. Еве види си и уназад што имаш пишувано. Јас мислам дека се тебе ти се случува, не велам дека измислуваш. Ама бидејќи те советуваат да го оставиш а ти очигледно си бараш само валидација дека си во право ги делиш проблемите демек и на другарката и се случуваат. Ок еве ти признаваме во право си. Седи си со него, шо фино момче е.
Па секако никој не ме знае овде, немам зашо да викам за другарка кога можам да си кажам за мене дека е. Тоа што си е за мене ко кажувам дека е за мене. Ова е сега за пријателкава, чисто се надоврзав зашо толку добро се согласувале другариве очигледно се исти. И еднаш исто имам пишано за една другарка. А милионити пати сум пишувала строго за мене. Знам дека сте сите овде во право, и јас сама у суштина знам све, само манипулација, поигрување на мозок е опасна ствар, + па и ронка надеж дека нешо ќе се смени. Боли све ова, труд, максиманлна љубов, грижа, почит, целосно да се вложиш. Али тоа е
Што и се замарате да и одговарате ? Кога некој не сака да прифати нешто мислам треба да се престане со коментари.
Би се фрлиле ли од кола ако на прв дејт ви пушти гасерско, српски рап/треп/фолк додека се возите? Или е посоодветно да речете да застане, за да купите цигари и да побегнете? Дали музиката у кола е red flag срцки? Ви благодарам однапред.
Тебе не те даваме за таква музика, мислам цела Фемина нема да дозволи да те киднапира некој без вкус и успут да те носи до Компиријада, Зелкаријада, или што и да е.
Многу се обидувам да не судам по вкус но не можам да игнорирам ако потенцијален партнер слуша срање музика, обично има поголема релација со карактерот отколку што мислиме. Stay safe.
Никогаш не сум имала некој што слуша само еден жанр на музика, види дали слуша и нешто друго, само во моментот бил расположен за таква музика @FriendOfDorothy Можеби има надеж, не суди одма.
Може ли да засакаш некого што не ти е баш убав или не ти буди баш она убаво чувство од почеток. Повеке тоа дека не ти буди нешто одвнатре.
Прво, кажи која песна ја пуштил? Друго, тоа ви било камуфлажа дека не сте геј, него ли прави алфа мужјачишта, хелоооууу...
Па секогаш од прва не можеш да се заљубиш. Некој може со тек на време ќе засакаш како и обратно. Може да засакаш ама и да отсакаш. Ништо на сила не се прави. Дека баш некоја личност поради х причини мора да ја сакаш.
Не. Ако не ти е привлечен уште на почеток ако не ти буди ништо , нема покасно да се смени тоа. Зборам од искуство.
Ако нема никаква физичка привлечност, точно. Ама ако и е бар симпатичен (но не на газ да падни) тогаш има шанса.