А што уствари совет бараш? Дечко ти убаво ти рекол да не се замараш со нив. Секој човек е различен карактер. Што е крив тој што му се такви роднините. И што проблем имате? Ако мислиш дека не можеш во таква средина подобро остави го, тој не може да ги замени со друго семејство. Може само да ги одбегнувате, ама можеби па тој не сака. Секое семејство си има посебен начин на функционирање. На пример моја другарка бивша стави крај на врска затоа што дечко и беше премногу близок со семејството, братучедите, таа не се гледаше во таква врска и брак. Не сакаше близина со никој.
А ти девојка си му така? Не ти е местото да се плеткаш и коментираш. Плус, дали си со дечкото или со неговата фамилија? Остави го тој нека си реши, не си ти таа што треба да решава. Фино лепо кажи му на него што ти пречи, ако реши арно, ако не чао аморе. Не ми е јасно од кај толкава сила си зимате, а не сте ни чекор до фамилијата.
Искрено малку и ти си претерала со тоа што си рекла. Не можеш да знаеш кој како стои финансиски само затоа што има средена куќа, двор или базен. Може да е на кредит, може да е наследено, може да имаат други трошоци и проблеми за кои ти немаш поим. Тоа што некој има нешто не значи дека автоматски нема финансиски проблеми. Ама исто така, сосема те разбирам зошто си се изнервирала кога разговорот отишол до кредити, наследства и кој што добил. Ако никој не им барал помош, стварно немало потреба да се оди толку далеку.. Само за дечко ти не би брзала да го наречам „млаконја“. Можеби едноставно е човек што не сака кавги со своите и затоа премолчува. Јас на твое место повеќе би го гледала однесувањето понатаму дали кога ќе се работи за нешто што директно ве засега вас двајца, ќе знае да си го каже своето и да постави граница. Тоа мислам дека е многу поважно од тоа дали ќе се скара со фамилијата за секоја ситница.
Според тебе што требаше да направи дечкото, да се истепа со роднините за да не биде млакоња? Ете ти си се искарала и си го решила проблемот. Не знам зошто толку те погодил разговорот за имотот и за финансиската состојба на роднините...И не знам како не ви е барем малце незгодно да се расправате по туѓи куќи со повозрасни од вас за работи кои не треба да ве засегаат.
Здраво, ми треба ваше мислење. Можеби не е време да мислам на овие работи сега, но размислувам што би било во иднина. Заедно сум со дечко ми скоро една година, ги запознав и неговите родители. Неговата мајка кажала некои коментари кои не биле баш пријатни. Пред друштво од повеќе луѓе спомна дека никој не му понудил на татко му пијалок, за потоа да рече дека можело јас да се сетам на тоа и доколку идната нејзина снаа не ги служи ќе и го пукнела носот. Друг пример, дечко ми спомна дека на негови пријатели свекрвата им го чувала детето. На тоа мајка му одговори дека деца ќе чувала по заслуга и дека постоеле градинки. Исто така еднаш ми зборуваше дека на никој во животот не треба да ќутам, па дури ни нејзе и дека мое било да кажам што ми пречи, а нејзино дали ќе прифати. Не знам што да мислам за овој коментар искрено. На дечко ми му имам спомнато неколку пати дека ми се плачеше особено на првиот коментар и дека не ми беше смешно. На тоа одговори дека таа се шали и не би го направила тоа навистина. Не сум ги видела неговите подолго време, но последните неколку пати немаше такви коментари од нејзина страна. Не знам дали воопшто пробал да ме одбрани, само со сигурност можам да кажам дека во моментот не рече ништо пред мене. Исто така, девојката на неговиот брат ми има спомнато дека кога ја запознала неговата мајка, имала лошо мислење за неа и дури ѝ се плачело на моменти. Не кажа само што точно се случило и што ѝ зборувала, но кога се пожалила братов само се насмеал и рекол дека таа само се шали. И подоцна сфатила дека всушност таа не била лоша, туку таков бил нејзиниот начин на зборување. Друго нешто, имам чувство дека неговите очекуваат да живее во истата куќа во брак, на различен спрат. Во врска со оваа тема јас имам мислење дека не се живее во иста куќа ниту со свекрва ниту со мајка, туку сами и одвоено. Живеам цел живот во заедница како дете и сме имале големи проблеми и затоа ми е важно да не живеам во заедница во иднина. И најдобри да се луѓето, во заедница не би живеела ниту еден ден. Спремна сум или кирија или кредит да плаќам цел живот. Меѓутоа, дечко ми има цврст став дека треба да се живее со неговите. Не сакал кредит, тоа значело дека ќе бидеш роб на банката долго време. Морам да спомнам тука дека неговиот брат живее со девојката во нивната куќа, на различен спрат. Страв ми е доколку би биле посериозни дека истото очекување ќе го имаат и за мене. Неговата мајка спомнала дека откако ќе дојдам да живеам на спратот може да уредиме по наша желба. Освен ова, грижлив е и многу ми помогнал и пред да ми биде дечко. Се извинувам за долгиот текст и свесна сум дека не треба сега да се мешам во некои работи. Посоветувајте ме, не сум паметна
Ќе му кажеш дека ти нема да живееш во заедница, ако прифати добро, ако не - раскинете и готово. Подобро спречити неголи лечити.
Чим сега ти е страв, како ли ќе биде кога ќе се омажиш за него. Мене ми делува ко да им треба послушна женичка, која ќе одобрува све, без свое ја, нема да има свое мислење и ќе прави се што и се каже. Бегај додека имаш можност
За жал, се сложувам @noteforself Направи еден муабет со него, ама ми се чини дека во нивното семејство они си се пред другите и секој "дојденец" треба да се уклопи, нема друг избор. Не ми стои дека тој и брат му се спремни баш да бидат самостојни мажи т.е сопружници
“Роб ќе бил на банката” Ако вака вели, детево е со застарени сфаќања. Јас веднаш би си отишол да сум на твое место. Нема потреба од муабет.
Нешто до тебе е. Најверојатно нешто психички. Јас во ваква врска не би опстоил ни еден ден. Мајката се гледа дека сака контрола врз снаите. Сфаќањата на дечкото се малку заостанати.
Не знам што си трошиш време со него. Очигледно не сте компатибилни со ставови, неговите те понижуваат, а мајка му едвај чека да те земе под нивни кров и да те омаловажува. Таквите мамини синови не се верни на свои ставови, главата им ја пунат уште од мали нозе.
Да ги тргнеме на страна коментарите од мајка му, иако воопшто не се за занемарување. Ако твојот став дека не сакаш да живееш во заедница со мајка, свекрва и останато семејство, е дефинитивен и различен од неговиот, нема шо тука повеќе да се размислува. Најважно е да се седне и убаво да се разговара за проблемов, ако не се најде компромис, крај. Се понатаму ќе биде само малтретирање, влечење и усложнување на ситуацијата.
Навреме си размислуваш. Сепак ставовите за живеење ви се разликуваат и ако не ти е јасно што ќе се случува оди во темата снаи и свекрви па ќе ти стане појасно. Следен пат пред нејзе речи мене свекрва идна така да ми напраи, носот ќе и го пукнам или главата ќе и ја сокршам па речи дека само си се шалела да видиш како ќе изреагира. А жена му на брат му си легнала на брашното па затоа се добри спрема нејзе. И пази оти чашката на маж и била празна, кој сељачизам луѓе. Таму патријахат влада на најјако
Дали има некој за во ЛП ? Навистина не можам овде да пишам ,некој што ќе ме ислуша бидејќи навистина ми е тешко
Ви благодарам на сите за советите. На темата за живеење, доколку не може да се направи некаков компромис тешко дека би продолжиле. Знам дека и би ми било тешко ако ставам крај, но никогаш свесно не би прифатила заедница. Во врска со коментарите, размислував дали би имала поддршка од негова страна во вакви ситуации. Досега баш ништо не кажал, само ќутел. Со тоа покажува само дека можат на таков начин да зборуваат за мене. Не знам, можеби претерувам.
Здраво. Имав 5и пол годишна врска. Ќе си ислезам од умот. Зстоа од вас ми треба помош. Имам за 5 месеци, 29 години. Дечко ми е 35. Живееме во различни градови оддалечени 30-35 мин макс. Е вака, првата год- две мака мачев со фоловнување на инста, адд на фб(девојки-, под претпоставка ги знае сите од негде). Ајде ок. На почеток било. Имаше снапчат праќал со едно девојка дознав и со која. Ајде се смиривме. Неколку патин најдов и разговор со 2 девојки. Не нешто пуштање или канење на дејт, али пак ласкање да речам. Тој работи у смени и во овие скоро 6 години за секој еден другар, мајка, татко, познаник, пријател за ситее секогаш бил слободен. Само ја му се бесев на клепки за повеќе време заедно да минеме Да ме земе, да дојде кај мене, ја кај него. . Секој пат со некои изговори. Дури и тоа го прифанав ин така функц, се гледавме еднаш неделно или евентуално 5-6патину месец( али мн ретко тоа). Јас жртва за него максимална. Љубов, грижа све. Неколку пати ми се има испонашанп демек ја не разбирам некои раб, ваква сум таква сум. Не разбирам толку ко него можда да нимисторија, ни географиј-. Но глупа сиг не сум. Ми привикувал, ајде разни карактери. Пред 4-5 дена шетаме у city mall, и си купив оригинал парфем и палто есенско( а тој сега не е баш при пари мења работа). И тој ме направи размазена, без емпатија, дури ме нарече демек и луда си ти начисто. На што ја се навредив. Вечерата јас ја платив и се. И ме остави. Ми пиша само демек добро утро на што не му вратив. И денес си отишол на свадба, а не ме повика. И другарка негова ми кажа зборел демек му е тешко, ја сум немала осет за него, не сум го разбирала. Ја у шок цело попладне плачам. Што све не прегазив за него и достоинство, и понашање низ годиниве ако ти чини арно ако не не. Таков сум тоа е. Али коа е ,, расположен” и на десна нога станат е душа. Супер се понаша не можам да одречам. Ми се сруши светов на глава букввалноо. А и не му е прв пат а дојде до недоразбирање го снемува по 2-3 недели, месец, не разговара. Али ова што ме остави вака денес за свадбава го пробуши дното. И ја сум немала разбирање за него. Само мани сум му наоѓала, му се смачило од мене. Мене не ми се смачи него му се смачило??Бруки. Ве молам за помош.
Нема што да се советува тука, знаеш и сама што е одговорот. Кога му е лесно да си игра вака за тие пет години врска и кога не е по негово, само го снемува рандом - време е да те снема и тебе од неговиот живот и конечно да имаш раат на психата. Не си должна да воспитуваш маж од 35 години како да се однесува, овој заглавил негде на ниво на тинејџер.