јас се извинувам ако со коментарот нешто лошо кажав. Сметам дека требало порано да ставиш крај. Нема врска што имаш 29. Само почни да се цениш повеќе. И оваа врска нека ти е за памет.
Точно, море од солзи имам направено досега. Па и сеа и не ми се плаче. Еднаш- два пати само плачев и оноа ептен ако се присетувам знаат очите со солзи да ми се наполнат. Не не, се си е на место. Зошто помисли дека си ме навредила? Ќе почнам, време е.
Да не сме оделе со ист човек? Мене мојот бивши на одмор за коктел ми го направи истово. И жив го нема да се стори нешо бар да каже. Хахахах, ќе ти биде тешко факт е години се у прашање. Али ко ќе видиш дека и тебе и мене сите ни викаат се знае шо треба да направиш, најв ние од залјубеност сме слепи. Со лесно девојко, цела среќа ти ја посакувам.
Крајно беше што ме навреди у молот, без емпатија, и луда дури ме нарече. А исто еднаш мислам за нешто ми кажа па ко ретардирана да си. Али беше мн гласно и кога го препрашав шо кажал негираше. Во ред е дека он мења работа сега али ја не го натерав он да ми купи, јас си платив сама. А што све јас му имам него купено он 1/3 ми нема.
@Helena125 Женска, си требала уште на старт да расчистиш со него. Не знам како си се чувстувала сакана после сите овие лајкови што си ги стегал по други женски и што си пишувал со други. Очигледно веќе е сакал да си биде слободен и паднал на најбаналната причина да ти раскине. Земи крени глава, среди се и тргни си по нов пат, не ти треба да очајуваш. Си кажа што имаш, се истажи и мислам дека ти е доволно. По г*мна се пушта вода, не солзи.
Точноо, ни бев како заслепена. Ќе направи нешто вакви, после ќе ми ѕвони на камера, ќе биде најсовршен, милни зборови, мила фаца и не знаеш со каков човек си имаш работа. Да ги занемариш сите овие работи да е само доброто ќе си речиш со најдобриот маж на светот си имаш работа, Е до толку е добар. Или па се прекрива. Глумел. А се осеќав прв пат безбедно сигурно со некој и до 29 години стасав. Надевајки се ќе се упраи.
А што се случи пред 10тина дена, седиме кај него гледаме тв, и му стасува direct на инста од некоја си Ивона, му ја сликала колата. Поточно делот напред воланот. Нагоре разг нема. И јас почнав да се тресам буквално како сув лист. И викам која е ваа зашо ти праќа, вика не знам, и и прати прашалник и типката не врати. Вика по грешка сигурно. Е не ми текна да го прашав дали уште му немаше вратено. По мое сигурно пишувале. и оваа у погрешен момент пратила директ. Ви држи вода ,,грешкава”?
Извини што ке бидам брутално искрен, ама дечкото те возел на најако, искусно, те читал што се вика како селски буквар, и знаел како да те игра. Едно имај си го секогаш на ум, иако сега звучи сурово, глупаво, но ке помине време и ке видиш колку ке си среќна што си се тргнала од таков класичен манипулатор, се знае што е маж да не продолжувам со објаснување, нема смисла возрасни сме.
И јас не знам. И искрено сакам некојпат некој да ми каже зошто? А и зошто и веќе ваква станав ладна мраз. Ко да немам емоции? Нормално ли е
@Helena125 Ти си веќе возрасна изградена личност, веќе треба да знаеш кога границите се преминуваат. Веројатно заедно сеуште не живeeте, секој ден ваква слика да трпиш не верувам дека би издржала. Имаш шанса да бираш, бегај од него и не се врти назад. Замисли дете и плус ваков проблем да имаш. А замисли да имаш некој спротивно од него, да те гледа како капка вода. Зарем секое утро ќе се молиш сите овци да му се на број и да не те врега? Тогаш и психички ќе попуштиш. Батали годините поминати, било, грешка што на време не си го откантала ама среќа можеш сега. Во брак првата пола година ќе го замразиш. Замисли пред децата утре да те нарекува ретардирана. Децата тоа ли треба да гледаат. Уживај во младоста, исплачи се ако ти се плаче и откантај го. Стисни заби, за твое добро е. Јас не знам како можете да сакате некој кој не ве почитува. За таков не може да се има љубов. Имав колешка, дечко и ја тепал, на крај ја изневерил и со таа се оженил и таа после со години плачеше по него.. Мислам молим? Тогаш веќе проблемот е во нас да трпиме психичко и физичко насилство. Разбирам жена со деца нема каде, нема пари.. Ама млади, здрави, стабилни, не во брак, клоца на такви клошари. Нека оди дома неговите нека си врега.
Па и тоа и тоа, како празна да сум. Ладна, мртна одвнатре поинаку речено. Како да ми е сеедно за се, ни на убаво се радувам, ни на тажно плачам. Како да кажам поубаво не знам