Така е најбитно и за што, што си купив палто и парфем од моја плата, а и најчовечки му реков и него ако сака и за фармерки да види, дури и му бирав јас сама. Искрено не ни сакам да мислам, а и дали ќе имам солзи, ги изгубив низ годиниве. Ама повеќе мака и тага ми е за мене. Да можам да плачам би плачела за мене. Колку бев среќна само да сум до него, само него убаво да му е. Среќен да е тој. Мене ли ова он успеа да ми го прави. Ако не ме наречеше луда, ако глумеше сигурно и уште и уште и уштее ќе го трпев и сакав безусловно. Ако ви кажувам подетално колку сум вложувала, мајка му таква љубов не му покажала и грижа. И сам викаше не е можно волку мене да ме сака вистински некој…
Е добро де Крени глава и шибај напред Се разведуват по 20 30 години брак ти дигни трати се по него Ајде испаѓај ке сретниш други луѓе друг круг луѓе има некој тажу некаде шо на раце ке те носи
Па он се изживувал со тебе. Си требала на лице место кога ти го рекол тоа да го откачиш. Дур седите во кафич, кажи му дека ќе одиш во вц и тоа да му е последно кога ќе те види. Пиши му порака дека му раскинуваш и нека се осеќа малку и он глупо.
знам што напишав. Потоа сакав да се извинам. Полесно ќе ти е без него верувај. Нека не ти се мота по глава колку години имаш или колку време со него си потрошила.
Иначе нештото што ме потиснува и мн ме јаде и ден денеска. На 23 год скоро изгубив невиност, тој шо ми беше прв ми се качи на глава за да сме заедно, ме молеше, плачеше за мене, беше најкроток човек. Од како се решив на тој чекор за еден месец ме остави, под изговор не бил за врска нешо му се случило,, мн тешко”( изгуби работа тогаш). За по еден месец да фати нова и сега и се ожени. 6 месеци бев у тешка депресија ослабев 8-9кг, само плачев не јадев, не спиев добив огромни подочници и невиден стрес доживеав. Умрев па оживеав. Се опраив, се фатив со овој бивш и скоро 5-6 години ова го минувам за шо пишував некни. И се откажувам од љубов дефинитивно. Нишо не форсирам, Господ ако ми прати некој нормален прав човек у вистинска смисла на зборот арно. Ако не и сама да сум тоа е.
Мирот е најважен.Партнерот е избор не е обврска.Не си сама,сигурно имаш семејство и другарки.Ќе се појави кога најмалку очекуваш.И не гледај назад,едноставно така требало да биди.Сите сме направиле грешки во изборот на партнер некогаш.
За такво малтретирање треба да го заебеш дебело, одведи го у ресторан и нарачај нешто скупо, изеди и кажи му дека хитно некој демек те бара, отиди си и тури му пепел. Типот е кретен, не ти треба уопште.
4и пол години сум во врска. 27години сум дечко ми има 32. Пред 2 години ми кажа дека незнаел дали има хемија помеѓу нас, како да немаме теми заеднички у смисла ко зорле да буткаме јас така сфанав. Се гледаме 2 пати во неделата. А не сме мали за таква врска. И тоа се ако тој има некој повод роденден од негова страна. Се осеќам осамено. Бевме на Скијатос пред 3 недели, океј беше но воопшто не му текна една заедничка слика да направиме, не мораше за објава, колку да имавме успомен. И онака имаше една слика на фб со мене и една на инстаграм у 4 ипол год. Се осеќав некако мн осамено, тој си пливаше сам, си гледаше филмови на хбо. Јас бев толку тажна. На едно пристаниште ме сликаше тој мене а пред нас беа 2-3 пара што се сликаа заедно, по мизерно не сум се осетила. Едно две за нешо ќе ми се извика, ќе ме изруга. Се осеќам у врска а осамено. А и еднаш му најдол срцинја на инста стори кај 1-2 девојки. Ај као демек старт на врската. После една што работи во осигурувањето негово но не се знаеа нешо лично, муабет некој демек и он пиел кафе вака така. И тоа го простив. Уште пд тогаш ме јаде јанѕата. Некако е ладен, нон стоп р на телефон кога сме заедно, дури сестра му го опоменува. Се мислам дали треба да раскинам? Он може и мн одамна би прекинал со мене, зашо он нишо не трпи. Пред пола год ни беше годишнина, го посетив само рече еееј да годишнина. Не ни прославивме, се ко да му бев проблем јас. Инаку вака е грижлив дали сум стасала, дали сум доручкувала, вода да пијам. А и ми сметаше тоа негово често додавање пријателки. Беше кај нас пред 5 дена и седтра ми рече ко да видела со девојка да пишувал срце некое ама не е сигурна. А од друга страна ова ми се случува. Нормално ли е ова за долга врска или преувеличувам?
И самата кажа дека си тажна.Зошто да останеш во врска во која се чуствуваш тажно и осамено.Па уште дозволуваш да ти покачува тон.Според ова што го напиша мислам дека треба да раскинеш.А по однесувањето негово ако почекаш,тој ќе ти раскине
Верица, најдиси некој асолен што ќе те прави да ти е мило што си се разбудила денеска, а не тажна. Барем така јас ја замислувам љубовта, поздрав.
Сама си крива, уште пред две години ти кажал дека немало хемија меѓу вас (ака не те сака) а ти си продолжила со него.
Да но многу ми е тешко како да заборавам се, си викам да не згрешам, да не се преправам па јас некако. Да не барам премногу? Ама се осеќам многу чудно, непосакувано. Игнорирани, како да се молам за основното
Најголем проблем кај повеќето девојки е немање самодоверба. А на што се должи тоа? Не ме почитува? Па не ни почнувам врска со него или ако сме почнале одма ставам крај без око да ми трепне. Не е најболно да си сама, најболно е да се понижуваш со некој кој постојано се однесува спрема тебе како што не заслужуваш.
Сепак одлуката е твоја.Само не можам да разберам зошто сакаш да останеш на место каде што не си среќна?Бараш премногу?Што е за тебе премногу?Внимание,љубов не се бара и не се моли за тоа.Извини можеби грешам ама и овие 4 години што сте ги истерале,мислам дека под твој притисок се.