Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Љубовни проблеми и совети

Дискусија во 'Врски' започната од bilkata, 4 декември 2009.

  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    тешко ми е после раделбата,но јас сум крива

    ќе почекаш некое време да му слегне малку веста, и после најсмирено ќе му речеш да разговарате, ќе го замолиш да ти прости и ќе му кажеш колку се каеш ... но и да ти прости биди спремна дека еден одреден период ќе ти го пререкува тоа тук таму кога ќе се карате ...
     
  2. sad-girl.18

    sad-girl.18 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 октомври 2011
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    тешко ми е после раделбата,но јас сум крива

    Значи јас му казав колку мн се каам,и сакам пак да бидам со него,единствениот одговор што го слушам цело време е дека ме сака повеќе од зивотот но не мозе да биде пак со мене затоа што е мн повреден од моја страна и ја изгубил целата доверба во мене... :( :(
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    тешко ми е после раделбата,но јас сум крива

    Ако те сака и сака да е со тебе ќе ти прости, прашањето е дали ти го сакаш доволно за да си пак со него :* не се секирај ако те сака ќе се смирите
     
  4. WildCherry

    WildCherry Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 август 2011
    Пораки:
    1.193
    Допаѓања:
    1.172
    тешко ми е после раделбата,но јас сум крива

    Извини вака
    Ама јас да сум дечкото никад не би ти простила.
    Првин да си го сакала никад тоа немаше да го сториш ....
    не постои таа причина која може да оправда неверство.
    најубаво заборави го и појди по друг пат. Но со памет во глава. вака само ке го повредуваш момчето уште повеќе
    памет за друг пат нека ти е .
    А и да се смирите не очекувај да е се исто. И да се смирите памет бери и да го гледаш ти него како капка на дланка а не тој тебе !
    И да очекувај да ти плеска на нос. Ама да не пишуваш тука дека те навредувал дечкото и ти плескал влице вистина. Зашто немаш право да се жалиш.
    Тоа е се доколку го сакаш назад.
    јас би ти препорачала, појди си по друг пат. И не прави иста грешка .

    Се најдобро.
     
  5. Karol.Ina

    Karol.Ina Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    74
    тешко ми е после раделбата,но јас сум крива

    Иди си по нов пат. Што се скршило никад нема да биде исто. Можеби ке ти го прости ова и ке се смирите но ке биде тема на секоја ваша караница. Можеби ке сака и да ти врати, па ти ке бидеш повредена. Ке му биде тешко кога ке се сети на тие моменти.. Остави, продолжи понатаму со ум за друг пат
     
  6. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сите ке ти речат не може да биде исто ама и јас бев во иста ситуација и би ти рекла да си пробаш.. Ако трвдиш дека го сакаш и дека си сватила дека си луда по него и дека тоа ти било момент на слабост тогаш прво што треба да направиш е да чекаш малце ситуацијата да се смири.. Послем барај го и разговарајте.. При разговорот не се прави ниту доминантна ниту кршлива. Кажи му дека после се сакаш пак да пробаш и дека никој не е совршен па што бе он нема варано никогаш? !!! не тебе али ете друга

    А тоа дали ке ти спомнува за секоја кавга зависи од човекот.. мене не ми спомнува само кога ке се потсетиме за таа работа муабетот ни е дека не сака да ме изгуби повторно и дека се плашиме!!

    Значи пробај.. за проба не ти наплаќаат што се вика! ако не може не може нема со сила ама пробај па послем донеси заклучок дека нема да ја бидне работата ;)
     
  7. Argasi

    Argasi Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    104
    Допаѓања:
    278

    Тебе ти е многу тешко бидејќи го извара? А што мислеше тогаш? Нема сега каење девојче. И што мислиш на него како му е? Човекот се трудел цело време за тебе, ти се посветил но за што? За на крај да биде изневерен? Тука разочарувањето е потполно. Јас да сум на негово место не би те примил назад.

    Ама сепак еве ќе ти дадам некој совет.
    Остави го неколку дена да се смири, не му звони, не му пишувај ништо. После тоа јави му се (НЕ МУ ПИШУВАЈ ЈАВИ МУ СЕ) и кажи му дека сакаш да се видите, да седнете некаде и да разговарате за тоа. Кажи му дека си погрешила и дека сакаш да се искупиш за тоа. Барај прошка. Но ако ти каже дека несака да те види не се откажувај толку лесно. Пробај да го убедиш барем да се видите. Ако се согласи направи како што ти кажав. Колку ќе бидеш успешна и уверлива во тоа , тоа останува на тебе :)
    И да ти успее се, и да ти се врати, знај дека никогаш нема да биде исто.
     
  8. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.731
    Девојко, се наоѓав и сеуште се наоѓам во слична ситуација.
    И јас го изневерив дечко ми пред некој месец и самата му признав! Колку совети ми дадоа, скоро сите ми викаа да си ќутам, ама незнам мене како да ме влечеше нешто за јазик и морав да му кажам. И сметам дека направив грешка, и со тоа што го изневерив и со тоа што му кажав. Врската ни е во криза.
    Е тоа е за мојата ситуација, а за тебе незнам баш како е. Сам ли дозна за тоа? Навистина незнам што би те советувала затоа што грешката е веќе направена и враќање назад нема.
    Ако сакаш да ти се врати, мора да помине некое време, сигурно е многу лут, бесен... Егото му е повредено. Мораш да разбереш како му е.
    Кога ќе сметаш дека е вистинското време, можеш да го побараш да поразговарате. Сега е негов изборот, дали ќе ти се врати или не.
    Што и да се случи, ти посакувам среќа, се најдобро и ова нека ти биде лекција за друг пат, да не ја повторуваш истите грешки.
     
  9. zaljubena93

    zaljubena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    9
    Срце не те сватив баш што сакаш да ми кажиш.. :o
     
  10. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Упатство: 1. Стави си го телефонот на вибрации. 2. Голтни го истиот. 3. Заѕвони си од домашниот и ќе видиш во буквална смисла какви се тие вибрации што ги осеќа дечкото кога стои до тебе.

    Мала шала.

    Значи,она што сака да ти каже ВајлдЧери е дека најверојатно и ти чувствуваш такви вибрации кога си до некој што ти се допаѓа. Затоа и ти вели да се ставиш на негово место,кога ти би ги осетила тие вибрации,бидејќи тие вибрации не можеме на секој еден да ги осетиме,треба таа личност да ни е посебна. Сега свати? ;)
     
  11. anu6kaa

    anu6kaa Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    1.314
    Допаѓања:
    429
    Пол:
    Женски
    Феминки ве молам за помош...
    значи подолго време излегувам со едно дете... во цело тоа време јас многу го засакав, пред 2 дена кога се видовме ми рече дека и тој чуствува нешто кон мене но сепак не било кој знае колку големо... дека можеби некогаш ке бидеме во врска.
    А сношти беше сосема друга приказна.. значи кога има луѓе и кога е со другарите, поминува вели само едно здраво и ништо друго. Се и сешто ми минува низ главата во овој момент...
    не свакам зошто така реагира кога околу нас има некој... ако чувствува нешто кон мене не би требало да му биде страм да не гледаат заедно (мое мислење) ...
    Ве молам за помош... :^)
     
  12. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Што правите кога некоја/некој го омаловажува или презира вашиот патрнер?

    Сега бев во друштво и станавме да си одиме со срцето и една искоментира во стилот: Дај Боже веќе да не се видиме :^) ! А се однесуваше на мојот оти тој рече: Се гледаме! :@

    Уффф....ме изнервира глупачата....требаше да и се свртам и едно шише од глава :devil:

    Како вие би реагирале???
     
  13. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Биди малку поконкретна- дали девојкава седеше со вас на маса, познаничка ви е или некоја која сте ја сметале за поблиска другарка?
    И што го предизвикало тој нејзин неубав гест, можеби некое ваше однесување претходно?
     
  14. princez

    princez Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 март 2010
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    0
    Мојот проблем го имаше ставено во една друга група ама можам и тука да сметстам еден дел .Не знам дали спаѓа во групата на љубовни проблеми но сепак ми треба совет веќе се измори .имаше 2 год врска убаво беше не сме имале посериозни кавги не сме се претискале , не сме се гушиле за ништо немаше ниту еден проблем за да дојде до крај на врската ама се случи и тоа и јас не можам да си поверувам .Пред два месеца прекинаме затоа што он сакаше како демек немал чувства спрема мене немал страст јас помисли дека се зеза бевме кај него гледавме тв и некој тоа да ти каже .После тие зборови си заминав.Да скратам вети си дека повеќе нема да го барам и не го бараше неколку дена .После тој ме побара како демек онака еден вид другарски муабет инсистираше да се видеме да правеме муабет .Разговаравме и неговата причина како демек била тоа што јас при крај со магистратурата а он бил со средно и не бил вреден за мене глупости невидени не можам во тоа нешто да поверувам .Потоа пак се слушавме ми расправаше како го поминал дено и на секој разговор се тоа ми го кажуваше не сум за тебе не вредам и вчера пак истото .Му објаснив од моја страна дека сепак 2 год не е малку и дека знам јас кој сакам не бе не прифаќа нејке ни да слушне само ми кажа дека повеке и контакто ке го прекинал со мене .Значи после раскинувањето уште 2 месеца се замара со него за на крај со некој глупости да ме откаче веќе не можам .Јас се направи од моја страна беше спремна да попуштам сега повеќе знам дека ништо нема да биде со нас тешко ми е Ч((((
     
  15. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Принцез, штом си при крај со магистратура тогаш пишувај литературно а не на штипски дијалект, вака тешко дека некој ќе те разбере.

    Јас од една страна го оправдувам дечко ти бидејќи колку повеќе ќе напредуваш ти, толку тој ќе се чувствува запоставен без ти да придонесеш да е така- едноставно ќе се движите во различни кругови и со тек на време нема да имате заеднички теми за разговор.

    Подобро да се прекине на време, отколку да се полните со фрустрации во иднина.

    А ти запрашај се- дали навистина нема ти пречи во иднина тоа што дечко ти е со средно образование, или се плашиш што ќе се случи сега кога ќе останеш сама?

    Според тоа кој е твојот одговор на прашањето така постапи, ама ако продолжиш со него ќе треба многу, ама многу да му покажуваш дека ти значи- размисли дали си подготвена на ваков живот?
     
    На mysterious и mims-89 им се допаѓа ова.
  16. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.099
    Можеби вистина се чуствува инфериорно, можеби е свесен дека не може да држи чекор со тебе...
    Можеби мисли дека нема што да ти понуди?
    Дали ти намерно или ненамерно така делуваш врз него или се е во неговата глава?
    А можеби стварно не чуствува веќе ништо за тебе, па сето ова ти го кажува за да на некој начин си олесни дел од 'вината' и наместо ти, тој да биде тој што ќе замине со тажна фаца?
    Ова никоја од нас не може да го знае, може само да претпоставуваме, а ако веќе морам да кажам по моја претпоставка е ова последното...Права љубов издржува многу проблеми, а не потклекнува на баналности како ова вашево...Велам баналности не оти не ми е позната таа разлика со образование, статусна, туку баш заради тоа-оние што ја имаат таа разлика а вистински се сакаат и почитуваат, за нив е баналност...
     
  17. ma4o4female

    ma4o4female Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    482
    Допаѓања:
    352
    Не е другарка, туку познаничка и седеше со нас за прв пат на маса.... :^) тој сега се запозна со неа, а јас ја знам од порано...
     
  18. princess11ska

    princess11ska Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    180
    Допаѓања:
    64
    Јас па мислам дека ако дечкото навистина те сака и сака да биде со тебе не би требало да се чувствува инфериорно затоа што тој е со средно а ти скоро м-р. Еве конкретно јас студирам и сум да се изразам многу поначитана и пообразована од дечко ми, а тој несакаше да продолжи да студира, сакаше некој си бизнис со камиони да започне и тоа си е негов избор. Нити јас се осеќам по доминантна ниту пак се осеќа тој загрозен да се изразам заради тоа. Јас утре ке бидам професор здравје боже, а тој ете камиони си сака... што можам јас... За твојот проблем сметам дека тоа му е еден вид на изговор односно можеби стварно му пречи малку ама според мене не те сака повеќе и сеа само си бара поводи но не го гледам тоа како главна причина за раскинувањето. Секое добро.. поздрав :)
     
  19. strawberry009

    strawberry009 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    6

    Се согласувам со последното мислење! Машкото и те како знае да излаже а да те направи ти да си причината за тоа! Не подлегнувај на таквите лаги! Тој ако те сакаше што се вика ќе одеше и ќе завршеше и факултет за тебе :) , ама мое мислење е дека не те сака и си бара повод за раскинување! Демек така побезболен! Не тагувај за безвезе, продолжи напред, некој што ќе те сака искрено, ќе се бори со сета своја сила да биде со тебе! Тешко е ама ќе успееш!
     
  20. peackata

    peackata Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2010
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    1
    имам проблем во врската..неколку пати го имам фатено мојот иден сопруг како пишува на фб со девојка за која знае дека се лутам....честопати се имаме расправано околу тоа и многѕ пати ми има кажано дека таа ништо не му значи и дека мене ме сака.....но мене ме нервира тоа........давајте совет ....поздрав