Хелло Не знам дали претерувам ,затоа и овде да прашам. Се допишував со еден дечко , онака интересен ми беше иако малце чуден. Покрај слики ,ми бараше камера викам зашто ? Вика,имал лошо искуство со лажни профили викам океј ќе се видиме на кратко на камера ќе видиш дека сум јас . Вчера му пишав кога можам бидејќи тој живее сам а јас не ,сепак не сакам така да зборам дома со сите колку и да сум во различна соба се слуша . Му пишувам околу 18:00 дали ќе може после да се видиме ? Ми враќа не ајде сега, а јас отидов по др раб и му вратив во 20:00 дали е тука да се видиме ...во 23:00 ми врати тука сум ќе те барам за кратко во 00:26 ми ѕвонел јас станувам во 6 за на работа и видов сабајле му пишав . Извини ,ама јас спијам тоа време ,кога ќе можеш после да се видиме во текот на денот пиши ми . И ,еве нема одговор инаку работи државна работа мислам од 6 сабајле сеуште да не ми пише ? Дали да не си губам време со дечково ?сепак, штета ми беше интересен ,ама дали заинтересирано машко нема да врати на порака од 6 сабајле ? Или се налутил за тоа вчера ,сепак мене 00:30 ми е навистина касно.
За тие што ме читавте, како да си помогнам а да не го сонувам? Воошто и не го мислам. до последно пред да легнам гледам филмови, правам друг муабет. Се будам со грутка у срцето и цела стегната.
Златен ли му беше па што го трпеше 5 години?? Овој сестро слатка те имал за сигурица, а додека си бил домче си имал други за разонода. Ич да не му ја мислиш. Ќе плачеш ќе преплачеш.
Сериозен маж што бара врска, така и се однесува, сериозно. Дали според тебе е сериозно да бара слики, камера, да го има па нема, па да го снемува со саати? И не скокајте одма работа ова она. Да, сите работиме ама не се однесуваме така. Сум работела и сум излегувала со некој кој работи на место каде не смее да има телефон кај него во текот на тие работни саати освен на пауза така да не зборам на памет. Имал искуство со лажни профили? На што го троши времето тогаш, на запознавање со секакви? Со која цел? И плус сите знаеме како изгледа лажен профил да не се правиме мутави.
Ако сум досадна сори на сите.. Најв сум. И мене не ми е лесно. Некоја болест е или синдром има таков да се измачуваш и испрашуваш што доколку со следната девојка/жена се понаша како што треба, а со мене на толку љубов, грижа, почит, посветеност добив една голема 0? И некоја го добие се она за што јас молев. И дека не сум вредела ни да разговара ни да се потруди да раскине како што доликува. Тек па за трудење да поправи, ни пробал ни па ќе има фајде. После толку години и давање шанси една обична 0 сум била само ваљда? Ме уби таа помисла.
Да фатиш книга да учиш, доста пишуваш глупости и приказни, почна школска година веќе, ке ти треба учењето остај го форумов, имаш време во иднина и за него, прво книгата па све останато.Досадна си веќе, не си интересна со приказниве и патетиките, батали љубовни романи и приказни, фаќај домашното.
Вау колку си интересен Со школо завршив пред 10 години. За која книга ме учиш да ја земам? Ако сум ти досадна одмини ме, има нормални приземјени членови шо сакаат да помогнат. Ужас сте значи, човек има мака колку и да ви е вас смешно и патетично. Цццццццц
Ама проблемот не се лажните профили. Членката никаде не спомна дека тоа и смета, напротив знаејќи го тоа дури и се согласила да се видат на камера. Нејзиниот проблем конкретно е тоа што нема добиено одговор повеќе часа, а за тоа може да постојат разни причини. И по мене не треба да донесува заклучоци дека ја бара само за секс само врз основа на тоа што еднаш се десило да не ѝ врати на порака подолго време.
Леле луѓе , полека малце Какви голи слики каков секс . Дечково ми рече дека баш не му се свиѓало тоа што се се врти околу тоа ,ниту некогаш ми побарал да му праќам слики , најнормално зборевме . Само рече ако сакаш да укл камера на кратко да видам дали си ти таа или да пратам слика со нешто што би докажало дека сум јас . Затоа ми е чудно што така однедаш престана да пишува и се повлече ама нмвз го избришав веќе.
Па зошто го избриша одма.Зошто не остави барем 2дена да видиш дали ќе врати.Да видиш што е причината.Можеби навистина ја има,ако почне да измислува тогаш извриши го.Не мора секогаш да се формира и да се суди од една постапка.
блокорај го совреме. Можеби тој е тој кој користи лажен профил. Јас никогаш не сум вклучила камера така да се видам со некој непознат.
Баш ако е сериозен ликот нема да дреме по цели денови на фб, наместо тоа си ја гледа работата и сметам дека е позитивно. Па што ако го немало неколку часа? Сеуште се запознавате, не знам од каде такви очекувања.. @Irenaiki Зошто си го избришала? После ќе речете нема нормални мажи останато, а не ни давате шанса...