Ако си завршила пред 10г школо очекував да си малку по паметна, а не патетична. Не ти е крив тука никој што ти не знаеш да си решиш некои твои патетики во глава. Наместо да си по напредна во размислување ти си затуцена и прашуваш дали да му вратиш на порака. Скоро 30г си, како што прерачунав. Луѓето на 30г размислуваат веќе за сериозни работи, а не дали на порака да му врати или дека те убива помисла дека не те сакал или незнам што. Дај порасни.
И да биде така немаш корист ти од тоа. Најди си некој тебе што ќе те почитува а ако гледаш што би бико ако би било нема крај.
Нормалните мажи или се зафатени или ако се слободни не следат 5000 женски профили па кај упали упали.
Нормално е луѓето да учат од своите грешки. Доколку е среќен со нова девојка или повеќе и дава внимание може учел од претходните грешки. Јас имав дечко од Крушево кој тврдеше дека нема да живее на друго место, иако работеше и живееше во мојот град. Од петни жили се искина да го преместат во Прилеп а со тоа да живее во Крушево. Не најдовме заеднички јазик не само за ова за многу работи слични како твоите. Еве го сега среќно женет во Скопје Ич не ми е жал што не го направи тоа за мене, ама ич. Едноставно не сме функционирале. Така и вие. Вие може не функционирате а не дека со други луѓе исто ќе биде. Затоа се новите шанси со нови луѓе. Знаеш ете каде е грешката со нов човек ќе биде подобро.
Што ви е бре вас? Јас дали тука некого окривив дека некој од вас членовите е крив? Што туку измислувате. Форумов не е за тоа направен? И шо дека сум 30 години скоро кога ми е прва врска не сум имала досега искуство со ваков човек и си имам мака. Не се исмевајте , најлесно е тоа, но животот е тркало не знаеш што може да ве снајде.
А кај прочита дека типот следи 5000 женски профили? Членката апсолутно ништо не кажа освен дека не и вратил неколку саати и сакал да ја види на камера за да се осигура дека е таа. Тогаш од каде заклучоците? А ти како многу запознаена со однесувањето на спротивниот пол не знам како уште си сама, кога на секоја тема имаш мислење во однос на мажите за кое си убедена дека е правилно.
Членката напиша повеќе работи, препрочитај и го пак мислењето. Не треба да сум во врска за да имам свое мислење, секој си има свои мислења, некој ќе се согласи а некој не, затоа е форум да дискутираме.
И? Пак ќе прашам, каде напиша дека типот следи 5000 женски профили? Ако не можеш да најдеш бидејќи такво нешто не постои, тогаш за што разговараме и за што бев цитирана? Нема проблем, ќе дискутираме ама за што, за измислици? Патем да, секој има право на свое мислење. Ама мислење не е носење на заклучоци од ракав. После зошто сте сами? А со кој да бидете кога на никој не давате шанса? Јас не велам дека баш секој ја заслужува таа шанса, ама ако не знаеш да процениш барем дај му време. Одма блок како средношколци да сме, после немало нормални мажи. Па како очекувате да ги најдете? Нормалните мажи не седат по цели денови на социјални мрежи за да ви враќаат на секои 5 минути.
Јас не блокирам. Ниту па пишав дека треба да враќа на 5 минути, чим толку ми ги читаш сите мсилења ќе го прочиташе и тоа каде што пишав дека сум била во врска со некој кој со часови немал телефон во себе а истото и јас, некогаш се поклопувавме со смени, некогаш не и апсолутно тоа не ми пречи. Што се измислици? Кој од нас еве некој ако има нека каже дека не знае да препознае лажен профил. Сите тие приказни се баш од таков тип мажи, демек не знае дали е лажен профил, си игра топло ладно и буквално нема критериуми кога заследува некоја па кај упали упали. Не знам што е тука заклучок од ракав.
Што и да ме снајде и јас сум скоро 30г можам да го решам, особено вакви патетики. Само за најлошото немам решение. Така да, ништо не ми е мене, само се обидувам да ти кажам да пораснеш малку. Сите сме имале први врски, не си само ти.
Ме имате читано со години. Последно беше за на одмор за коктелот што ме направија од гомно подоле. Уназад за тие шо не знаете searchnete ме у лупата. Од почеток на септември сум раскината, немам контакт ни нишо. Е сега, случајно вечерва на другарка моја(другарка и пратила слики од мај месец кај што сме биле у врска и кај што мојов бивш е сликан со 3 девојки, едната обесена на него. Другата така речено со раката му е у скут. Типкиве нит ги знам нит ги познавам. По некоја логика што кажала познаничкава едната му е колешка, нити ја знам нит нишо. Али дозволил да се слика со 3 девојки и абери да пратат до мене? И такви пози? Со мене таква имтимна поза немал. Whatt. Мислам нишо од тоа не ме погоди не е љубомора само револт. А тој и си ќутел за сликиве. Говедо. Дали е вреден да му ги испратам само и лом да го направам. Да знае дека знам. Ќе ми тежи ако мисли дека ме напраил будала и не знам. А све се дознава кад тад.. Али и тоа да го направам ќе искочи тие му се другарки, ја сум луда, имал право шо се тргнал од мене. До толку сум истрауматизирана, што си викам не сум јас луда така, непочит е и не е нормално?
Абе не му се замарај какво отерување ,уште ли ќе се објаснуваш со него нормална ли си? Ништо нема да ти смени сега едноставно не заслужува да му придаваш значење.
Абе какво јавување, уште ќе ужива кога ќе види дека те повредил. Не вреди да се замараш, врти, врти и само врти понатаму. Ќе ти биде тешко уште малку после ќе уживаш среќна, верувај. Уште емоциите те држат и трезвено не размислуваш. Шетај, читај, макар и сама уживај во животот. И секој ден се заблагодарувај што си успеала да се оттргнеш од таква личност. Уште многу работи ќе дознаваш штом е таков ама само си вели фала ти Господе што помина. Замисли маж да ти е, па деца со него, кој стрес и траума ќе трпиш, остај ти, децата. Животот се троши на убавини, на личности кои вредат, не троши секунди на вакви.
Штом сте прекинале контакт нема што да му се јавуваш и пишуваш. Не е достоен за твоето внимание. Кога ќе го видиш помини си мирно не го ни погледнувај. Оди си по патот што ти е трасиран. Сѐ што си имала со него сега веќе е минато. Избегнувај ги местата каде што излегува.
Те погодило, ама ќе преболиш. Не е вреден! Многу му е гајле дека ќе го направиш лом, само ќе се понижиш и ќе му покажеш дека уште има влијание врз тебе. Тури му пепел и не го есапи.
Игнорирањето и тишината се најголема казна.Мене искрено би ми било понижување да реагирам на такви ниски работи.Не му пишувај,мој совет
Ич не му придавај значење. Да е добар не би бил бивши.Се е тоа минато, ако му се јавиш само му правиш услуга и даваш на важност.
Ако сакаш да му разубавиш денот, пиши му што повеќе пораки и потруди се што повеќе лом да го направиш
Еве мене не ме убеди дека ти е бивш. Те имам читано и пред тоа. Јас мислам дека уште трчкаш по него а не те става на пауза. Шо е битно шо правел? Штом е бивш оти слика ти праќаат или ти си ја видела. Па уште да реагираш. Зошто? Нели ти е бивш? Животот иде понатаму, може да дознаеш и дека имал и паралелна врска со тебе и со друга. На секое ли ќе реагираш. Ова ти е показател и потврда зошто ти станал бивш и така треба да остане по мое.