Мене лично ми смета ако партнерот следи полуголи жени и им лајкнува слики. За мене тоа само по себе е еден вид изневерување, а духовноста и гледањето порнографија или такви содржини ми се неспоиви работи. Ако видам дека некој го прави тоа, едноставно знам дека не е човек за мене. Пак ќе кажам, социјалните мрежи не се пресудни. Некој може таму да се претставува во најдобро светло, а во реалноста да биде сосема поинаков, ама сепак начинот на кој ги користи може да ти каже нешто за него. Не го оспорувам твојот став, ниту се обидувам тебе или кој било друг да го убедам во мојот. Едноставно, имаме различни граници и очекувања од партнерот и тоа ми е сосема ок.