Ова е слично ко некој дечко претходно што прашуваше како да престане да мисли на некоја девојка од работа, само што во неговиот случај беше сигурен дека таа кон него се однесувала поинаку отколку со другите, а во твојот случај кажуваш дека тој така се однесува со сите. Лично познавам луѓе што едноставно се такви по карактер: сакаат со сите да се зафркаваат, харизматични се, духовити, топли, често делува дека флертуваат или ако стварно флертуваат тоа е повеќе за нив игра, немаат за цел да почнат нешто. Нормално има и такви што флертуваат зошто сакаат нешто. Не знаеме со сигурност за што станува збор во твојот случај. Не ти треба помош околу одљубување, сама си свесна дека не го сакаш, туку слично на дечкото од претходно ти се допаѓа како некој се однесувал кон тебе. Додека од една страна, некои од нештата што ги посакуваш се сосема нормални очекувања од една врска, од друга страна, ми се чини дека како да ја врзуваш сопствената вредност за тоа како некој друг се однесува кон тебе. На страна фантазиите што си ги имала за зафатен човек, дури и да започнеш врска со некој што стварно ти одговара, твоето чувство за сопствена вредност не треба да зависи од вниманието и потврдата што ги добиваш од другите.
Флертот никогаш не е "ништо". Само не знам дали сака нешто вистински или само внимание забава, нешто брзо..
Добро ако ти намигне на што ќе помислиш? Дека сака да ја остави жена му, да се ожени со тебе, да живеете на Малдивите и да му правиш романтична вечера и да му даваш да јаде од твои раце исто како на цртаните филмови?
По тоа што го опиша испаѓа дека тој бил само љубезен со тебе, а тебе ти годело неговото внимание и си фантазирала. Во што виде флерт? И да флертува со тебе на пример, зарем се надеваш на нешто повеќе со него дека ќе ја остави жена му и сл.? Или на кратка авантура? Дистанцирај се од него и не си го губи времето.
@Alizée10 малце повеќе преувеличи али ок.. по мене овде буквално ништо се нема случено.. човекот си правел нормален разговор со колешка.. не е ништо страшно.. да те канел на кафина па да сте се зближиле во ред ама вака ништо си оди на работа човекот ко сите други.. некогаш порасположен за муабети некогаш помалку..
@dasd ми го избришаа прашањето. Зошто да не дејтам програмер? Сите ли имаат дупки во боксерките, не користат дезодоранси и не сакаат да се бањаат?
@Slevin Kelevra имаше многу интересен муабет помеѓу повеќе членови ама го избришаа, во друга група беше. Е сега мојот коментар беше дека мене ми е најјако кога машко што има 3000+ евра плата очекува жената да има убав долен веш, да биде средена, дотерана. А, тој самиот оди со дупки по боксерки/маички и не користи дезодоранси (затоа што биле штетни). И тука @dasd ми кажа да не дејтам програмери и решен бил проблемот. Затоа прашав дали се сите такви
Прво не зимаме сите програмери толкава плата, да не се лажеме . Второ се гледа на прв поглед дали некој не одржува хигиена. Трето кој сака да гледа жена во убав долен веш, нека и купи
И на носот се приметува дали некој не одржува хигиена. Муабетот ми беше дека е срамота и мажи и жени што имаат плата, што се возрасни да не држат хигиена. Се знае во Македонија, кога ќе ви се скинат гаќи, чорапи, маици за што се користат. Се перат и се користат за бришење прашина Не треба пак да ги облекувате. Или ако ептен морате закрпете ги. Иако мислам дека кај нас жените држат многу повеќе хигиена од мажите. Дури и на дејт жените се спремаат долго, се обидуваат да личат пристојно. А, мажите одат ко за до пазарче.
Не знам што да ти кажам, може си имала искуство со такви типови. Хигиена е задолжителна за било кој пол. А ако ти дојде на дејт како за на пазар, значи имаш солиден индикатар што понатака со него.