Ќе си му кажаш фино и убаво дека ти смета и да прекине контакти. Ајде да е само за едно здраво стара школаса од време на време за како си што си што е ново и честитање ајде некако, ама пак се со мера. Како би било ти постојано да правиш нешто што него би му сметало? Нека се стави малку во твоја кожа. Се преку мера и ситница да е со тек на време си води од едно на друго.
Епа вака веќе неколку дена се нервирам и решив овдека да пишам.....па да видам што ќе ме посоветувате. Се мувам со еден што многу ми се сиѓа и еве веќе неколку пати се смувавме(обично се случува еднаш неделно)...а измеѓу си пишиме на нет и све тоа али не ми се јавува на мобилен иако има мој број.....само со пораки контактираме кога треба да се договориме каде да се најдеме и он ме праша пред некое време као демек дали ова нашево ќе остани на мување и јас му реков дека сакам повеќе од мување и после он на тоа одговори дека сакал со мене алииииии не знаел дали сака девојка моментално (а и да кажам дека се скара со бившата пред месец) Мислење совет?! што и да е кажете
Jaс на твое место би бегала како од ѓавол. Ама тоа сум јас, и бидејќи имам лоши искуства со таквите што не знаат што сакаат. А и со бивши скарувања умешани. Само ќе ти речам пази се. Не се залетувај, да не испадне, се смири со бившата, пошо на тоа ме наведува делот дека не знае дали сака девојка(чека нешто од претходната). Најубав совет, не знам дали ќе го примениш или не, ама е да пресечеш, да речеш не сакам да се муваме, сакам врска(ако навистина сакаш)! Тогаш со сигурност ќе знаеш што сака што неќе дечкото!
Jaс не се согласувам со тедигреј,....мое мислење/совет - уште му е рано да влезе у врска, зашо пред месец дена се скарал со бившата....Иако не сумљам во тоа дека му е супер со тебе, сепак он психички не е спремен сеуште за таква одговорност....дај му малце време и би требало да е ок А за другово, не претерувај и ти дали ти се јавува на мобилен или не......коа ќе се фатите вие девојките за некоја ситница која што патем не значи ништо - праите жирафа од неа....ти пишува пораки и тоа е сосем ок....Незнам која разлика стварно би ти напраило ако ти се јави или ти пише порака? така да олабави се малце, не ја анализирај секоја мала работа, зашто само ќе си праиш филмови кои што реално немаат тотално никакво значење и не постојат....
^Реков ја, лоши искуства Eте имаш две различни мислења, ама сепак ти го познаваш дечкото и ќе предосетиш што е како е. Женска интуиција
Епа јас мислам дека (во зависност од тоа колку бил со бившата) еден месец е брзо. Односно можеби не за него туку за околината. Сакам да кажам на пример бил со неа подолго и сеа после еден месец да каже имам девојка... Еве јас на пример имав 4 годишна врска и не го сакав дечкото последните 2 години а туку бев со него од навика, а последните 6 месеци константно го варав со сегашниот ми дечко. Но несакав да го повредам бившиот и иако одма после раскинувањето започнав нова врска сигурно едно 6 месеци се криев, не само од него туку и од моите и слично затоа што ми беше непријатно. Мој совет ти е да не напнуваш затоа што можеш само да го пригушиш. Нормално, не дозволувај ни да си игра со тебе, не си му ти на закачалка па денес ми се мува утре не... но сепак како што викаш само неколку пати сте се смувале. Дај му време и на него, дај си и на себе. Па да се надеваме со тек на време ке му влезеш под кожа... и мувањето ке се претвори во врска... но само без притискање за да не го озбркаш од себе. поздрав
Немој да се налутиш ама зошто мислиш дека би сакал врска кога има се и без неа Ваквите односи најчесто не завршуваат добро баш заради вакви барања од едната страна. Ако му е до врска би прифатил, ако не пак секогаш може да најде нова за без обврски. А и зошто не ти се јавува Малку е понижувачки што помислува на тебе колку да те извести за време и место. Ама не се знае, можеби нема добро искуство од претходната врска па сака да биде повнимателен пред да се впушти во нова зашто сепак е обврска Зависи од тебе. Среќна ли си со ваквиот однос и сакаш ли да продолжите. Штом ти го кажал ова немој да инсистираш зашто само ќе го оддалечиш. Ако сакаш нешто да промениш поминувајте повеќе време заедно и во секоја прилика покажи колку ти значи (секако не со зборови ) Едноставно биди му и пријателка и нека може секогаш да смета на твоја поддршка, совети и разбирање. Секако ова само доколку ти сакаш да продолжите заедно, твое е да одлучиш што понатаму ако и по некое време инсистира на ваков однос.
Зависи од тебе дали си спремна да го чекаш додека да сака девојка. Може па и ќе се испостави дека не сака тоа да бидеш ти. А и многу брзо е прекинот, пред еден месец само, може па да испадне дека уште ја преболува, а ти само му помагаш во тоа. Времето само ќе покаже, а ти ако сакаш да бидеш со него само за мување биди, па не се знае што ќе испадне.
Луге тој планира да се жени,а јас се уште имам чуства кон него.Ве молам не ме осудувајте дека не сум ги слушала вашите совети туку ги применив,не го барав а тој ме бара,ладна сум со него,кога ми се јавува го гасам мобилниот.Кога ми пишува не му вракам на мобилен.Тоа што го дознав ме уништи.Не сакам сево ова вака да заврши.Таман го преболев дознав тоа за него и се стресов.Глумам силна пред другите а внатре се кршам дел по дел. Не ми треба совет,знам што треба да направам ама морав да се испукам некаде.
^^ Колку време бевте заедно ? Колку време сте разделени ? Планира да се жени ? Пиши ПРОПАЛО . Сакаш да не контактира со тебе ? Тогаш ќе му кажеш нареден повик или порака дека имаш докази против него, дека е завршена приказната ТИ + ТОЈ .. и ако уште еднаш ти се јави ќе му кажеш се на женска му . После тоа Венди ти гарантира ќе го снема . Што се однесува на тебе моја парола е ... Клин со Клин се избива ... Да сум на твое место би ми одмилил од лицемерието кое го презентира се жени, жено отерај го у три лепе пм и не ни помислувај на него .
Mи кажа така,а и вистина е,сама се уверив но врската не му идела нај нај.Незнам,тоа беше шок за мене.Се уште не можам да се свестам.Најбитно од се е што бев рамнодушна и да не осети дека ми е криво му дадов подршка да не се откажува од нејзе и дека сум заинтересирана за друг а нема врска. Нема секако да се жени денес утре или следната недела но по неколку години да.Се може да се случи до тогаш. Девојката не ја ни познавам,не знам од каде е. Сакам да контактира со мене ама да беше сингл,да беше ко порано.И сега јас се осекам искористена а потоа сум се бунела дека немало машки.Како да мислам после ова?.Ке се избаци некој и ке рече не можеш од едно или две искуства да го мислиш тоа.Епа како да не сум разочарана?.Имав надеж,ми даваше надеж се додека нешто не пукна мегу нас. Не можам да му бранам тоа да биде со друга.Разделени бевме 2 недели од прилика .Повеке ми беше пријател отколку нешто повеке.Пријател на кој можев да се потпрам,на кому му верував отколку на другите.Зошто само тој ми подаде рака кога бев во најголемата депресија.Приврзана бев.Едноставно чуствата не можат така да избледеат преку нок.Не го ни барав ни се јавував се до пред некој ден додека тој не ме побара. Збунета сум само и не знам кај се наогам,не можам името да си кажам.Толку бев срекна што го познавам а сега сето тоа мораше да заврши со ваква изјава. Признавам дека сум крива,тоа не го оспорувам,одамна требаше да завршам со него ама јас не сум таква личност која се кара па макар и наштетиле.Учена сум да простувам.Тој ме учеше,на тоа и на многу работи. Ке го оставам,и утре пак истото? Губам пријателки и пријатели заради него но нив никаде ги немаше кога лежев во болница,кога бев сама во мојот дом туку само тој и ми понуди секаква помош. Мислев дека е обид да види како ке реагирам ама не е така зошто знам зошто.Од тоа нема подобра извор.
Не е некој проблем,но решив да пишам во оваа тема бидејќи сакав ова да го споделам со вас, сакам да слушнам ваше мислење и како вие реагирате или би реагирале во ваква ситуација. Всушност јас си имам проблем со самата себеси, како што веќе знаете партнерот си има внуци од својата сестра, но тој некако премногу се грижи за нив, ако нешто направат тој одма реагира. Ако заминале малку подалеку од куќата одма и вели на сестра му оди побарај ги, и да е тука и сестра му и зет му тој мора да изреагира. Ако плачат тој е тука за да ги утеши. Мене сето тоа понекогаш многу ме нервира, знам дека се деца мали се, но навистина се многу немирни и разгалени. Ми смета тоа што кога родителите се тука наместо тие да се грижат ( морам да споменам дека не ги вардат доволно, им допуштаат некои работи кои не би требало да се дозволат на деца, прават белја)тој и пред нив мора да ги варди на некој начин. Мислам дека ме сфаќате што сакам да кажам. Разбирам дека му се внуци но понекогаш тоа ме вади од такт. Кога сум тука и гледам што се случува не знам како да прстанам да се нервирам и како да постапувам. Морам да признаам дека во мене има некоја си љубомора или не знам ни јас како да ја наречам. Деновиве баш бев изнервирана поради тоа и сакав да му го поставам прашањево: Дали вака ќе се грижиш и за твоите деца? Можеби е глупо но во нервозата можам се да му речам, ме нервира тоа што на некој начин изиграва (глуми ) татко. Но не му реков ништо гледам да се воздржам колку што можам. Ахх се извинувам за долгиов пост напишав цел реферат но барем се олеснив на некој начин. Совет
Те сваќам потполно ... Се прашуваш дали вака би бил за тебе и за твоите т.е вашите деца . Нормално е да ги сака пази и мази ама се што е претерано не чини . Сега засега немаш потреба од посебна паника . Ги сака и сака а ги разгалува има вишок на време и нерви можеби и пари . Но се разбира не може секогаш да е така . Еден ден кога ќе има свои деца работите ќе се сменат. Тогаш вниманито ќе му биде одвлечено од своите деца , времето , интересот . Не знам колку години има ама во него ко да проработел татковскиот инстинкт . Нормално е многу нормално сега засега знам многу вакви примери . Другар ми дури позајмуваше пари само за да на внук му му купи најскапи играчки . Еден ден кога ќсе се ожени нема да биде исто па и да сакаш . Сега засега онака индирект во муабет прашај го а ти сакаш деца ? Види што ќе ти каже . И немој да мрчиш зошто може мнооооогу лошо да си сфатена и да си направиш проблем кој и по секако е привремен . Сега толеранција : . Таман нека се извежба кога ќе имате свои ехеее
Затоа и се плашам бидејќи ова навистина ме нервира и можам многу лесно да избувнам, па затоа се трудам колку што можам да не му зборувам ништо во врска со тоа, да ја сокријам нервозата.
Знам дека ти е претешко потполно те сваќам зошто и јас сум ваква . ама ако испадне нешто да кажеш тоа нема ни да ти го прости ни да ти го заборави . Ќе мора да се стрпиш сега засега . Тебе не те боли ама него можеш да замислиш а ако додадеме дека тоа би можело да стигне до неговата фамилија вак ќе те гледаат
Не знам колку ќе бидат компетентна да ти помогнам со совет со оглед на тоа што сеуште немам внуци од сестра, ама ке ти кажам дека според мене ова што тој го прави е нормално. Без да ми кажеш знам дека и самите деца го сакаат него повеќе од било кого и највеќе го слушаат. И самата кажа дека родителите не ги гледаат многу, па очигледно тој не може да издржи така па тој трга по нив. Знам ваков пример каде моја другарка не можеше да гледа како снаата не му обрнуваше внимание на детето,па детето и со нејзе јадеше,спиеше,таа го пресоблекуваше, со еден збор таа го чуваше и со нејзе порасна. Исто и внуката на братучетка ми порасна со тетка и. Секако се си има граници. Можеш да разговараш со дечкото,меѓутоа пази да не го навредиш.
Савана мислам дека сега засега нема потреба од паника. И самата викаш дека родителите на внуците негови не се замараат за децава, па на него едноставно му е страв да не направат беља. Од друга страна, вујковците се многу наклонети кон внуците, знам по вујко ми дека ме третира како принцеза. Не сум му помила од неговите сопствени деца, ама знам дека секогаш ќе се однесува така со мене. Дечко ми е тазе вујко, исто така се прави за внучето. Неможам да му забележам кога гледам колку му е ќеиф и мило за бебенцето. И не се секирај, кога вие ќе имате свои деца секако дека тие ќе му се на прво место. Несмееш мислам да се караш со него заради тоа. Едино можеш да кажеш е ако се премногу немирни и прават ршум низ дома, а ти цел ден си чистела и средувала претходно. Мораш да разбереш. Тие деца му се крв, од негова сестра. Ги сака исто колку што ти би ги сакала децата на твојот брат или сестра
не не .. повеќето е преку другарка ми но сепак еве и некни пишував со него на четт... и се шо ми лежеше на душа му изнакажав.. и он ми вели демек бил само онака ставен со неа у врска.. шо не ми e за верување.. иначе преболен и заборавен е он..јас си се смував со друг
Девојки дечко ми е цел ден излезен. Требаше да излеземе заедно со неговото ново друштво но тој ми кажа дека не идеме и јас реков ок. 5 минути пред да оди ми вика еј јас одам, јас не можев, имав други обврски. Го прашав со кој ке оди, ’’ Со Бојан и Марко“ ми кажа. Му поверував. Излезен е веќе 6 часа, не одговара на моите повици. Пред 2 минути конечно крена слушалка и ми вика ’’извини мило, не слушнав телефонот’’ јас одговорив дека е Ок. се случува нели? Но ми кажа дека ке дојде за најмалку 2 часа и тогаш ке може да се видиме. Јас реков Ок, Чао и он исто. Но го заборави телефонот уклучен. Отиде таму, се слушна како седна на масата и да.. До него седеја девојки. Во нив го познав гласот и на онаја за која ви пишував во претходните теми дека му се свиѓа и и се пушта. Зборување со неа, слатко и мило. Онака како што не зборува со мене од кога ја запозна.. Што да правам девојки? да преминам преку ова ? тој ке рече: не ти кажав за да не се налутиш. Ова не му е прв пат, се случувало и со други девојки. Подоцна ке одам кај него. Што да направам девојки? ве молам дајте ми совети.. очајна сум..