Да прекинеш и око да не ти трепне. Вакви луѓе со кои треба да се тегнеш, да им игнорираш лоши страни, а ги има премногу, не би му посакал и на најлошиот непријател. Доколку те буни мојот одговор, препорчитај си го напишаното и размисли за момент дали навистина би сакала да продолжиш по старо...
Знам дека вака по старо не сакам, но потајно си велам а што ако. ( доколку се промени)што нели е нормално после 7 години. А и збореше за брак, сите ми викаа дека за нова година или сега за роденденов може ќе ме бара. Но си викам дали Бог ме чувал од иден развод. А и 2 недели еден збор да не пише да види што ми е? Сфаќам дека е мн инат и тврдоглав. Дали имала некоја ваков дечко крив да е а него да го нема и другата страна да е токсична?
Уште еден профил да напраеше, малку ти се Али ок викаат дека вакви срања се дешаваат у живот Читајте женски наивни и очи у глава! Како не треба да сте глупи.
Зашто ова ти е втор профил. Имаше друга Наташа на темава со истите проблеми. И џабе ти се совети, ти не се откачуваш од тој.
Зошто е тешко да се поверува дека на 29 год. трпиш вакви срања. Ти дал цвеќе за Валентин во далечната 2020 и сега имал грижливи моменти.
Се познава дека ти самата си многу свесна за сите негови грешки и пропусти и мислам дека нема дилема тука, си се спасила навреме. Не претеруваш воопшто, а за него каков човек е мислам и самата ако размислиш ќе сфатиш дека е манипулатор, си игра со тебе топло ладно, ти си цела збунета а него ич на к не му е.
Верувај, ни години не се потребни ако некој сака да те зеде за жена. Многу кратко време е потребно за тој што знае да процени. Годините никогаш не се „изгубени“ како што ти мислиш; па дури и да е така - поарно изгубени, без маж, без дете, без ништо, неголи сѐ ова од погоре наведено. @NatashaaM
Чекајте на основа на што кажувате дека сум трол? Имало Наташа тука друга? Па баш напротив ако сум била таа Наташа, немало сега да се крстам Мила, Марина??? Логика. Како донесувате вакви заклучоци па незнам. Хаха. Патем, спојте ме со таа Наташа А нели може да не е ни она Наташа вистински, а така да е пишана само?! Оххх смешни сте скрозз. Екипо не осудувајтр ако имате опција за помош изволте.
Не можеме ние да ти помогнеме ако ти уште го сакаш. А, по тоа што го пишуваш ти сакаш да го менуваш него. Ти сметало тоа што додава девојки што не ги знае, што ги става во close friends. И сите тие работи се океј и валидни и мене би ми сметало. Ама мораш да сфатиш дека ти не можеш да менуваш некого, посебно не некој на 33. Ако мислиш дека ти не можеш да живееш без овој човек врати му на пораката и бидете заедно, ама прифати ги сите работи што ти сметаат. Не се обидувај да го смениш. Има такви жени што прифаќаат сѐ и сешто заради љубов.
Јас колку шо сфатив, проблемот го немаш веќе. Како бе девојки сонувате за брак во ваква врска? Кога ќе се промени? На 77 години? И сеа ќе солиме памет овде, за два дена истиот проблем ќе го пише некој. Дури и да си трол, не е важно затоа што ова се реални проблеми во нашево општество. Вакви грешки на 19, 20 и кусур години ај океј, да речеш. Ама на 29 не. И тој 33 годишен ,а мочко. За слична грешка и јас прокоцкав три години од животот па уште сум си лута, а да беа 7 не знам дали ќе си простев. Ако не ти е јасно каква е ситуацијата од текстов шо си го напишала, прашај се дали ќе сакаш ќерка ти да е во таква врска и дали би ја подржала. И утре пак за истите глупости прашувајте. Ум да ми дава Господ, ако имам ќерка да ја воспитам да не се сомнева во сопствената вредност.
Не знам зашо се некако истите приказни ми се вртат овде, или многу луѓе со исти проблеми има или некој се заебава со нас.
Точно така. Го немам. Најгусто беше па и дека валјда земал бело. Па дали е нормален си викам. Ако било така и ова да е точно нели додека не видиме со свои очи незнаеме. Што ли се случувало па што не знам се прашувам?..
И да земал и да не земал не е битно, те третирал многу лошо и воопшто не допринесувал за врската, му било сеедно ете и на дело си го фатила како мава со опашот... Си се спасила навреме.
Веруј дека се се случува за жал. На колешка на мајка ми ќерка и се разведува 6 месеци од кога правеа свадба, зашо 1 година и пишувал мажот и на бившата ( мажена со дете) + и уз пролаз на цел град нели. Али касно разбрала. Е и ова го имало.