Хаха какво мислење? Оправдуваш насилство ко што те разбрав? И најпаметни можат да бидат жрвти на насилство така? Прв пат му паѓа склопката и те толчи. А дотогаш сјајно. Што беше споредбава?
На 29 толку не можеш да процениш дека треба да го оставиш? Што чекаш? Да се смени? Нема да се смени. И дупли профил си, истите работи ги пишуваш, и тогаш те советуваа и сега и џабе, ти пак со него ќе си останеш. Јбг. Ти губиш самата.
Дали 7 години ти требаше да разбереш со каков човек си? Ова ми изгледа дека ти си овца, а он те стриже, кога не знаете да пресечете на време, да баталете такви имбицили, трпете си ги и не кукајте, мислиш без кур ќе останете ако раскинете на некој што си го дига патлакот на други жени и не ве почитува.
Какви "луѓе" сме... секоја втора девојка го има истиот проблем во врска, со недоволно внимание, немање заеднички слики по социјални мрежи, допишување со други девојки. Како можете да бидете сигурни дека е истата девојка? И на крај за што е темава? Ако толку ви смета што некој побарал мислење, воопшто не ја отварајте. Кој и да напише нешто и побара совет, го исмевате. Нека ја избришат тогаш и нека не постои, секако веќе нема кој искрено да советува. Се само сеир се прави и им се додава на луѓето на маката. Толку ви е тешко да поверувате дека е некој заслепен во врска и дека упорно простува со надеж дека партнерот ќе се смени? Не сте биле никогаш на тоа место? Не ми е ни чудно, ни ново. Во ред секако не е, ама затоа сме тука за да помогнеме ако можеме.
Баш затоа што сме биле на тоа место. Ние девојчињата сме делулу во "врски" или што и да се. Прво не можеш да менуваш некој. Или треба да го прифатиш или да го оставиш. Ако некој сака да се смени тоа треба од него самиот да дојде. Плус цело време дробиме дека мажот е тој што треба да биде маж. Ние жените треба да бидеме девојки/жени во врските, не мајки. Ако сакаш да менуваш некој ти му стануваш мајка на тој некој. А, кое машко сака да биде во врска со некоја што се однесува како мајка?
Дефинитивно. Се сложувам со се што напиша. Но ако некој во моментов не е свесен, не значи дека е трол, дека измислува, или дека треба да го исмеваме само затоа што е наивен. Единствено што можеме е да помогнеме со совет. На крај пак е нивно како ќе постапат. Ама се испишаа страни без никаков контекст со куп исмевања, што воопшто не е во ред.
Па, нели не сте заедно? И не треба да бидете. Манијачел, додавал други девојки кои не ги ни познава, цело време, си му била прости вака, ама ако не на последно, на претпоследно место, не можел сам да стане и затвори врата, паразит, може и шмркал, те навредувал. Јас не би ти советувала смирување во ниту еден случај, дури и блокирај го од секаде, излези со другарки, разоноди се, млада си, уживај. И за памет, ако не дај Боже наидеш на сличен, не минувај ни седум месеци во лоша врска, не па седум години.
Нема да се промени, во тоа да бидеш сигурна. Брак и дете со ваков, не. Не си прави заблуди, штом го преболиш, ќе размислиш со ладна глава и ќе бидеш благодарна што се завршило. Отвори пат за подобри можности. Си се спасила!
Цела една генерација од жени треба самоиницијативно да се жртвува и воопшто да не создава ништо со мажи како овој со погоре наведените карактеристики. И сѐ тоа доаѓа од мажите (читај, татковците), врти-сучи пак од по дома. Сигурна сум дека и немале цврст столб за вистинска машка татковска фигура, па во каква личност да се измоделираат (со ретки исклучоци)? Земете предвид дека многу мал број од мажите се грижат воопшто и за своето ментално здравје/решавање на трауми, проблематични навики, пороци. Затоа имаме наркомани, психопати, насилници.
Има многу девојки со сличен проблем како овие. Јас имав пред неколку години сличен проблем со таков тип и на време го откачив. Многу машки фаќаат девојки само колку да кажат дека ебнале нешто или имаат покрај себе заморче колку да има шо да зборуваат у друштво. Ја третира како идиот а жена кога ќе се заљуби е слепа и многу пати мосли дека е нејзина вина. Колку пати овде сме читале за девојки што се жалат дека партнерот не им посветува внимание, заследува девојки и ја навредува, зошто е тешко да се верува дека постојат многу такви скотови од луѓе?
Да, затоа и пишав. Прочитав горе. Жените се зацепуваат во машкото уште толку, ако бидат интимни. А, машките се одљубуваат кога ќе го добијат тоа што го сакаат.
Затоа машките пред да добијат тоа што бараат како мачиња се однесуваат. Мислиш на мравка нема да згази. Ееее после. Оп, нов човек. И жените се во стил ,,Ама тој не беше ваков на почеток". Па нормално. Затоа што ја добил наградата. Го поминал тој level во играта.
Најголема грешка што жена може да ја направи во животот е да си ја даде невиноста. There I said it. Затоа, чувајте се. Додека не се покаже дека навистина сака брак и деца и е одговорен. No kitty. Ако и вие сакате брак и деца. Исто и мажи, што ќе ви е да имате се*с со 200 жени?!? Башка и грозно е. Машки што се фалат дека спиеле со полно женски ми се бљак. Не е нешто за што треба да се гордее некој. Не е некое достигнување во животот ако го брцал кај ќе стигне и во која и да му дала.
Еее јас тој го жалев со години, наивна, помлада, мисли се шо лета се јаде. Небитно, од лекции се учи, следен пат ќе постапиш мудро. Некогаш треба да собереш храброст и да заминеш од таму кај шо не си почитуван, без разлика на емоциите. Преку ноќ не се заборава, ама за тоа треба време. И поарно во врска отколку во брак па да ги читаме у разводи. 5 години, 7 години, 10 години, човек треба да се стави на прво место. Преку глава од муабети " tolku godini bef so nego". Луѓе со години у брак се оставаат не пак вака.
Сега да видиш како ќе те направат ултра старомодна, ама горе-долу сите жени сфаќаат кога-тогаш дека си ептен во право. Мада, јас би рекла дека ништо не е гаранција за среќа. Човек никогаш не го знаеш во целост, со секакви гомна може да те изненади. Секогаш велам, индивидуалноста пред сѐ. Ако паднеш во нешто, да можеш да се исправиш. Свој човек да си, во било кој аспект.