Вистина е и ова, ама има и некои неколку години ќе бидат мачиња, а после пошто се создава некоја сигурност во врската и рутина, тие се сигурни дека девојката нема да ги остави и престануваат да се трудат и да вложуваат во врската. Си мислат дека штом еднаш ќе ја освојат, нема потреба повеќе од освојување, ама љубовта не функционира така, на огнот што го има на почеток треба цело време да му се додаваат дрва. Исто и ние жените треба да знаеме кога е време да си заминеме, ако веќе сме кажале што ни смета и сме дале шанси, а другата страна нема желба за промена се става крај и тоа е тоа. И не е себичност туку самопочит, а мажите сфаќаат што изгубиле, ама прекасно.
Се заминува одеднаш, без најава, без ништо. И така секоја жена треба, само ова да го има како опција. Не те сака, те користи, те малтретира, излегуваш во рандом ден (па и му оставаш сѐ ако треба) и го исправаш патот.
Многу жени не можат ова да го направат затоа што немаат каде да се вратат. А има и такви што ја жртвувале својата кариера и сега немаат ни свои пари.
Во целост сфаќам (да не навлегувам во детали). Жена секогаш ќе најде начин, дали од тоа што пазари ќе скрати, свои пари мора да има. Исто, ако е здрава и права едноставно не треба да има изговор да биде домаќинка. Повеќето сакаат да се домаќинки и откако детето ќе пркне, оти се научени во удобноста која мажот им ја креира. Муабетот ми е, се преземаат мерки навремено, колку што се може. Колку жени-толку приказни, ама апсолутно маж не гледа исто на независна и зависна жена.
За мажите достигнување, за жените ако спиеле со неколку - ороспии. 2027 сме скоро и многу мажи вака мислат. Никој не шејма мажи што имале повеќе партнерки. Кога ќе видиш, жените ги осудуваат кои имале партнери мажи, и мажите кои имаат мажи партнери. Заклучок: спиењето со мажи е срамно и проблем. Нас жените многу ни го имаат расипано мозокот со романтични филмови и happily ever after. Секако тука големо влијание има и семејството и околината каде што си растела. Ама не е случајно толку често што жени пробуваат да спасат врска, мислат ќе го сменат, ќе трпат навреди и ако му покажуваат доволно љубов ќе сфати и ќе се сожали. И јас некогаш бев таква, 7 години "искуство" вкупно зад мене имам во врски кои се обидував да ги спасам голем дел од времето. Не бев доволно добра никогаш, наводно, но потоа сфатив дека проблемот не е до мене, јас бев и повеќе од добра но на погрешното место. Сега знам, откако се изгорев. Но тие што идите за совети пробувајќи да поправите нешто што веќе е расипано, а и тие кои не сте се изгореле досега во љубов, учете на туѓи грешки и чувајте си ја психата, за да не мора да врвите низ процес на закрепнување. Hot take ама најголем дел од врските и браковите не се тоа што треба да бидат. Многу луѓе седат без љубов, трпат работи кои не се за трпење, се жртвуваат за децата, се во врска/брак ради општеството и се осеќаат осамени. Гледајте да направите нешто во животот што ќе ве исполнува а не зависи од наоѓање партнер, тоа е. И јас сакам некој, вистинска љубов и сѐ тоа, само свесна сум дека она што го барам (и нудам) е ретко.
Еве јас на последниот не му ни дадов....дури сам беше со став не сакам да те "испрљам"...па ипак го снема, а сам ме побара и сам ветуваше..а сме имале мн убав муабет и разбирање и хемија и све...никогаш нема правило...
Тоа значи дека немал искрени намери. Не гледал иднина, ама не сакал да има грижа на совест дека земал нешто. А, може и кукавичлук. Како и да е, си се спасила.
Covekot dojde kaj mene doma I se zapozna so moite..me zapozna I so negovi mn bliski osobi a sepak nemase nisto, a imav mn vnimanie I pocit I sepak iscezna zaso znam deka imase pritisok I ne izglea ne bese spremen...sakam da kazam ima sekakvi kombinacii..
По мое мислење, мислам дека ќе се врати. По ова што го пишуваш. Ама кукавица. Општо некој што исчезнува без причина, кукавица.
Дали некогаш сте почувствувале удар во стомакот кога разговарате со некого? Мене тоа ми е знак дека со таа личност не си одговараме. Или барем не е за мене.
Јас во стомак пеперутки осеќам само Кога некој не ми одговара имам некое чудно чувство, некоја празнина и немир истовремено и не можам никако да се опуштам
Не дрдорете многу на темава, за некој/а што ќе ви се допадне вистински сите ваши правила ќе си ги погазите