Хипотетички бре смирено Само сметам дека ако најдам некој што ми се вистински допаѓа, ќе ми се допаѓа вистински баш заради тоа што нема да има потреба да кршам свои правила
На прв муабет можеби нема да најдете средина, не се колебај поради тоа продолжи до некое време кога конечно ќе увидиш дали ти одговара или не
Здраво девојки, имам голем проблем па решив да направам профил, да ви се придружам и да споделам со вас. Со дечко ми сум во врска повеќе време, живееме заедно. Овој период почна секој ден константно за било што и за било каква ситница да се расправа со мене. Ако е тој за нешто нервозен, јас трпам викања, стресови, ако нешто мала ситница погрешам, вика, урла на цел глас, фацата не можел да ми ја гледа, не сум имала почит кон него, ќе ја барал почитта на друго место, да си одам од каде што сум дошла, сè со такви зборови, што ќе му дојде пред очи тука ке фати со тупаница ќе искрши и секоја кавга истото. Не сум совршена и јас сум човек, грешам, ама не правам грешки кои се фатални за нашата врска. Тој вика по мене дури и за ситници, ако нешто ненамерно падне и ми се истури, буквално за такви ситници. На почеток не беше до толку, има специфичен карактер, ама не беше воопшто до овој степен. Со тек на време полека полека стана ваков, до тоа ниво да јас секој ден имам тахикардии, да внимавам на секој мој збор што ќе го изговорам да не ми се развика, да внимавам да не нешто заборавам, ќе ми вика, да внимавам буквално на сe. Можам да кажам дека 24/7 се залагам повеќе да му угодам него отколку на себе. Сите желби му се исполнети од моја страна, сe што сака, ако купувам нешто гледам повеќе за него отколку за мене, сепак нели затоа што го сакам и ми е битен. Можеби и јас правам грешка што се вложувам толку многу. Секој втор ден е лут нешто и се кара со мене и излегува од дома, не сака да разговара да се реши еднаш проблемот, цело време јас се правам да биде како што треба, пазам, внимавам, пак сум игнорирана, пак исто. Навистина сакам некој добронамерен совет да слушнам од вас, искрено не знам што да правам. Јас не му правам апсолутно ништо на овој човек лошо за ова да го трпам. Прво дојди да живееме заедно, па сега оди си на секоја кавга. Мигрени почнаа да ме фаќаат, лошо ми е премногу...
Мене ми е премногу жал ова што ти се случува и мое мислење е да трчаш од таму и да се спасиш што е можно побргу.
Никој не е должен да трпи тешки карактери и нервози затоа што некој друг ги изнервирал. Стави граници уште на старт и не дозволувај такво понашање. Мене вака кога ми се понашаат директно им кажувам колку е лошо и дека не заслужувам јас такво понашање, и нема да толерирам. На никој нејќам да сум вреќа за боксирање. Кој држи лутина нека оди, нека трча, скока, што сака нека прави да ја извади негативната енергија, нема што на мене да ја вади.
Ми личи дека друга си има човеков фатено, ама секако е небитно тоа, ти фати си го патот со време од таму. Ај запрашај се зошто си со него, што добиваш ти од него освен стресови и нервози? Тоа место треба тебе да ти биде дом кај што ќе имаш мир, спокој, љубов, а ти што имаш? Тури му пепелот и бегај, може само полошо да биде и да почнат тупаниците накај тебе да летаат.
@Una145 денес ќе скрши нешто, утре тебе ќе те крши од ќотек. Бегај додека не си уште една од црна хроника на такви насилници. Почни да си гледаш за себе, а најдобар пример за тоа е да си заминеш.
Е вака почнуваат насилствата што ги гледаме од претепани девојки. Утре може од нервоза и ќе те удри. Откачи го што е можно побрзо. Не заслужуваш да си со таков деген.
Дали и порано беше таков? Делува како да се има изладено од тебе дека не те сака повеќе..и затоа за секоја ситница ти наоѓа замерка, не му смета ништо уствари е презаситен од тебе. Или има друга. Седни разговарај со него како да го решите проблемот, во спротивно замини си. Никако не толерирај вакво понашање, еден ден и рака ќе крене на тебе.
Ајааа не си нормална што го трпиш тоа, каков совет очекуваш? Кога гледаш дека е таков плус те брка не знам што чекаш. Боксови лупал по зидови што чекаш следно тебе да те лупне? Тоа е мојот совет иако имам чуство дека си 50ти профил веќе на рајт што е опседната со форумов и сигурна сум дека по цели денови демнее тука
Здраво девојки, иам 34 години и со дечко ми сме петнаесет години заедно, само имаме ете така мали проблеми па да ме посоветувате дали сум во право. Конкретно ми смета што се пука у вена, ме изгуби на коцка али среќа тој другиот не сакал плавуши и понекогаш ми мава заушки коа ќе изгуби неговиот омилен третолигашки африкански тим. Ама па не ми се раскинува, оти не врзуваат убави моменти како тоа дека тој ми ја расцвета прв пупката росна бела и еднаш ме однесе спонтано на викенд у Грчка директ од службен пат во Гевгелија, иако сомнително ми беше не работеше тогаш официјално. Хелп плс.