Со дечко и си изградила врска и како што прочитав повеќе време биле заедно а овој дечкото како што го опиша нестабилен го сватив.Јас мислам дека треба да го одалечи од неа и да си се посвети на дечко и.Ете и ти самата кажуваш поминал многу девојки и сега неламо која па ајде твојата другарка била вистинската.Не мора да значи,можеби ја сака но е сето тоа ризик голем.Се е на твојата другарка.Но тешко е ако и ја расипа врската и на крај остане и без едниот и без другиот,зошто голема е веројатноста така да се случи.
Сосем се согласувам со тебе. Е сега, тој е малку постар и прилично е сериозен, со сериозни намери, и и рекол ќе се борам до крај. Ете сфатил дека она била вистинската. Инаку не бил дечко што седи на две столици, туку само сакал "поатрактивни", послободни женски, но не ја нашол таму среќата... фала за мислењето ќе видиме, уште се советуваме за вистинската одлука, се само за нејзино добро.
што би нааправиле доколку дечкото пред други ве навреди, односно доколку и тие слушнат? Не знам како да изреагирам, не се случило, но целам на крај.
Па зависи зашто дошло до тоа, дали ти си го испровоцирала и со тоа претходно навредила пред нив, дали друг пат му се случило, дали ти се извинил итн.
Без разлика што се случило и дали девојката го испровоцирала или не тој никако нема право да ја навредува и јавно понижува.Зарем сакаш некој тебе тоа да ти го направи?
најубаво е да позборувате кога ке бидете со ладни глави, вака само може да направите нешто за кое ке жалите. не го оправдувам само на секој би можело такво нешто да му се деси
А ако ти претходно јавно го навредиш и со тоа испровоцираш, што очекуваш он да направи?!Многу убаво го поставив прашањето, не ми го извртувај мислењето.
Значи јас барем не би поминала преку тоа . Е сега дали бил пијан или не е за мене не е ама баш НИКАКОВ изговор . Што трезниот мисли пијаниот кажува. Педерска работа недостаток на почитување . Во стол на џентламен требал да почека или да те тргне настрана да ти каже кај си ја утнала . А тоа навредување на тебе само докажува колку е мизерен типот и со тоа што ќе те спушти си го јача егото . Алкохолот нема врска со ова . Ако нема почитување нема ништо . Ако продолжип со него си на ризик ако баш се решиш врти му 3дупло на ист начин .
Се заљубив другар на брат ми Значи вака : Се почна еден ден кога се враќав од школо.Ја испратив другарка ми и си продолжив сама.На клупата блиску до зградата на другарка ми седеше тој со другари и ме изгледа од горе до доле ( и јас него ).Наредниот ден се случи истото и сега кога и да се сретнеме се гледаме.Проблемот е што е поголем од мене 5 години а,ако му кажам на брат ми нема да ми помогне ништо во врска со него.Го имам на фб но немам храброст да му пишам.Ве молам помогнете ми
^^ Мона Лиза, и те како има девојки кои заслужуваат и да ги навредуваш,и тепаш и се. Фирлес,ова ништо лично за тебе,општо зборувам. И како што ти кажа Дипблу,со ладни глави разговарајте,човек што кажува нешто уз нервоза или пијан,немој да си земаш многу при срце. И одма да му раскинуваш? Чекај малку.. Ти најубаво знаеш дали вреди за тоа што ти го кажал да му раскинеш,но јас мислам да почекаш да се смират страстите,па после. Поздрав.
Јас не би простила јавно навредување и понижување па уште и пред друштво Друго е да се расправаш со некој дома сама и да си кажете милион глупости. Ама ако можеш ти да се конторлираш и да не му изнакажеш се што ти иде на памет во таков момент ќе може и тој. + не ни ти се извинува, да не очекува ти да му се извиниш? Не оправдувам дури и да бил господинот испрвоциран, расправиите и навредите може да си ги зачувал за кога ќе бидете на сама. И тоа што бил под дејство на алкохол не го оправдува за таа постапка. Јас не би простила. Воопшто и не би разговарала со него. Ако не се почитуваш сама немој да очекуваш дека тој ќе те почитува, сега па и во иднина. Не е единствен, има дечковци што се би дале да имаат девојка како тебе и да ја опсипуваат со внимание и убави зборови.
Мимс,многу си во право за се,посебно за болдираниот дел,но јас сум видела такво непонашање од страна на девојче со дечко,абе не да ја навредиш,да ја искршиш од ќотек и око да не ти трепне. И јас сум многу против ова,во право си дека ако сама не се почитува нема никој,но ако таа некоја му се качувала на нерви,му ги тестирала истите а тој преку се поминувал,па секако дека еден ден ќе му пукне филмот. Е сега,многу лошо од него што не се исконтролирал и не покажал зрелост за тоа да не се истури врз неа на сред кафиќ или било каде во јавност. ..
ве молам за помош на сите овде и ви сум благодарна однапред. имаВ дечко сккоро 3години и премнг го сакам. денес да ми раскина. причина премнг го гушев ако не ми кренеше лелеее одма ќе му звонев цела ноок тој ке се изнервираше и воопшто немаше да дигне тел. и секогаш истата приказна ме молеше да се контролирам бидејки тој во оваа врска гледал трајна врска да не брзам и да не му звонам по 50 пати на ден. и се случи ова. сношти му се јавив и некако неубо ми зборуваше бил нервозен и ми вика ај те молам навистина не ми се збори ке дојдам сабајле да те видам чао. и јас се наткренав да му звонам пак тој ми искл јас пак и нз колку пати ни сама му звонав и тој не ми крена. и сега се видовме и ми рече дека е крај дека не гледал идинна и дека немал мир ни разбирање со мене ама ке размислел уште еднаш сигурно за поубаво ама стои на тоа дека е готово вика има еден начин дали ке завршиме убаво или лошо. сега се е врз мене се ми се руши.толку го сакам а го изгубив единствено по моја вина и тоа ме убива. ми треба сила да не го побарам јас само тоа барем.тешко ми е бидејки во него гледав скоро се,тој беше вистински пр за карактер, разбирање, нежност ама се ако му возвратиш. ве молам за совет очајна сум. што да правам
^ Си требало тогаш кога он ти кажал -да се контролираш.Си му создавала огромен притисок и си го гушела.На тој начин си му искажала и недоверба ,после 3 години заедно,зар не си стекнала некаква доверба? Тој ти кажал со убаво,што му смета.А ти пак по старо.Искрено,ни јас не би била во врска во која некој би ме гушел.Да ми звони дечко ми по 100 пати,да ме контролира и незнам што,и јас би раскинала.Никој не сака таква врска,батали дека машките сакаат повеќе слобода па не сакаат да ги гушиш.И јас сум девојче и би одбила и прекинала таква врска.Сум имала еднаш,и знам како е грозно чувството,никогаш повеќе. Сега треба да оставиш на времето.Може уште те сака,не знам,ама ете ја знаеш причината.Ова нека ти биде ГОЛЕМА лекција Да не те карам знам дека ти е тешко,но мораш да научиш дека не бива така.Ако му звониш,тој уште еднаш ќе ја потврди причината ради која ти раскинал.Ќе си рече-Ете ја ,пак напнува Остави простор.Нека помине недела,две.Потоа можеш да му пишеш смс во смисла како-си размислувала изминативе денови,си ја сфатила грешката,да ти даде уште една шанса,да му докажеш дека си подготвена да се смениш........Ова направи го ако навистина си решена да се смениш,во спротивно пак не би функционирало.
Скрим1 јас мислам воопшто да не го бараш , не од инат или од гордост или незнам шо . Вие баш ради тие чести јавувања и барања сте раскинале , нели ? Ти рекол дека ќе размисли , ако се реши да ти даде уште една шанса ќе те побара, ако не нема . Тој сигурно нема вечер или утре да те побара ако се реши да пробате уште еднаш . Ти гледај за тоа време дур не сте заедно да се средиш и убаво да размислиш дали можеш да се одвикнеш од тоа што му смета .
^^^ Ова твое однесување мене ме упатува само на една голема недоверба кон него од твоја страна...значи ако ти кажал дека е нервозен и не му се прави муабет значи има сериозна причина за тоа и не гледам зашто би му ѕвонела ти по 100 пати...во една врска пред се треба да има доверба и разбирање а љубовта е релативна работа...мислам дека треба да размислиш за твојте постапки и да побараш од него уште една шанса, нели секој заслужува втора шанса...а доколку неможеш да веруваш во неговите зборови и во тоа што ти кажала тогаш зашто би била со него, за да се оптеретуваш секојдневно каде е и со кого, или??
Ништо да не правиш. Извини вака, ама остави го човекот да одмори малку од тебе.Убаво ти рекол дека не е расположен за муабет, зашто си навалувала? Ако сака ќе ти се јави сам, не му врши притисок.
Знаеш,ти барем знаеш каде е проблемот. Во тебе. Кога знаеш каде е проблемот можеш да направиш нешто во врска со тоа. Зошто не си престанала со ѕвонењето? Затоа што ти рекол дека во тебе ја гледа иднината? Не си земај се толку здраво за готово. Си му се качила на глава. Се гледа дека е на место,чим три години те толерирал и тебе и твојата психа. Јас неможам да ги разберам тие што нон стоп сакаат да знаат каде е дечко им. Мислам дека тие особи си имаат проблеми со себеси како прво,ми делуваат како несигурни во себе и се фаќаат ко слепи за стап за дечко им да не им избега затоа што тие без него се никој и ништо. Немој така. Остави сега,нека помине некое време,малку ти да се смириш,малку тој. Да сум на твое место,ако стварно го сакаш и стварно мислиш дека тој е баш дечко на место,поправи се. Не видов колку години си,но ако си плус 18,апсолутно ти препорачувам да ја искорениш оваа грда навика,затоа што еден веќе изгуби. Сигурно сакаш и уште еден или неколку после овој да ги изгубиш? Вети си прво на себеси,а после и на него дека ќе се поправиш. Ќе почниш со едно,две слушања најмногу дневно. Ако веќе неможеш сама да се исконтролираш,нека има секогаш околу тебе некој. Или ѕвони му секогаш кога си во јавност. Во јавност ќе се контролираш,нема фала богу на сред центар да му се дереш и расправаш по телефон,ќе му кажеш ќе правиме после муабет,а ти до после веќе ќе си смирена... Поздрав,се надевам помогнав.