Tи него го знаеш најдобро, по 2 години врска.. што значи дека навистина има нешто што те тера да се подзамислиш.. Да, секој има право на приватност, но некој толку да избувнува уште пред да му го допреш мобилниот а да сте заедно 2 години и претходно сосема различно да се однесувал.. и јас би се посомневала! Направи најпрво муабет со него и види што и како ќе ти каже.. комуникацијата е најбитна..
Па тогаш испитај ја работата. Не може без причина да е таков.. Ние не можеме да кажеме дали те изневерува или не, ти си го знаеш најубаво и сама треба да дознаеш што е проблемот. Со среќа
смрди работата смрди секое чудно и невообичаено понашање има своја причина да знајш значи неможи да се понаша така без причина испитаја работата со првото негово невнимание земи му го телефонот и провериго сите велат во врска од 2 години 3 треба да се има потполна доверба за жал не е така ретки се тие во кој можеш да имаш потполна доверба така е денес...
kako ponatamu!!! ne znam od kaj da pocnam,tonam ,stotuku zavrsi mojata 8 godisna vrska.Cuvstvata sto gi imam se strasni, groznii i samata ne mozam da se prepoznaam, neznam ni kako ni sto ponatamu .Neznam kako da se pomiram so faktot deka nema da sme poveke zaedno SO TOA DEKA SUM SAMA nemam ni so koj da se druzam toj mi bese se. Mislam deka go minam naj golemijot haus vo mojo zivot izlez nemam SAMODOVERBA - O Bev mnogo borbena licnost vo sekoe pole na zivoto (zatoa mislam deka bevme tolko vreme zaedno,toj ne napravi nisto za da ostaneme zaedno)no sega ne, ednostavno nemam sila .sveto mi se vrtese okolu nego se otkazav od se samo za nego porasnav so nego ,na posledniot razgovor(monolog) toj ne go trgna pogledo od televizorot tuka tama ke mi kazese deka sum ne podnosliva i krajnata recenica ..odi si i ne me zamari poveke ,ne mozam da go prepoznam posledniot mesec kako druga licnost da e ramnodusen,otsuten,laden ....tekstot moze da e malko banalen ke me izvinite ali toa
текстот воопшто не ти е банален, никој освен тебе не знае како ти е моментално. 8 години со некој си била за се да ти се сруши одеднаш. Но мораш да бидеш силна, подобро сега што се случило сето тоа, него подоцна. Дека си сама, не е така, сигурно имаш семејство кое ќе те поддржи да го пребродиш овој период, ако немаш пријатели со тек на време ќе ги стекнеш! Биди силна, времето лечи се
8 години е нешто. Со големо Н. Многу ми е жал што ти завршила врската,но јас забележав неколку работи во твојот пост на кои мислам дека треба прво сама да обрниш внимание. Немам ни со кој да се дружам тој ми беше се.. Прва грешка. Никогаш не дозволувај маж да ти стане се во животот. Никогаш не дозволувај само една личност да ти стане се во животот. Да,стави го на прво место,сепак сте биле 8 години заедно,но треба да направиш биланс. Не знам дали е така,но ако си ги оставила сите пријатели и уште поболно,ако си ги изгубила заради него,си направила огромна грешка. И не се согласувам со тоа што ти го кажала Пеперутка. Не се прават така нови пријатели. Не видов колку години си,но колку и да си,8 години е многу. И тие години се неповратен скапоцен период. Допрва да градиш нови односи,да создаваш пријателства,во вакво време е еднакво со тоа да се качи некој на сонцето. Невозможно. Можеби си очекувала прстен. Што е и нормално после таква врска. И тој те разочарал. Запрашај се дали е само во последниот месец неговото понашање вакво или тоа траело некое подолго време. И постот уопште не ти е банален,може да се нашите одговори банални со тоа што ќе ти кажиме издржи кога ти е најтешко,бла бла.. Тоа е невозможно. 8 години се премногу. Премногу спомени,премногу сеќавања,премногу од се. А тоа така да го заборавиш неможеш. Ако си стварно толку борбена како што велиш,значи го можеш ова. Ако тој не се потрудил ништо да направи за да се смирите,тогаш можеби само си барал друг начин да ти раскине затоа што веќе можеби вашата врска го гушела. Не знам,тука има премногу претпоставки,проблемот уопште не ти е лесен,само ти си знаеш како си... Она што јас би ти советувала е немој да си удараш на психа. Ти го можеп ова,можеш да излезеш од овие гомна и кога ќе излезеш ќе си кажеш сепак на себеси дека си една одлична личност,што чим ова го издржала се може друго да издржи. Сигурно има таму надвор уште многу мажи кои би убиле за да бидат со тебе. Ако овој за 8 години не открил какво прекрасно суштество има покрај себе,ќе има некој што ќе го свати тоа за многу помалку. Со среќа. Поздрав.
Многу ми е жал што завршила врската. Само очигледно е дека не одело. И јас испаднав од 9 годишна врска. И еве ме, жива, здрава, без дечко ама среќна. Никогаш не се знае што те чека зад аголот. Н се разочарувај, на крајот, тој е само маж. Има и други мажи. Ехеееееееее, колку само има.
Дај кажете како да го одбијам еден дечко не сакам ништо со него, а мил е, неќам да му речам нешто као "мавни ми се таму не напинај" Многу е упорен ама јас стварно ништо неќам со него.Сакам пак да бидиме во контакт а да го „корпосам“ Има начин?
Најдобар начин е да му ја кажеш вистината.Нема потреба од гугу мугу.Да си биде на чисто треба. Почекај други совети ама сигурна сум дека треба да бидеш отворена кон него.
Кажи му ја онаа стандардната реченица: Не е до тебе, до мене е Кажи му дека не сакаш врска моментално со никого
Прво ви благодарам за подрската.Фактот со не сме заедно морам да си го прифатам и тоа сто побрзо(теско оди се работи за много години фрлени во вода)и не сум голем негативец. Но тој сто е бил во толко долга врска знае дека имало е и много убави работи. Што сега ми стојат на патот за да го забравам лесно.само се питам како ке биде понатаму. И да не одесе, не мозесе повеке да се продолже,недовербата,рамнодусноста си го направија своето.Додека траесе фазата на разделуванје сакав да сме заедно и правев се за да биде така но за танго треба двајца.Сега ја обиколувам ситуацијата и се повеке согледувам дека и на убавините со сме ги имале пак е фалило несто.Не го обвинувам за се него и јас не сум цветце но...тоа е А за мажи не се замарам.Ке ми треба време за да поцнам да размислувам за нив
незнам како да продолжам тешко ми е ;/ ме шмекал 1 месец а тоа е од кога заучивме јас 1-ва година тој има врска од 3 месеци и женскава е стварно опната и нејќам проблеми се распрашувал за мене,линк на фб барал и другарка ми му дала и дечково ме адд,пишуваме и отвори тема за љубовта јас сингл тој во врска ама од инает од некои работи кои ги знаеле само другарите.предлагаше да излезиме на некој час да си позборуваме и тоа се случи во четвртокот,отидовме насамо на клупа седиме зборна два-три збора за женскаму и едноставно кажано ме залапа.се беше океј ама неговата женска има разбрано ама ништо не вели.У живо ми вели кога се мувавме еј знаеш што?и јас незнам.. тој те сакам,многу те сакам и јас му велам те сакам,се беше океј додека на фб не се испокаравме за неговата женска -.-' и од тогаш тргна наопаку ми праќаше пораки за добра ноќ исто и јас него и многу ми е убаво ко ќе го видам,ќе ме баци на образ,ќе ме гушни на школо. незнам како ќе продолжам без него.Кога ќе го прашам што ќе правиш со мене?!ми вика кога ќе бидам слободен ќе правиме муабет ии ако сакате помогнете (
Чим ти вика ќе правиме муабет кога ќе бидам слободен може му поминал меракот. Инаку мој совет е да го откачиш , па ако раскине со женската ако сакаш пробај пак со него. Не ти советувам да правиш нешто со него дур е во врска
Вака се гледаме можеби 6 месеци горе доле, пред 2 години имавме врска, па после некое време повторно бевме заедно , да кажам моја доживотна љубов, со кого и да одам му се враќам нему. Се расправаме , се караме, тој е многу љубоморен бидејки јас имам многу додворувачи, и секогаш заради мене се караме јас сум таа што им враќа на фб, што ми ѕвонат "другарчиња"... За да ја исправам последната грешка што ја направив го деактивирав фбкот (грешката беше . еден мој другар ми прати порака да излезам нарвод од кафулето , јас не ја видов пораката и заборавив да ја избришам...). Сега меѓу нас е ок до некаде, значи треба време да се смири, но ме плаши помислата ддека и он ке направи нешто ќе отиде со некоја за да ми врати на моето однесување... ми треба ваше мислење, дали да продолжам со него, ме плаши тоа ако се разделиме и јас отиддам со друг ќе посакам пак да му се вратам, а секогаш јас сум била иницатор за смирување и се....
Па незнам што се замараш со тоа ''ако се разделиме'', до толку ли ви е врската нестабилна да цело време се разделувате, смирувате? Ако знаеш дека ќе се разделите, немаш потреба да бидеш со него колку и да го сакаш, бидејќи секогаш ќе ти биде тоа во глава-ќе се разделиме, ќе бидам со друг, па ќе го барам пак назад. Мое мислење или прекинте сега или па почнете да бидете озбилни, кажи им на сите машки имаш дечко да не те замараат бидејќи само така ти прават проблеми, а и збори со него да не биде толку љубоморен, да ти верува.
Треба сама да одлучиш.. Или заборави ги оние `додворувачи` и дај им до знаење на сите дека имаш ДЕЧКО, и преќини со тие глупости иди ми дојди ми со дечко ти. Заедно сте повеќе време и време е мислам да си ја стабилизирате врската. Или па ако мислеш дека нема да успеете во врската, заборави го него. Сепак мислам дека вреди да се проба, за проба пари не се зима.
Да те сакал тебе, како што ти кажувал, немаше уште да биде со ТАА девојка. Замисли сега ти да одеш со него или со некој друг и некоја да ти се замеша на тебе во врската. Кажи му или да ја остави или ти ќе го оставиш него, па не е единствен на овој свет. Можеби таму надвор има некој на кој ќе си му ЕДИНСТВЕНА и нема да мораш да го делиш со друга.
Како да разберам што сака тој од мене? Како да сфатам што сака од мене??Постојано ми пишува на фб,на мсн ова она,но никогаш сериозен муабет а мн.ми се допаѓа ^^Ми вели дека сум убава,но имаме разлика во години...Но,како и да е,не можам да го сфатам неговото однесување.Помагајте!