А колку време ти пишува на фб? Можеби сака нешто со тебе но срам му е да ти каже. Или можеби го прави тоа за забава. Ако можеш повеќе детали да напишеш.
Треба да кажеш повеќе, со ова неможеме да ти помогнеме, бар јас неможам. Ако не кажи му диркетно што сакаш со мене, што планираш или нешто слично за да дознаеш тоа што сакаш, ако си директна личност реши си, се Ч). Ако не чекај, види што ќе ти донесе времето
Da jas imam vrska od 3 godini mojata devojka e kako tebe uste leta za nekoi raboti, ali cim si sigurna deka te saka deka ti e srcka i se pozitivno ne go krsi toa nevino srce zosto od loso ima i mnogu poloso. [mod-kirilica:2qzxe9xj][/mod-kirilica:2qzxe9xj]
lugje mn mi e los zivotov mn sum debela imam 80 kila na 170 ,ne me saka nikoj premn sum zaljubena vo eden a toj se zaebava so mene ,nz soda praam prepuna sum kompleksi i samo placam ve molam pomos
Постојано го читам форумчево, но некако како да ме мрзи да активирам прсти и разум за да пишувам. Но... на вакви постови човек едноставно мора да даде се од себе, да влозува труд, да бара зборови...помош...решенија... Еве драга моја јас ке се потрудам да те посоветувам и тоа прва Пушти телевизија постојано има вести на кои за жал само некои трагедии соопштуваат...како луге гладуваат,се мачат, умираат, едноставно страдаат. И сега ти тука се залиш бидејки имас 80 кг, а не 61. епа драга моја намали со лебче, чипшче,кока количе, хамбургерце...активирај го газето на кеј...поти се секој ден по малку и опппп ете ја твојата посакувана тежина. Тој што се заебава со тебе тури му крст бре.Кој е тој некој си фраер таму да се заебава со тебе.Претпоставувам дека си далеки од глупа и грда така да се договоривме крстот и чао чао. А сега облакај фармерче јакниче патиче или чижмиче зависи од фармерцињата, монтирај една гооолема насмевка на лице и трк на кафе со некоја другарка,братучедка,колешка...
Душичке..јас го немам овој проблем ..но познавам луѓе и подебели од тебе па уопште немаат комплекси.. Прво. биди посамоуверена и не запаѓај во депресија, Второ. Тој куртонот шо те зеза батали го, ии Трето. Пробај значи пробај да ослабеш .. не многу одеднаш али.. иди на фитнес-теретана.. помалце јади.. не вечерај касно.. и ако успееш да се преобразиш..ее тогаш ќе види тој шо те зезал! Само потруди се ..Се се може коа се сака..
па вака ми пичи година и пол постојано ме несто фали некој ден ме зеза па почнува да оди накај "oној муабет" за љубов нешто ова она,но мене се ми некако изгледа несериозно.КОј да го знае што мисли...А јас сум смртно заљубена во него A никогаш ме нема повикано да излезиме :/
Па ти си само платонски заљубена во него,во неговата појава,во неговото пишување.Ти никогаш не си го сретнала.Види пробај нешто да го натераш да се видите па тогаш размисли што да правиш.
Aбе срцка го имам сретнувано многу пати.А јасно ми е дека мојата љубов е платонска.Имаме правено муабет ...
луге имав врска скоро 7 год и сега се распадна од прицини кои сеусте не ми се јасни малку сум изгубен сто понатаму
Има многу врски кои што се распаднуваат после долго време .. како не ја знаеш причината за што раскина? од чиста мира ? За се мора и треба да има причина.. Што понатаму? Еден добар муабет не би ти бил на одмет..доколку ништо не би се сменило после тоа глава горе, идеш даље.. не викам дека е лесно туку така да се заборават тие 7 години поминати заедно, но ако некој така одлучил неможеш со сила да го натераш на нешто.. како викааат со сила убавина не бидува.. Никој не е незаменлив
Па тогаш биди ти похрабра, штом тој е таква кукавица и направи го првиот чекор. Па ако не сака да биде со тебе, чао пријатно, ако сака супер. Kaко може да не ти се јасни принципите? Зарем таа не ти кажа, кога ти раскина, што е причината? Како може да се раскине, онака без причина? Не знам, не ми е јасно баш. Прво прашај ја, ако не ја знаеш причината, нека ти објасни па кажи ни на нас овде да ти дадеме подобри совети. Вака ништо не можеме да ти кажеме. Барем јас.
Нормално е да бидеш изгубен и збунет, сепак 7 години не се малце. Прво ако не ти е јасно зошто сте раскинале, најдобро е да поразговарате со девојката и да расчистите. Доколку е дефинитивно крај, тогаш гледај што побргу да се помириш со фактот. Без секого се може, секако дека ќе биде тешко на почеток плус на нас од страна многу ни е лесно да збориме, а друго е кога ќе го почувствуваш на своја кожа, но што побргу ја прифатиш реалноста и расчистиш со самиот себе дека нема враќање, толку подобро.
Феминки ве молам за помош. Ќе полудам овие 2 дена! Треба во четврток (наредниот) да направиме со дечко ми 2 години, а мене врската ми се распаѓа. Не знам дали е тоа само во мојата имагинација или навистина е така. Пред 2 недели пишав со истиот проблем, но тогаш една недела се подобри ситуацијата, а сега е ПОЛОШО. Не сака да се гледа со мене. Постојано има некои изговори. Некна гледаше филм со брат му, вчера беше на именден и слични такви болшитс. Јас синоќе му пишав порака му кажав се што си мислев и потоа му пуштив сигнал да ми се јави, и тој ми се јавува ми вели: Што сакаш? ААА?? И оттогаш ми се нема јавено. Што да правам? Да пробам да си ја спасам врската или да оставам се да пропадне ?!
или веќе е пропадната. Две годишна врска а таков однос од негова страна е еднакво на пропаст. Врска може да се спаси само во ситуација кога двајцата гледаат дека нешто не е во ред, како возрасни седнуваат и го решаваат проблемот и со заеднички договор продолжуваат понатаму заедно. Што ќе спасиш кога немаш соработка, така само му се наметнуваш. Дечкото очигледно има проблем за кој не сака да разговара или пак едноставно доволно му е до врската. Единствено што можам да те советувам е да не бидеш нападна и да не му досадуваш пиши му смс со текс кога и каде да се најдете и да разговарате за она што се случува. Меѓутоа биде личност и биди озбилна. Зацртај си одредени теми за кој сакаш да го прашаш и да разговараш, притоа не цуцишбуци кога ќе се видите и гуш муш туку разговор и решавање на постоечкиот проблем па ако сметаш дека си го решила ондак после лигавење а ако не си стануваш културно од маса тоа е тоа се поздравуваш и секој со своја среќа. Доколку не преземеш ништо само ќе се нервираш аа тој си ужива
Моја идеја...Викни го да одите некаде каде што ќе бидете сами и ќе можите да разговарате......отвори ги сите карти пред него и кажи му дека не можи да се однесува така ако има нешто да ти кажи нека ти кажи или причината зашто е однесува така кон тебе.........друго незнам шо да ти речам.........среќно......
Многу пати сум го правела тоа, но никогаш не сум кажувала се што сакам да му кажам. Кога сум дома имам толку многу работи на ум што сакам да му кажам, а кога го видам останам ваква .. Но вечер ќе го викнам ќе му кажам стварно се ШТО САКАМ, па нека крши глава. Благодарам на советите.
Прашај го отворено што е проблемот и зошто така се однесува. Спомни му дека си свесна за тоа и дека ако сака да раскине подобро нека ти каже отколку вака да те измачува. Тука имаш два правци после разговорот- или ќе раскинете или ќе ти каже дека има некаков проблем што го мачи па не сака да те оптеретува тебе со тоа, па затоа го нема. Само, дали си ти спремна за таков разговор, или повеќе сакаш да се надеваш дека се ќе се среди на годишнината? Прво расчисти си со самата себе .
заедно сте биле 2 години мислам дек атреба да му даеш уште една шанса,да разговарате,ама овај пат кази се со мислиш,а штом тој ти се јавил одма кога си пустила сигнал знаци сепак и него не му е сеедно
Нема потреба да го моли него за да разговараат.Таа веке си го направила своето.Му кажала што има а сега тој е на ред да превземе во свои раце доколку сака а по однесувањето гледам дека му е сеедно.Дај боже да грешам ама интуицијата ме води кон тоа. Дај му време,ден два,да размисли,да сфати што сака и дали ке те побара,во спротивно ништо.